Connect with us

коментари

Виктор Мизо: Потребни се мерки на поддршка – што побрзо, тоа подобро!

Светската автомобилска криза се прелеа и кај македонските добавувачи

објавено

на

Виктор Мизо, извршен директор на „Костал Македонија“ и претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство

Недостигот на чипови на глобалниот пазар силно ги погоди сите производители на автомобили во светот, што влијае и врз производството на добавувачите на автомобилски делови и компоненти, чие учество во македонската економија е веќе сериозно. Неопходно е итно да се поддржат компаниите, што значи секторски tailor – made мерки. Потребни се активности кои најпрво ќе придонесат за задржување на вработените, а подоцна ќе дадат стимул кон подобрување на нивната конкурентност преку обуки и поддршка на инвестициските планови.

Проблемот со нарушување на синџирите на снабдување во автомобилската, но и многу други индустрии се наѕираше уште пред повеќе од две години со интензивирање на трговските конфронтации помеѓу САД и Кина. Дополнителните проблеми во намалениот капацитет на производство на чипови и драстично зголемената побарувачка од минатото лето кулминираат изминативе неколку месеци. Денес, ова е сериозен проблем кој беше само прашање на време кога и колкав обем ќе се прелее и кај нас.

Наш главен пазар е европскиот, а таму, најмногу поради недостигот на чиповите во месец август бројот на регистрирани возила забележа пад од 19,1% по падот од 23,2% во јули, споредено со истите месеци лани. За потсетување, минатата година, како последица на пандемијата падот на регистрирани патнички возила во ЕУ беше 23%, а во Северна Америка 17,9%. Евидентно е дека бројките на закрепнување на продажбите споредено со 2020 година се далеку од позитивни.

Оваа состојба веќе сериозно влијае врз сите присутни добавувачи од автомобилскиот сектор во Македонија. Компаниите почнуваат сериозно да го намалуваат обемот на производство. Планирањето на буџетите за следната година е во тек и сите ние активно ги следиме  и земаме предвид негативните движења на глобалната сцена.

Зависно од улогата која ја имаат во синџирот на добавувачи и видот на полупроизводи кои ги извезуваат, падот на приходите во некои компании споредено со планираното веќе достигнува и до 35% за 2021 година, а малку е веројатно позначајно стабилизирање во претстојниот период до крајот на годината.

Костал е семејна компанија која својот развој го базира на цврсто воспоставени принципи на одговорност, професионалност, етика, емпатија и традиционални вредности. Во изминатите пет години вложивме многу во нашите вработени и продолжуваме во таа насока. Освен внатрешна реорганизација, оптимизирање на производниот процес, контрола на залихите, намалување на бројот  и обемот на смените, во Костал Македонија не планираме откажување или непродолжување на договорите на вработените.

Напротив, овој критичен период претставува предизвик за најдобро искористување на сите наши капацитети, можности и знаење со цел ублажување на негативните ефекти од кризата. Со оглед на падот на нарачките, а заради намалување на оперативните трошоци, веројатна е стагнација на дел од производството на одреден период, за што и навремената комуникација и вклученост на вработените е од особено значење.

Свесни сме за оправданата загриженост кај секој вработен за своето работно место, а свежи се и сеќавањата за колапсот на охридската индустрија од 1990-те години. Но, Костал Македонија е успешна приказна која допрва ќе расте и ќе се надградува. Секако, инвестициите остануваат во рамки на планираното, но со поголем фокус кон проектите поврзани со современите технологии во автомобилската индустрија.

3d rendering robot assembly line in car factory

Какви мерки се потребни

Националните власти не можат сами да влијаат врз сегашната состојба. Сепак, ова е вистинскиот момент кога сето она што подолг временски период се предлага и дискутира, да се реализира. Тука пред се’ би ги споменал предлозите и барањата што Асоцијацијата на странски инвеститори со напредно технолошко производство веќе извесно време ги предлага: исполнување на инфраструктурните обврски кон компаниите; усогласување на царинските стапки за увоз на репроматеријали со оние во ЕУ; прецизирање на правилата за давање на државната помош; имплементација во државата на најновите глобални сметководствени и финансиски стандарди; поголема флексибилност во работните односи и откажување од популистички мерки; создавање на предуслови за мобилност на работната сила и како можеби најважен императив, професионализација на надлежните институции за работа според меѓународни бизнис правила и норми: транспарентност, брзина, отчетност, интегритет.

Знаејќи го уделот на автомобилскиот сектор во сите економски показатели за земјата, неопходно е итно да се поддржат компаниите, што значи секторски tailor – made мерки. Потребни се активности кои најпрво ќе придонесат за задржување на вработените, а подоцна ќе дадат стимул кон подобрување на нивната конкурентност преку обуки и поддршка на инвестициските планови.

Треба да се креираат политики со воведување на технологии и стандарди за заштита на животната средина и одржливост, истражување и развој поврзани со новите технологии – пред сè електрификација на возилата.

Закрепнувањето ќе биде долго и тешко

Закрепнувањето на автомобилската индустрија ќе биде долго и тешко. Ова го истакнаа и раководствата на најголемите производители на чипови, но и извршните директори на Дајмлер, Фолксваген и БМВ за време на IAA саемот во Минхен на почетокот на септември. Според сите нив, застојот ќе се прелее и во наредната година и нема да се надмине во следните 18 – 20 месеци.

Освен екстензијата на постојните производни капацитети, евентуалната изградба на нови кои би ја задоволиле побарувачката ќе бара големи инвестиции (десетици милијарди долари), знаење и долг период на валидација според стандардите и барањата на автомобилската индустрија. На глобално ниво, веќе се прогнозирани и падови од 8,45 милиони произведени возила или минус 9,3% во 2022 година, односно 1,1 милион  возила, т.е. минус 1% за 2023 година, споредено со плановите за двете години. Ако се земе предвид европскиот пазар, тука очекувањата се уште повеќе алармантни, со планирано „враќање“ на преткризното производство од 2018 година дури по 2028.

Имајќи ја предвид важноста на оваа индустрија за повеќе економии во светот, доколку не се донесе соодветен и навремен сет на мерки, сметам дека постои можност за дополнителни финансиски тешкотии и потенцијални банкроти или консолидации во автомобилскиот сектор, посебно меѓу добавувачите на компаниите.

Исто така, постои можност овие состојби да се прелеат и меѓу крајните производители на автомобили, зависно од длабочината и должината на кризата. Дополнително, очекувам бран на оптимизација на производните локации, процес на штедење – не толку при инвестирање во нови трендови и технологии кои се неопходни (пример, електрификација, автономно возење, поврзаност), туку повеќе на полето на потреби за соодветна алокација и искористување на кадри кое ќе се преточи во драстично зголемување на продуктивност, по принципот „more with less.”

македонија23 часа ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

македонија1 недела ago

Јубилејни часовници за работниците по повод 20 години од Брако и Фероинвест

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако