Connect with us

свет

Британски универзитет воведе предмет за свесност и будење на надежта

Борба против еко-анксиозноста

објавено

на

Поради фактот што голем број млади се чувствуваат напнато и вознемирено, особено поради климатските промени, и не гледаат надеж за иднина, универзитетот East Anglia ја лансираше програмата „Mindfulness and Active Hope“ (Свесност/будност и активна надеж).  Во текот на шест неделни сесии, студентите учат како со техниките на будност/свесност или „mindfulness“ да ги смират негативните мисли, да го свртат вниманието кон сопственото, внатрешно битие и да изградат рутина на грижа за себе.

Компанијата The Lancet  пред нешто повеќе од една година ги претстави поразителните резултати од истражувањето за емоционалната состојба на младите, особено во однос на таканаречената еко-анксиозност, односно стравот дека иднината едноставно не постои, бидејќи нема да ја има ниту планетава.

Во истражувањето учествувале 10.000 млади луѓе (од 16 до 25 години) од десет земји, а дури 45 отсто од нив изјавиле дека нивните чувства за климатските промени негативно влијаат на нивното секојдневие. Повеќето од нив имаат негативен став кон климатските промени, односно веруваат дека работите галопираат надолу, и дека има мала надеж за спас. Ваквите лоши резултати, објаснуваат истражувачите, се резултат на несоодветните владини политики, слаб одговор на растечките климатски предизвици што ги тераат младите да се чувствуваат разочарани.

Курсот се базира на меѓународниот бестселер на Џоан Мејси и Крис Џонстон „Активна надеж: Како да се соочиме со нередот во кој сме без да полудиме  (Active Hope: How to Face the Mess We‘re in without Going Crazy) “, во кој авторите презентираат методи на зајакнување во време на лична или макрокриза, кои се базираат за идеи од светот на митологијата, духовноста, холистичката наука и модерната психологија.

Бидејќи владејачките гарнитури  се фокусираа на други проблеми (ако воопшто решаваат некои) и глобалната ситуација не ветува ништо добро,  организациите како Универзитетот East Anglia решија да ги преземат работите во свои раце.

Во партнерство со организациите за ментално здравје Norfolk и Waveney Mind, универзитетот ја лансираше програмата „Mindfulness and Active Hope“ (Свесност/будност и активна надеж), единствениот курс од ваков вид во В. Британија и пошироко. Во текот на шест неделни сесии, студентите добиваат поддршка, учат вештини за справување со реалниот свет и како да се трансформира еко-анксиозноста во „активна надеж“. Техниките на будност/свесност или „mindfulness“ им помагаат да ги смират негативните мисли, да го свртат вниманието кон сопственото, внатрешно битие и да изградат рутина на грижа за себе.

Курсот се базира на меѓународниот бестселер на Џоан Мејси и Крис Џонстон „Активна надеж: Како да се соочиме со нередот во кој сме без да полудиме  (Active Hope: How to Face the Mess We‘re in without Going Crazy) “, во кој авторите презентираат методи на зајакнување во време на лична или макрокриза, кои се базираат за идеи од светот на митологијата, духовноста, холистичката наука и модерната психологија. Иако книгата е напишана пред точно десет години, таа е потребна сега повеќе од кога било и останува да се надеваме дека домашните организации (особено политичките) ќе го следат примерот на британскиот универзитет и ќе се посветат на младите, на чиј грб иднината навистина почива.

економија20 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор