менаџмент / маркетинг
Бр.1 пожелна особина што е многу ретка, особено кај мажите
Експерт за човечки ресурси од Харвард споделува

Луѓето кои сфаќаат како да соработуваат во тимови стекнуваат голема конкурентска предност.
Автор: Хајди Гарднер, Харвард универзитет
Кога младите ме прашуваат за кариерен совет, јас секогаш им велам: „Не се фокусирај само на сопствените достигнувања. Биди соработник“.
Низ една деценија настава и истражување на деловните и правните факултети на Харвард, открив важен и често занемарен момент: луѓето кои сфатија како да соработуваат во тимови стекнаа голема конкурентска предност во однос на оние кои не успеаја во тоа.
Кога станува збор за вработување, паметните соработници се многу посакувани кандидати. Тие обезбедуваат поквалитетни резултати, побрзо се унапредени, повеќе се забележани од повисокото раководство и имаат позадоволни клиенти.
Но, еве што најмногу ме шокираше: вештините за соработка се изненадувачки ретки, особено кај мажите.
Студијата на McKinsey од 2021 година покажа дека жените лидери, во споредба со мажите на исто ниво, имаат двојно поголема веројатност да потрошат значително време на соработка што не е во состав на нивната формална работа.
Како да се биде исклучителен соработник
Да се биде соработник не е лесно. Но, примарната цел е едноставна: здружување на луѓето за да ги решат проблемите и да научат нешто ново.
Еве како да се подобрите во тоа:
1. Бидете инклузивен лидер.
Без разлика дали сте водач на проектот или не, преземете чекори за да привлечете различни луѓе заедно.
Мајндсетот што секогаш го имам е: „Таа личност размислува поинаку од мене. Toj/таа знае нешто поинакво што јас не го знам, и можам многу да научам од него/неа“.
Овие луѓе не треба да имаат само различни домени на знаење. Тие исто така треба да претставуваат различни професионални средини, возрасти и животни искуства.
2. Покажете ценење и признание.
Револуционерна студија на професорот на бизнис школата на Харвард, Борис Гројсберг, покажа дека работниците, особено мажите, често ги земаат здраво за готово нивните професионални мрежи.
За време на интервјуата за работа, бидејќи не успеале да сфатат колкава поддршка всушност добивале од своите колеги, верувале дека се повеќе независни и отколку што всушност биле.
Овој менталитет „најпрво јас“ е причина за неангажирање менаџери. Дури и Клер Хјуз Џонсон, поранешен потпретседател на Google цели 10 години, вели дека бара самосвест и вештини за соработка „пред што било друго“.
3. Побарајте помош.
Ако сте задолжени да презентирате извештај за продажба секоја недела, но го правите тоа исклучиво сами, тоа би можело да сугерира да мислите дека вашето мислење е највредното.
Но, ако контактирате со експерти од различни оддели за нивен увид, вашите податоци најверојатно ќе бидат попривлечни.
Не заборавајте да ги споменете имињата на оние кои придонеле, како и нивната стручност. Ова ќе му даде на вашиот извештај поголем кредибилитет.
4. Crowdsource.
Дајте им на луѓето начин да учат без да мора да бидат дел од секој тим. Моето истражување покажа дека желбата за учење е чест двигател на доброволна посветеност.
Заедниците создадени преку Slack и слични алатки за комуникација се одличен начин за поттикнување виртуелни форми на соработка, споделување знаење и дистрибуција на знаење.