Connect with us

македонија

Виз Ер Скопски маратон по 17-ти пат денеска

објавено

на

Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт беше
во 8 часот, а трката на 5 километри почна во 8:10 часот, од платото пред
Спортски центар Борис Трајковски, каде што ќе биде и целта на овогодишниот
маратон.

Традиционално по 17 пат денеска се одржува спортскиот настан Виз Ер Скопски маратон.
Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт беше во 8 часот, а трката на 5 километри почна во 8:10 часот, од платото пред Спортски центар Борис Трајковски, каде што ќе биде и целта на овогодишниот маратон.


Во главната дисциплина, маратонот, Македонија ја претставуваат 24 претставници од кои 16 во машка и 8 во женска конкуренција. Најмногу се очекува од Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски кои се рекордери во сите дисциплини на долги патеки и затоа од нив се очекуваат нови рекорди.


Особено со внимание се очекуваше настапот на Дарио Ивановски кој најави дека ќе биде првиот Македонец што ја истрчал маратонската патека под 2 часа и 20 минути.
Во сите категории се очекуваше да се појаваат повеќе од 7.000 учесници, а обезбедени се и парични награди. За победниците по 1.200 евра, плус дополнителни 800 евра за времиња под 2:18,59 часа за мажи, односно 2:46,59 часа за жени. Најдобрите македонски маратонц(к)и ќе бидат наградени со по 350 евра, плус со по 250 евра вредносни ваучери од „Визер“.


Рекордот на Скопскиот маратон во машка конкуренција, на Кениецот Кируи Кипротич, од 2016 година, изнесува 2:12,36 часа, а во женска конкуренција, на неговата сонародничка Стела Барсосио од 2017 година, 2:33,42 часа.
Патеката по која учесниците ќе трчаат е иста, како и претходната година, а од организацијата известија дека дел од скопските улици во периодот од 7:30 до 14 часот ќе имаат привремен режим на сообраќај и промена на режимот на работа на линиите на Јавниот градски превоз.


Целосно затворени за сообраќај ќе бидат следниве улици: ул. „Димитрије Чуповски“, булевар „Илинденска“ од Влада до Зоолошка градина, ул. „Војвода Васил Чакаларов“, ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, ул. „11 Октомври“, делот на бул. „Крушевска Република“ од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициската Станица Пролет, бул. „3 Македонска Бригада“ од семафорите кај Полициската Станица Пролет до раскрсницата со ул. „Фрањо Клуз“, десната коловозна лента од бул. „Јане Сандански“ од Тобако во правец накај Аеродром се до раскрсницата со бул. „Србија“, се наведува во соопштението.


Делумно затворени за сообраќај ќе бидат следниве улици и правци: десната коловозна лента од бул. „Климент Охридски“ до семафорите кај Влада, бул. „Илинденска“, од Зоолошка градина до „Љубљанска“, спротивната страна ќе биде слободна за движење, ул. „Љубљанска“ во правец од бул. „Илинденска“ до семафорите кај бул. „Партизански одреди“, ул. „Московска“ во правец од бул. „Партизански Одреди“ до Студентскиот дом Гоце Делчев.


Натпреварувачите трчаат од стартот С.Ц Борис Трајковски до ул. „Илинденска“, па лево на ул. „Љубљанска“, потоа право на „Московска“, па десно по ул. „Војвода Васил Чакаларов“, на крајот од улицата се врти полукружно назад, кога ќе се вратат кај Студентскиот Дом „Гоце Делчев“ се продолжува право по „М.Теодосиј Гологанов“, „Димитрие Чуповски“, „11 Октомври“, „Крушевска Република“, „3 Македонска Бригада“, „Фрањо Клуз“, бул. „Јане Сандански“ до крајот (раскрсница со бул. „Србија“), пред семафорот со бул. „Србија“ се врти полукружно назад (на истата коловозна лента) по бул. „Јане Сандански“, „Фрањо Клуз“, „Трета Македонска бригада“, „Крушевска Република“, „11 Октомври“ по „Димитрие Чуповски“ до раскрсницата десно на бул. „Климент Охридски“ до бул. „Илинденска“, лево кај Владата до целта, платото пред СЦ Борис Трајковски. Истата патека се трча два круга за маратонците.


Виз Ер Скопски Маратон 2021 се реализира под специјални протоколи одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.
Виз Ер Скопски Маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

 

 

 

 

 


 

економија16 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија1 ден ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал