Connect with us

банки

Веб сајтот kb.mk на Комерцијална банка е избран за „Сајт на 2021 година“ 

објавено

на

Веб сајтот на Комерцијална банка го освои првото место и во категориите Финансиски услуги, банкарство и осигурување и Мобилен сајт, а во категоријата Корпоративен сајт за 2021 година е на второ место во натпреварот организиран од дигиталната маркетинг агенција Media Solutions.

Веб сајтот kb.mk на Комерцијална банка, креиран и редизајниран за да биде од корист „за нашите клиенти и за да ги задоволи и најсофистицираните потреби на дигитално ориентираните корисници на банкарски услуги“, како што велат од банката, е избран за „Сајт на годината“ за 2021 година во Република Северна Македонија, на натпреварот организиран од дигиталната маркетинг агенција Media Solutions.

Веб сајтот на Комерцијална банка го освои првото место и во категориите Финансиски услуги, банкарство и осигурување и Мобилен сајт, а во категоријата Корпоративен сајт за 2021 година е на второ место.

“Нашето задоволство од овие награди е огромно затоа што се доделени од најстручното и најстрогото жири – корисниците, а особено сме горди што тие за многу кратко време ги препознаа предностите и функционалноста на новата веб-страна на Комерцијална банка. Овие признанија ни потврдуваат дека успеавме да создадеме веб сајт кој поаѓа од потребите на клиентите и ги следи најновите трендови во дигиталниот свет. Сајтот е дел од една поширока стратегија за целосна дигитализација и префрлување на услугите на Банката онлајн, без потреба од посета на банка. Навистина настојувавме да дизајнираме пријатно искуство низ сајтот, со корисни содржини и лесно навигирање“ истакна Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, во своето обраќање за време на доделувањето на наградата „Сајт на годината“.

банки2 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија3 дена ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки4 дена ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија5 дена ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки1 недела ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија1 недела ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија1 недела ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија

економија1 недела ago

Штандот на БРАКО привлечен за учениците заинтересирани за учење преку работа

економија1 недела ago

На едно место достапни сите информации за регионалната прекугранична е-трговија

банки2 недели ago

НЛБ Банка со нови промотивни депозити