Connect with us

свет

Британски хуманитарци бараат поголемо оданочување на најбогатите, додека во Давос се собира светската елита за економскиот форум

објавено

на

Оксфам тврди дека најбогатите 1%  на планетава заработиле нови 26 трилиони (илјади милијарди) долари од почетокот на пандемијата во март 2020 година, до крајот на 2021. Ова е 63% од новосоздадената вредност во светот, додека остатокот оди кај 99% од луѓето.

Речиси две третини од новата создадена вредност во светската економија од почетокот на пандемијата отишле во џебовите на најбогатите 1% луѓе на планетава, покажува новиот извештај на британската хуманитарна организација Оксфам преставен денеска.

Објавата на извештајот коинцидира со почетокот на Светскиот економски форум во Давос, каде што секоја година ова време се собира бизнис и политичката елита од светот за да дискутира за најгорливите проблеми на денешнината.

Оксфам тврди дека најбогатите 1%  на планетава заработиле нови 26 трилиони (илјади милијарди) долари од почетокот на пандемијата во март 2020 година, до крајот на 2021. Ова е 63% од новосоздадената вредност во светот, додека остатокот оди кај 99% од луѓето.

Хуманитарната организација истакнува дека за првпат во последниве 25 години порастот на богатството на ултра-богатите е придружено со зголемување и на екстремната сиромаштија. Оксфам повикува за нови поголеми даноци за најбогатите со цел да се намали нееднаквоста во светот.

Политиките воведени за борба против економските последици на пандемијата – како што се намалување на каматните стапки и процесите на креирање евтини пари – ја зголемиле вредноста на имотите и уделите во компаниите, коишто се поседувани од најбогатите луѓе.

Извештајот вели дека за секој еден долар од нова глобална вредност заработена од личност што припаѓа на 90% од светската популација што не е богата, секој милијардер заработил околу 1,7 милион долари. И покрај падот во богатството на светските милијардери во 2022 година, вкупното богатство на сите нив од почетокот на пандемијата растело за 2,7 милијарди долари на ден.

“Како може да прифатиме систем каде што најсиромашните во многу држави плаќаат даноси со повисоки стапки одошто ултра-богатите? Владите мора да воведат повисоки даночни стапки за најбогатите сега“, велат од Оксфам.

Оксфам вели  дека екстремните концентрации на богатство довеле  до послаб раст, корумпирани политика и медиуми, корозија на демократијата и довеле  до политичка поларизација. Ултра-богатите  се  клучни придонесувачи за климатската криза, додава добротворната организација, при што милијардер испушта милион пати повеќе јаглерод од просечниот човек. Тие, исто така, имале двојно поголема веројатност да инвестираат во индустрии што загадуваат, во споредба со просечниот инвеститор.

Извештајот ги повика владите да воведат итни еднократни давачки на богатството за најбогатите 1%, заедно со другите  даноци за да се запре профитерството за време на глобалната криза на трошоците за живот. Последователно, треба да има трајно зголемување на даноците на богатите, со повисоки стапки за мултимилионерите и милијардерите.

Како поддршка на својот повик за прераспределба на богатството, Оксфам истакнува:

-Прехранбените и енергетските компании го зголемиле  својот профит повеќе од двојно во 2022 година, исплаќајќи 257 милијарди долари на богатите акционери во време кога повеќе од 800 милиони луѓе се соочувале со глад.

-Само 4 центи од секој долар даночен приход доаѓа од даноци на богатство, а половина од светските милијардери живеат во земји каде што нема  данок на наследство за парите што им ги даваат на своите деца.

-Даночењето  до 5% на светските мултимилионери и милијардери може да собере 1,7 трилиони долари годишно, доволно за да се извлечат 2 милијарди луѓе од сиромаштија и да се финансира глобален план за ставање крај на гладот.

економија21 час ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор