Connect with us

македонија

Вештачката интелигенција во фокусот на претстојното издание на Конференцијата за е-трговија

објавено

на

Конференцијата ќе истражува како вештачката интелигенција ја менува реалноста на е-трговијата, навлегувајќи во клучни теми како што се искористувањето на вештачката интелигенција за персонализација на корисничкото искуство, донесување на одлуки базирани на податоци и многу други.

Со помалку од месец дена до претстојната Конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 14 ноември во големата сала на Националната опера и балет во Скопје, настанот ветува ден исполнет со клучни говори, панел дискусии и неформални разговори за интеграцијата на вештачката интелигенција, податоците и маркетингот во областа на е-трговијата. Учесниците ќе имаат ексклузивната можност да научат од интернационалните и домашните индустриски пионери и лидери кои ефективно ја искористиле вештачката интелигенција за да ја забрзаат својата успешност во онлајн трговијата.

Конференцијата ќе истражува како вештачката интелигенција ја менува реалноста на е-трговијата, навлегувајќи во клучни теми како што се искористувањето на вештачката интелигенција за персонализација на корисничкото искуство, донесување на одлуки базирани на податоци и многу други.

Конференцијата со свое воведнo обраќањe ќе ја отворат претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.

Конференцијата потоа продолжува со првата сесија наречена „Маркетплејс пионери и нивниот успех во е-трговијата“ која се содржи од панел-дискусија и студија на случај, кои ги вклучуваат индустриски лидери од регионалните и глобалните маркетплејс платформи како Марко Царевиќ, извршен директор во „Ананас“,  Катарзина Роса, лидер за образование и развој на трговци во „Алегро“ и Ралука Буџореану, продукт-лидер во „Заландо“, Никола Илчев од „Екомерц Академи“ од Бугарија и други.

Подоцна во денот, преку сесијата “Фокус на доставата и плаќањата и нивната повезаност со прекугранична е-трговија” поддржана од НЛБ банка, присутните ќе ги истражуваат опциите за плаќања во е-трговија во регионот, патот кон успехот и научените лекции. Оваа сесија вклучува разговори со еминентни говорници од регионот меѓу кои и Бранко Грегановиќ, извршен директор во НЛБ Банка Македонија, Иван Мирковски, извршен директор во „Смарт ливинг“ , Елвис Пивиќ, ко-основач во „Мој бренд“ од Босна и Херцеговина, Фидан Рамизи, основач на платформата aoos.com.al од Албанија, Соња Буха, менаџер за е-трговија во „Мона Мода“ од Србија и многу други.

Конференцијата продолжува со сесијата “Трка за иновации и технологија: Како да се искористат вештачката интелигенција, податоците и маркетингот во е-трговија” поддржана од А1 Македонија. Оваа сесија ги истражува иновациите и напредокот во областа на е-трговијата, вклучувајќи ја презентацијата на Стефан Ковачевиќ, глобален е-комерц лидер во „Нестле“ и подоцна следува дискусија на панелот за иднината на маркетингот со експерти од различни области.



Четвртата сесија, “Купувачот во центарот на е-трговијата: Нови начини за подобрување на неговото онлајн шопинг искуство”, се фокусира на создавањето на персонализирани искуства и разбирањето на навиките на корисниците. Каи Херцбергер, групациски директор за DACH и EMEA во „Мета“ и Саманта Тилет, глобален директор за партнерства во „Хттпоол“ за Amazon Ads, ќе споделат вредни искуства поврзани на оваа тема со присутните гости.

Последната сесија насловена „Финансирање во е-трговијата: Кои се барањата на инвеститорите?“ се фокусира на можностите за финансирање и раст на бизнисите со е-трговија во земјава и регионот.

За потсетување, оваа година конферецијата за втор пат ги отвора вратите за регионалната публика. Очекувано е присуство на повеќе од 600 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори на компании и владини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Романија, Бугарија и Хрватска, што ја прави конференцијата уникатна и единствена во регионот во своето шесто издание.

Настанот е поддржан од Германското друштво за соработка – ГИЗ како организациски партнер, Мастеркард како генерален партнер, А1 Македонија како дигитален партнер, Ананас, НЛБ Банка и Пивара Скопје како златни партнери и Комерцијална банка, Корпа, Геиники Таксидромики, Фит Кит, Халкбанк и Фешн Груп како сребрени партнери на настанот. 

Повеќе информации поврзани со агендата и сите останати детали поврзани со конференцијата, вклучувајќи ги и последните 50 картите во продажба, се достапни на официјалната веб страница на конференцијата: https://ecommerceconference.mk/    

коментари3 дена ago

Со АмЧам на тема…Технолошката експанзија неминовно ја потенцира потребата од заштита на интелектуалната сопственост

македонија4 дена ago

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

македонија6 дена ago

Анализа на Инсајдер ИД и ЕБОР: Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија?

банки6 дена ago

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

банки7 дена ago

Нова понуда на хипотекарен кредит од УНИБанка

економија1 недела ago

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

банки3 недели ago

Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

технологии / компании3 недели ago

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

регион3 недели ago

Букурешт, Загреб и Атина стануваат сѐ поголеми „чувари на податоци“ на светските технолошки компании

интервју3 недели ago

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи