свет
Бренсон: Заедно со Маск и Безос може да понудиме неверојатни вселенски доживувања
објавено
на
автор:
Редакција Капитал
Сопственикот на Virgin Galactic Ричард Бренсон смета дека неговата компанија кога би ги здружила напорите со Blue Origin на Џеф Безос и SpaseX на Илон Маск, би понудиле невидени нешта во сферата на комперцијалниот вселенски туризам.
Милијардерот и сопственик на Вирџин групацијата Сер Ричард Бренсон деновиве е прилично возбуден околу работите што се случуваат во неговата компанија Вирџин Галактик (Virgin Galactic), фокусирана на развој на комерцијални вселенски летови.
„Како да не бидам“, вели тој за Јаху Фајненс (Yahoo Finance), „ни требаа 16 години да дојдеме до оваа фаза. Нашиот следен тест лет е планиран околу Св. Валентајн, потоа ќе има уште еден пробен лет, и потоа се надевам дека и јас самиот ќе се качам во леталото. Па така, лично сум многу возбуден и мислам дека и сите останати што се планирани за лет во вселената се исто така екстремно возбудени бидејќи сме на прагот да ги исполниме нивните сништа“.
Бренсон ја основаше Вирџин Галактик во 2004 година со цел да се вивне самиот – а и тие што се спремни да платат за тоа доживување – во вселената. Компанијата ја изнесе на берза во 2019 година за да собере полесно капитал со којшто својот сон ќе го преточи во реалност. Пазарната вредност на Вирџин Галактик оттогаш се приближи кон 13 милијарди долари, носена од надежта на инвеститорите дека неуморниот Бренсон ќе успее во својата мисија.

Напорите на Бренсон сепак не чинеа малку. За првите девет месеци од 2020 година фирмата пријави загуба од 200 милиони долари. А Бренсон не е единствениот милијардер што гледа накај ѕвездите. Шефот на Тесла, Илон Маск, досега има забележителен успех во лансирањето на ракетите на неговата компанија СпејсИкс (SpaceX) во обид да стигне до Марс.
Во меѓувреме, и основачот и актуелен директор на Амазон (Amazon.com), Џеф Безос продолжува со активностите преку неговата компанија Блу Ориџин (Blue Origin) да се натпреварува за истата цел, комерцијални вселенски летови, односно индустријата за суборбитален вселенски туризам. Безос дури и ќе се повлече од местото извршен директор на Амазон за неколку месеци, за да се посвети повеќе на проектот Блу Ориџин, којшто моментално за волја на вистината некако заостанува, барем со публицитетот, зад Вирџин и СпејсИкс.
Бренсон смета дека конкуренцијата помеѓу тројцата бизнис титани може да донесе само добри нешта за сферата на вселенските комерцијални летови и истражувањето на вселената генерално.
„Ние имаме два, многу, многу големи конкуренти во Илон и Џеф, и тие обајцата прават нешто малку поразлично. Ако ги ставите овие три проекти во еден, мислам дека може да постигнеме нешто навистина неверојатно“, вели Бренсон.
Прочитај Уште...
A1 со нова понуда: 30 GB мобилен интернет за нов постпејд договор
Годината почнала со поголем извоз за 15,4% и увоз за 5,3%
„Џонсон Мети“ во Македонија доби нов директор
Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации
Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега
Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020



A1 со нова понуда: 30 GB мобилен интернет за нов постпејд договор

Годината почнала со поголем извоз за 15,4% и увоз за 5,3%

„Џонсон Мети“ во Македонија доби нов директор

Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации

Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега

Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020

Џулијан Васало: Одблизу ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

Стравот од инфлација им пресуди на акциите

Македонската економија на среден и долг рок (6)

Милан Димитриевски: Ја почнавме новата инвестициска програма

Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации

Ѓорги Самарџиев: Создадовме иновативно решение за многу поедноставна конструкција на кровни градини

Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега

Џулијан Васало: Одблизу ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

Се менува регулативата: полесен пристап до државна помош за нови инвестиции

Излегоа финансиските биланси: хотелските компании со приходи помали и за 90% лани

Милан Димитриевски: Ја почнавме новата инвестициска програма

Стив Кејс: Упорноста не е гаранција дека ќе успеете во нешто, но без неа, сигурно нема да успеете.

Не поставуваат прашања само оние што интервјуираат. Еве што можете и вие да го прашате вашиот потенцијален работодавец
