македонија
„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите
Иницијатива на Амчам и Конект во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“
Најдобри практики за корпоративна филантропија

Пивара Скопје со програмата за обука „Вештини за успех“, креирана во рамките на платформата „Youth Empowered“ е избрана меѓу петте најдобри практики за корпоративна филантропија на повикот распишан од Конект и АмЧам. „Вештини за успех“ преку обуки и тренинзи има за цел да го зголеми вработувањето меѓу младите, особено кај припадниците на социјално најранливата категорија односно со најголема стапка на невработеност во државава.
Голем дел од стратешкиот пристап на Пивара Скопје е вложување кон заедницата. Со оглед на тоа дека високата стапка на невработеност кај младите е голем предизвик за сите, Пивара Скопје ја започна програмата за обука „Вештини за успех“ (Skills for Success) во овој формат во 2016 година,во рамките на платформата Youth Empowered.
Според анализите на Светска банка, недостигот на специфични знаења и вештини е клучната причина поради која младите, особено во овие категории, не можат да се вработат. Целта беше да се направи програмата подостапна за пошироката публика и да има поголем пристап до социјално ранливите групи. Знаењето и искуството ги пренесуваат членовите на менаџерскиот тим на Пивара Скопје и други водечки претставници на бизнисот, експерти од академската заедница, јавни институции и реномирани меѓународни организации.
Дел од компаниската стратегија е посебниот фокус кон темата за „Одржлив развој со нашата заедница“, со цел реализирање на Агендата за одржлив развој, истовремено ангажирајќи ги вработените, потрошувачите и заедницата.
Програмата „Вештини за успех“ е проект кој одлично се вклопува во мерките и заложбите на државните институции и на Владата за натамошно намалување на невработеноста, особено кај младите. Целта на обуката е да се поттикне самодовербата и да се воспостават врски со релевантни ментори, да се поттикне претприемачката култура и да се мотивираат младите. Младите добиваат можност да ги подобрат своите комуникациски вештини, да научат како да водат преговори, да креираат развојни планови и да управуваат со проекти, како и ефикасно да управуваат со времето и ресурсите и да стекнат знаења од областа на деловното работење, финансиите и продажбата.
„Крајната цел на Пивара Скопје преку овие обуки е да ги мотивира и поттикне младите да преземат конкретни чекори во создавање на нивната кариера, овозможувајќи им да стекнат вештини кои ќе им помогнат полесно да се вработат или да започнат сопствен бизнис. Резултатите што ги постигнавме и оние што ги очекуваме ги оправдуваат сите наши инвестиции во оваа Програма и не’ мотивираат да продолжиме, заедно со нашите партнери, да отвораме нови перспективи за младите и заеднички да придонесуваме за зголемување на вработеноста и натамошен развој на претприемачката култура во земјата.“, велат од Пивара Скопје.
Програмата „Вештини за успех“ се состои од обуки кои се бесплатни за учесниците, односно сите трошоци за нивна реализација се покриени од Пивара Скопје, што претставува компаниски придонес и инвестиција за подобра иднина на овие млади луѓе и на државата.
Преку онлајн обуките во живо на платформата Zoom, физичките тренинзи во Едукативниот центар на Пивара Скопје и дополнителните обуки што ги организираат низ државата, ја направија Програмата достапна за сите млади луѓе кои сакаат да инвестираат во своето знаење и вештини.
Беа користени два вида тактики за да се обезбеди поголем број млади луѓе да присуствуваат на обуката: (1) организирање на обуки во многу градови во државата; и 2) беше креиран и лансиран дигитален центар, кој овозможува електронски пристап до сите содржини на обуката.
Има и волонтерски ангажман на вработени од сите менаџерски нивоа и одделенија во компанијата како предавачи и ментори на обуки, како и вклучување на истакнати јавни личности од заедницата како мотивациски говорници, кои го споделуваат своето искуство.

Резултати: повеќе од 50% од учесниците се вработиле или започнале свој бизнис
Интересот за програмата е огромен од самиот почеток, со повеќе од 1000 учесници годишно. Предавањата се приспособуваат на актуелните потреби и состојби и затоа за време на пандемијата Пивара Скопје како опција овозможи и онлајн предавања преку платформата Zoom. Сега, програмата има хибриден модел, кој нуди и физички и онлајн предавања во живо.
„Пред почетокот на секое обука има онлајн повик за пријавување на социјалните мрежи и компанискиот веб сајт polnacasa.mk со формулар што треба да се пополни. Потоа, кандидатите се контактираат еден по еден од претставник на нашите партнери. Овој личен пристап обезбедува високи стапки на задоволство кај публиката. Долгорочната стратегија е да се направи програмата што е можно покорисна, со додавање на нови модули и промена на структурата на постојните, како и инкорпорирање на обуки за одржлив развој кои се во согласност со целите на нашата компанија.“, објаснуваат од Пивара Скопје.
Одличните резултати се доказ за тоа колку е успешна оваа обука и како таа придонесува за поддршка на младите во нивното вработување и отворање сопствен бизнис. Повеќе од 50% од учесниците се вработиле или започнале сопствен бизнис во рок од една година по посетата на обуката. Задоволството на учесниците од обуката е огромно, дури 98%, а процентот на женски учесници е 75%. Во изминатите години, до денес, дури 7.333 млади луѓе поминале бесплатна обука.
Планови за понатаму
Преминот од програма за обука за млади лица со физичко присуство во онлајн формат преку платформата Zoom донесе низа предизвици и за организаторите и за учесниците. Првично дизајнирано да биде практично и интерактивно искуство, преминот кон виртуелна пракса поради ненадејниот почеток на пандемијата бараше целосна ревизија на структурата на програмата, стратегиите за ангажирање и технолошка адаптација.
Една од примарните предизвици беше губењето на физичката интеракција и ангажираност. Со физичко присуство, учесниците можеа лесно да комуницираат со менторите и своите врсници, запознавајќи се меѓусебно, поттикнувајќи активни дискусии и активности за градење тим. Виртуелната транзиција наложи развој на иновативни начини за реплицирање на оваа интерперсонална динамика, што често доведува до предизвици во одржувањето на исто ниво на ангажираност и поврзаност.
Преку стручноста на менторите, овие предизвици беа елиминирани, а дополнително беа олеснети со воведување на хибридното присуство – лично и онлајн во живо на Zoom платформата. Стапката на задоволство остана висока, а сите учесници рекоа дека ќе им ја препорачаат програмата на своите пријатели.
„Плановите за иднината вклучуваат проширување и прилагодување на наставната програма за подобро да одговара на потребите на динамичниот деловен свет и проширување на нашата соработка со важни чинители, со што ќе привлечеме уште поширока публика и ќе ѝ помогнеме на заедницата преку создавање поспособна работна сила. Во суштина, започнувањето на програми за развој на млади од страна на компаниите не само што ги обликува кариерите на младите поединци, туку придонесува и за севкупниот напредок на индустриите, економиите и општествата. Со инвестирање во развојот на младите, компаниите обезбедуваат посветла иднина за себе и за генерациите што доаѓаат, зацврстувајќи ја нивната улога како одговорни и напредни корпоративни граѓани.“, заклучуваат од Пивара Скопје.