Connect with us

технологии / компании

Вештачката интелигенција носи нови промени

Што велат во Мастеркард за иднината на финтек секторот

објавено

на

Вештачката интелигенција веќе прави значителен продор во финансискиот сектор и се очекува да продолжи да го трансформира на различни начини. Тоа би било преку подобрување на услугата за клиенти каде чет-ботови напојувани со вештачка интелигенција и виртуелни асистенти ќе можат да обезбедуваат 24/7 поддршка на корисниците, да одговараат на вообичаени прашања па дури и да вршат едноставни финансиски трансакции, со што се подобрува целокупната услуга за клиентите.

Последнава деценија беше обележана со драстичен раст на глобалниот сектор на финансиски технологии, односно финтек (fintech), но секторот доживеа најголема трансформација во 2020 година, кога поради пандемијата на коронавирусот, прометот во  е-трговијата скокна за 185 отсто за само една година, во споредба со периодот пред пандемијата, со што се стимулираше и растот на финтек платформите како Apple Pay на пример.

Секторот континуирано расте, и три години по почетокот на пандемијата финтек се соочува со нови промени кои ги носи вештачката интелигенција. Дополнително, се предвидува дека во следните пет до седум години ќе биде дефиниран со блокчејн технологија, cloud – native платформи (засновани исклучиво на облак, кои не бараат хардвер), виртуелна реалност (VR) и мрежна архитектура zero trust , односно безбедносен модел на доверба со нулта доверба, кој бара постојана проверка на идентитетот при влегување во системот.

Пандемијата го забрза развојот на финтек

За промените што ќе ги донесе вештачката интелигенција во работењето на компаниите за финансиска технологија дискутираа членовите на бордот  на Mastercard, Марк Барнет и Кен Мур, кои многу добро ја знаат темата бидејќи Mastercard соработува со осумдесет до деведесет проценти од сите финтек компании во светот.

„За само една година пандемијата го забрза развојот на тој сектор во однос на претходните пет години. Значи, ова што го имаме денес, веројатно немаше да го имаме уште најмалку пет години, ако не беше пандемијата. Колку и да беше страшно, сепак остави неколку позитивни последици“, вели Барнет, кој е и претседател на Mastercard за Европа.

Пред разговорот за вештачка интелигенција во Технолошкиот центар на Mastercard во Даблин, решивме да видиме што има да каже најпопуларниот чет-бот во светот, ChatGPT, за влијанието на вештачката интелигенција врз финансискиот технолошки сектор.

„Вештачката интелигенција веќе прави значителен продор во финансискиот сектор и се очекува да продолжи да го трансформира на различни начини. Тоа би било преку подобрување на услугата за клиенти каде чет-ботови напојувани со вештачка интелигенција и виртуелни асистенти ќе можат да обезбедуваат 24/7 поддршка на корисниците, да одговараат на вообичаени прашања па дури и да вршат едноставни финансиски трансакции, со што се подобрува целокупната услуга за клиентите.

Исто така, вештачката интелигенција ќе има големо влијание врз проценката на ризикот и управувањето и тргувањето бидејќи алгоритмите побрзо ќе ги носат одлуките засновани на податоци и ќе ја намалат човечката грешка. Вештачката интелигенција ќе го олесни управувањето со портфолиото, ќе ја анализира финансиската состојба, ќе дава персонализирани совети за инвестиции и финансиско планирање и ќе има влијание врз анализата и прогнозирањето на пазарот, намалувањето на трошоците, проценката на кредитниот ризик, но и спречувањето на измами… “, ни одговара четботот , којшто по подолги пофалби, спомна и некои негативни аспекти на вештачката интелигенција во тоа поле на активност, како што е повредата на приватноста на податоците.

Иако ChatGPT е многу интересен соговорник на тема финансиски сектор, финансиска технологија и иднината на плаќањата, членовите на одборот на Mastercard знаат многу повеќе за влијанието на вештачката интелигенција во таа област, бидејќи ја користат веќе неколку години за борба против измама, односно за идентификување сомнителни трансакции со Mastercard картички.

„Вештачката интелигенција е многу корисна за безбедноста на системот затоа што ни помага да забележиме невообичаени обрасци и однесувања што би можеле да ги занемариме во милијардите трансакции што се вршат во реално време. Така, во голема мера ги подобрува услугите што веќе ги имаме“,  објаснува Мур, којшто е главен директор за иновации на глобалната компанија за картички.

Како што растат каматните стапки, се намалува бројот на финтек компании

Како што растат каматните стапки, вели Кен Мур,  директорот за иновации на Mastercard, бројот на нови финтек компании се намалува затоа што преживуваат само профитабилните, а оние кои ветувале многу и исполниле малку или ништо, не успеваат и исчезнуваат од пазарот.

Секако, со новите технологии доаѓа и стравот од нив, бидејќи како што напредува технологијата, така се зголемуваат и новите закани кои најчесто се предизвикани од човечка грешка. Така, и покрај сите предупредувања, луѓето сепак ќе кликнат на линкот што им е испратен од „нигерискиот принц“ или „државната пошта“. Развиените безбедносни модели како „нулта доверба“ треба да играат голема улога овде.

„Не треба само да изградите штит против измами околу надворешниот простор, односно дојдовните информации. Важно е компаниите да градат безбедносни бариери околу секоја услуга“, смета Мур, додавајќи дека покрај вештачката интелигенција, голема улога во ова имаат и токенизацијата и биометриката, кои треба да се вградат во системот кога ќе се креираат, а не да ја сметаат безбедноста како трошок кој „еден ден може да биде неопходен, ако воопшто е потребен“.

Кога станува збор за безбедноста, според Мур, компаниите за финансиска технологија одиграле голема улога бидејќи на почетокот сфатиле дека мора да градат безбедносни бариери и со тоа станале пример за другите компании во минимизирање на ризиците.

„Довербата е многу важна денес, а ќе биде и во иднина. Финтек компаниите веќе имаат воспоставено некаква доверба. Оние компании кои ќе стекнат доверба во иднина ќе бидат во најголема предност за проширување на нивните бизнис модели и ќе имаат голема улога на пазарот бидејќи малите стартапи ќе мора да соработуваат со нив за да се брендираат и да го добијат тоа ниво на доверба од потрошувачите“,  тврди Мур и додава дека во последниве години, сведоци сме на експлозија во финансиската технологија поттикната од егзодусот на луѓе кои го напуштија финансискиот сектор за време на последната банкарска криза и ниските каматни стапки.

Како што растат каматните стапки, вели директорот за иновации на Mastercard, бројот на нови финтек компании се намалува затоа што преживуваат само профитабилните, а оние кои ветувале многу и исполниле малку или ништо, не успеваат и исчезнуваат од пазарот.

Најважно е корисниците да имаат избор

Значи само големите играчи преживуваат. Еден од нив е Apple, со кој Mastercard со години соработува во услуги како што е Apple Pay, но и во услуги како „купи сега, плати подоцна“, односно ‘buy now, pay later’ (BNPL). Причината, вели Мур, е тоа што тие гледаат каде оди светот и сакаат да останат релевантни, и знаат дека носат многу пари на маса со работа со Apple, на кој му е потребна инфраструктура и мрежа што ја има Mastercard .

„Имаме голема мрежа на банки со кои соработуваме и 3,7 милијарди корисници на картички, а соработуваме и со повеќе од сто милиони трговци. Дополнително, ние имаме сопствена технологија што ја развиваме, која се заснова на вештачка интелигенција и други трендови, така што без разлика дали соработуваме со Apple, некој друг финтек или банка, нашата улога е да им овозможиме да ги решаваат проблемите и да им обезбедиме иновации. Ако Apple го прифати прв, одлично. Ако е некој друг, помала компанија, и тоа е одлично. Нашата технологија е отворена за секој кој се придржува до нашите принципи и секогаш сме отворени за иднината, без разлика кој ја создава. Подготвени сме за сите партнерства и знаеме дека имаме ресурси кои додаваат вредност“, вели Мур.

