Connect with us

менаџмент / маркетинг

Важноста на синергијата на вработените за успех на компанијата

Тим билдинг

објавено

на

Тим билдинг активностите се совршен „изговор“ за да се прошета некаде каде што не сте биле, да истражите места кои не сте помислиле дека е вредно да се истражат или да направите нешто од општа корист за да ѝ вратите на заедницата. Преку нив се зајакнува тимскиот дух, се создава синергија, се зголемува мотивираноста на вработените.

Сè поважен дел од работната средина и компаниската култура се т.н. „тим билдинг (team building) активности“, чија цел е да се организираат забавни активности за вработените за тие да можат да се запознаат и да се поврзат надвор од работната средина. Накратко кажано, тим билдинзите се активности преку кои група на индивидуалци се претвора во тим.

Во последните години тим билдингот зазема различна форма: некогаш е еднодневен и фокусиран на физички активности, а некогаш е повеќедневен и испланиран околу релаксација и одмор. Тим билдинг активностите се совршен „изговор“ за да се прошета некаде каде што не сте биле, да истражите места кои не сте помислиле дека е вредно да се истражат или да направите нешто од општа корист за да ѝ вратите на заедницата. Преку нив се зајакнува тимскиот дух, се создава синергија, се зголемува мотивираноста на вработените.

Победата не е најважното нешто

Сè почесто, компаниите се решаваат организираниот тим билдинг да има ефект кон повеќе од само вработените, туку истиот да е фокусиран на природата, околината и заедницата. Токму затоа овој тип на активности ги доверуваат на веќе докажани професионалци, кои според нивните очекувања ќе организираат автентичен тим билдинг.

Една од тие компании е Балкан Прајм Турс (Balkan Prime Tours) која за различни групи организира прилагодени тим билдинг активности според желбите и очекувањата. Во разговор со своите клиенти се дефинира концептот, бројот на денови и каква програма ќе се договори.

Може да се одбере една од руралните локации во земјава со богата природа, како што е Смоларскиот водопад, и во текот на еден викенд сите вработени да ја истражат природата заедно со колегите од работа. Активностите на отворено ќе им понудат бегство од секојдневието, барем на еден викенд, а истовремено ќе имаат можност и да ги запознаат своите колеги во едно поинакво опкружување, далеку од работните простории.

Според Влатко Сулев, оперативен директор на Балкан Прајм Турс структурата на вработените, и очекувањата на компанијата влијаат на самата програма. Колку повеќе млади луѓе се дел од една компанија, толку повеќе се наметнува потребата од Активен тим билдинг.

Организирање на игри во кои вработените се натпреваруваат едни против други што може да има големи придобивки за компанијата… сè додека сите сфаќаат дека победата НЕ Е најважното нешто. Компетитивноста може да “отклучи” нови страни кај вработените, кои ретко можат да се забележат во исклучително работна околина, а кои се многу важни за да се разбере карактерот и тенденциите на вработениот. На пример, фина идеја е да ги соберете вработените, да ги поделите во два тима и да организирате влечење јаже (или трка со велосипеди…), во кој победникот добива некаков подарок или бенефит од компанијата. Верувајте, искуството е неспоредливо,  истакнува  Сулев

Преку тимска работа до враќање назад кон заедницата

Секоја компанија има одговорност да врати кон заедницата во која постои и работи. Затоа и секогаш е добра идеја тим билдингот да се поврзе со некоја општествено корисна активност и да се покаже вистинската моќ на тимската работа. Дали ќе биде тоа чистење на некоја запуштена област, садење на дрвја и растенија, подготовка на подароци за луѓе на кои им се потребни или пак создавање на уметничко дело од рециклирани материјали… поентата е тоа да биде активност која ќе биде корисна за околината, а која можете да ја правите како тим.

Сите овие начини на организација на активностите се само насоки за тоа како би можел да се одвива тим билдингот, кој е исклучително важен за компаниската култура и за синергијата помеѓу вработените.

Често се вели дека помалку способен тим кој има јасна насока секогаш ќе има подобри резултати од поспособен тим кој едноставно не е насочен. Последните трендови во HR практиките дури ја потенцираат важноста на организирање на тим билдинг активности што почесто и на што поразнолик начин, за вработените да можат да опуштат и да се запознаат меѓусебно во различни атмосфери надвор од работното опкружување.

Луѓето преферираат автентични доживувања, искреност и оригиналност. Сакаат обични работи, лични доживувања, уникатно Тим Билдинг искуство. Тоа не секогаш е поврзано со скапи хотели или ресторани, со преголеми трошоци, туку е повеќе работа на инспирација и креативност. Едноставните работи допираат до срцето на луѓето, категорични се од Балкан Прајм Турс.

македонија6 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија9 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје