здравје
Вакцината против Ковид-19 што ја развива AstraZeneca покажала имунолошки одговор и кај постари лица
објавено
на
автор:
Редакција Капитал
Наодите од крвните тестови правени кај групата постари пациенти, се во прилог на податоците од месец јули коишто покажаа дека вакцината предизвикува силен имунолошки одговор кај здрави возрасни испитаници од старосната група 18 – 55 години.
Вакцината што британската фармацевтска компанија AstraZeneca ја развива за превенција од коронавирусот покажала силен имунолошки одговор кај постарите луѓе, вели извештај што го посочува Financial Times. Цитирајќи два неидентификувани извори наводно блиски до истражувањето, FT вели дека вакцината продуцирала заштитни антитела во рамки на постарата популација чии што претставници се вклучени во развојот на вакцината.
AstraZeneca ја развива вакцината во соработка со Универзитетот Оксфорд. Извештајот понатаму вели дека наодите од крвните тестови правени кај групата постари пациенти, се во прилог на податоците од месец јули коишто покажаа дека вакцината предизвикува силен имунолошки одговор кај здрави возрасни испитаници од старосната група 18 – 55 години.
AstraZeneca, заедно со Pfizer и Moderna се меѓу најистурените „играчи“ во глобалната фармацевтска индустрија којашто моментално трескавично работи на пронаоѓање ефективна вакцина за превенција од коронавирусот.
AstraZeneca доби повторно дозвола од американските регулатори да ги продолжи тестирањата во САД откако повеќе од месец дена беа прекинати по наводите дека доброволец во истражувањето се разболел.
Инаку, деновиве почина доброволец во истражувањето на вакцината на AstraZeneca во Бразил, но тестирањата во оваа земја не сопреа, а тамошните регулатори не дадоа повеќе детали.
Прочитај Уште...
-
Излегоа финансиските биланси: хотелските компании со приходи помали и за 90% лани
-
ЕЦГалерт – „доктор во вашиот џеб“ и Глуко – мерење на шеќер во крвта без боцкање
-
Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер
-
Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%
-
Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката
-
Столб на срамот, наместо на демократијата

Потрошувачки и станбен кредит од Комерцијална банка со најниски каматни стапки на пазарот

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

Биткоинманија: Треба да имате стомак за оваа работа

Антикризни мерки за збогум на корона – кризата

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката

ЕЦГалерт – „доктор во вашиот џеб“ и Глуко – мерење на шеќер во крвта без боцкање

Столб на срамот, наместо на демократијата

Фатмир Бесими: Корона – кризата завршува дури и според песимистичкото сценарио