И покрај фактот што Mastercard нуди иновативни начини на плаќање и голема база на картички во сите делови на светот, Мур не сака да каже дека „начинот на плаќање со картичка е вистинскиот начин“, бидејќи, како што вели, најважно е да им овозможете на корисниците да изберат, без разлика дали се работи за физички или дигитални картички, апликација, готовина или дури услуга на BNPL, т.е. да ги одложат плаќањата. Важно е, посочува, да се обезбеди се’ и да се остави потрошувачот да избере што е најдобро за него.

„Затоа прифаќаме блокчејн и криптовалути на одредено ниво. Повторно, не се работи за предностите на блокчејнот и криптовалутите, туку за обезбедување на избори на потрошувачите и овозможување да ги прифатат овие нови методи на безбеден начин“,  смета Мур, кој верува дека со криптовалутите сепак ќе се подзастане  во наредниот период бидејќи секогаш има проблем со регулацијата.

Се предвидува дека во следните пет до седум години финтек секторот ќе биде дефиниран со блокчејн технологија, cloud – native платформи (засновани исклучиво на облак, кои не бараат хардвер), виртуелна реалност (VR) и мрежна архитектура zero trust , односно безбедносен модел на доверба со нулта доверба, кој бара постојана проверка на идентитетот при влегување во системот.

Акцент на сајбер – безбедноста

Покрај работата со криптовалути, Барнет потврди и дека Mastercard продолжува да работи на развој на дигитални валути на централните банки и на подобрување и проширување на апликацијата Tap on Phone, која им овозможува на компаниите да прифаќаат плаќања од која било бесконтактна картичка користејќи мобилен телефон, благодарение на технологијата NFC или дигиталниот паричник. Исто така, за сè да не остане само на зборови, Барнет вели дека во последните месеци посветиле исклучително внимание на подобрувањето на сајбер безбедноста и заштитата од измами, а со цел да се унапреди персонализацијата на технологиите и да се обезбеди најдобро можно искуство на потрошувачите, минатата година тие ја презедоа Dynamic Yield, компанија која ја опишаа како модерна платформа за персонализирање на услугите.

Според Мур, персонализацијата им е исклучително важна бидејќи, благодарение на вештачката интелигенција, мобилните телефони ќе знаат повеќе за корисникот, а исто така ќе му даваат препораки за купување облека, храна и други потреби. Затоа Mastercard веќе работи на апликација која ќе овозможи VR шопинг. Го содржи аватарот на корисникот кој ја пробува саканата облека, ја следи потрошувачката, но и го пресметува јаглеродниот отпечаток при секое купување.

Покрај забавните работи како онлајн купувањето, вештачката интелигенција треба да влијае и на финансиската писменост, но и на општата писменост, која се’ уште е еден од големите проблеми во светот. Така, тоа би можело да им овозможи на луѓето повеќе да немаат потреба да знаат како да пишуваат или читаат, бидејќи тие ќе можат многу лесно да го претворат говорот во текст. Се разбира, ова е веќе достапно денес, но Mastercard верува дека целосниот потенцијал на таквите функции ќе се достигне само во иднина. Мур се осврна и на работењето на големите компании. За нив, вели, тоа ќе го олесни одлучувањето и ќе ја направи работната средина попродуктивна и поефикасна, без да мора да замени одредена работна сила, но ќе ја подобри.

Во секој случај, според Mastercard, финансискиот технолошки сектор никогаш не бил повозбудлив благодарение на најновите технологии и потенцијалот што тие го носат. Се’ уште не е познато кои трендови ќе опстојат и како ќе изгледа плаќањето во иднина, но сигурно е дека вештачката интелигенција ќе има голема улога во ова.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал