Connect with us

интервју

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

Виктор Филиповски, директор на Дирекција корпоративно банкарство во УНИБанка Скопје

објавено

на

„Како банка постојано сме активни и секогаш во непосредна комуникација со клиентите, при што настојуваме да креираме кредитни производи со кои клиентите ја препознаваат Банката како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој. Токму таквата стратегија придонесува за градење на долгорочни релации со клиентите на Банката и испраќа силна порака за сите останати македонски компании кои сè уште не започнале соработка со нас.“

Г. Филиповски, каква е динамиката во делот на кредитното портфолио за правни лица изминатиов период во УНИБанка, расте ли кредитирањето на компаниите?

Расте кредитирањето на компаниите дефинитивно и тој тренд очекуваме да продолжи и во текот на оваа година. Тој раст пред се’ се должи на флексибилната и прагматична стратегија на УНИБанка со цел да ги следи трендовите и брзо да излезе во пресрет на потребите на компаниите баратели на кредити. Како банка постојано сме активни и секогаш во непосредна комуникација со клиентите, при што настојуваме да креираме кредитни производи со кои клиентите ја препознаваат Банката како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој. Токму таквата стратегија придонесува за градење на долгорочни релации со клиентите на Банката и испраќа силна порака за сите останати македонски компании кои се’ уште не отпочнале соработка со нас.

За што најмногу бараа кредити компаниите изминативе три години на криза со пандемијата и потоа енергетската и економска криза?

Изминативе неколку години по многу нешта беа специфични. Психолошкиот страв предизвикан од пандемијата донесе благ песимизам и воздржаност од нови инвестиции како и намалена побарувачка за инвестициони кредити, додека пак економската и енергетската криза имаа големо влијание компаниите да се насочат кон значителни промени во сопствената расходната политика, со цел да се издржат полесно ценовните шокови на енергенсите кои се’ уште се актуелни. Со цел да се даде придонес во намалувањето на трошоците на работење на клиентите, Банката ги разви и постојано ги усовршува дигиталните канали на работење, со што во целост одговори и на најдеталните барања и потреби на клиентот, а при тоа драстично ги намали цените на услугите во споредба со „хартиеното“ работење.

Последниве години, приоритет во кредитната поддршка дадовме за проекти кои придонесуваат кон поттикнување одржлив развој и производство на зелени енергии. Се трудиме како банка  да бидеме партнер на локалната заедница и општествено одговорна компанија со што би ја истакнале нашата перцепција на модерна, динамична и брзо растечка банка, која се грижи за заедницата и клиентите. Карактеристични за овој период се инвестициските кредити во алтернативни извори на енергија за сопствени потреби, но и инвестиции во високонапонски фотоволтаични централи за производство и трговија на електрична енергија за продажба на отворен пазар.

Краткорочните кредити за одржување на тековна ликвидност на компаниите и набавка на обртни средства се вообичаена активност, каде силна поддршка даде и државата преку Развојната Банка на Северна Македонија со субвенционирани кредити, кои Банката ги дистрибуираше и се се’ уште достапни на компаниите. Во овој период Банката ја отпочна и директната соработка со Фондот за Иновации и Технолошки Развој на РСМ, со единствена цел кредитирање на акредитирани проекти за иновации од нивна страна, со што придонесовме за лесно и едноставно реализирање на бројни иновативни проекти. Постојат повеќе успешни бизнис приказни поттикнати токму од нас, што не прави горди и задоволни, бидејќи и во услови на криза поддржавме реализација на успешни идеи.

Каков пакет на услуги можат компаниите да добијат во УНИБанка, објаснете ни накратко што сè им нудите како продукти?

Покрај сите стандардни банкарски производи и услуги тимот на УНИБанка постојано креира различни продукти и пакети на услуги, инспирирани од најразличните потреби и желби на клиентите. Во лепезата на производи присутни се и сите кредитни линии и гарантната шема на Развојната Банка на Северна Македонија.

Моментално актуелни и нови пакети за клиентите кои сакаат разновидност, се двата депозитни продукти наречени ЗЛАТНА 5-ка и ЗЛАТНА 10-ка,  кои многу брзо наидоа на одличен прием на пазарот. Наменети се за клиенти кои креираат високи приходи и располагаат со слободни тековни средства, а кои во овие продукти препознаваат грижа за оптимизирање на нивните трошоци.

Продуктите се внимателно проектирани со различни каматни стапки зависно од висината на депозитот, во комбинација со подарок  инвестициско злато, производ по кој сме единствени како банка на македонскиот пазар. Пакетите нудат дополнителни поволности при користење на е-банкарство со намалени или целосно укинати трошоци за користење на услуги во платниот промет.

Накратко кажано, изработени се продукти со УНИкатен микс од специфични банкарски услуги својствени на УНИБанка, кои тимот грижливо ги изработи следејќи го пулсот и желбите на најпребирливите клиенти.

Што значи УНИКатниот е-бизнис пакет што го нудите за правни лица?

Е-Пакетите за Правни лица во промотивната кампања  со право ги нарековме УНИкатни, бидејќи ваков вид на пакети се појавија за првпат на банкарскиот пазар во земјата. Креирање на Е-пакетите е потврда дека УНИБанка го препознава и го следи трендот за дигитализација и современите потреби на компаниите во поедноставување и минимизирање на трошоците при нивното работење. Главните придобивки на Е-пакетите се во тоа што клиентите неколкукратно ги намалуваат своите банкарски трошоци во тековното работење и притоа се едноставни во прикажување на содржината и цената на самите пакети и услуги.  УНИ Банка нуди Е-пакети со кои компаниите заштедуваат од една страна, а притоа ја користат удобноста, ефикасноста и сигурноста во работењето преку електронското банкарство од друга страна.

Ја користам оваа пригода да го најавам третиот најнов Е-пакет МИНИ, кој го креиравме и е наменет за Микро и МС компаниите кои немаат голем број и обем на трансакции, а претставуваат значаен фактор во македонската економија. Цената е симболична и атрактивна, во потполност оптимизирана токму за овој тип на корисници, со цел значителна заштеда при користење на Е-банкарство. Имено, со уплата од 590 денари, корисниците на пакетот добиваат, целосно месечно одржување на сметката, 30 интерни плаќања, 10 КИБС плаќања и 2 МИПС плаќања, при што заштедата која би можеле да ја остварат се движи од минимални 1.520 денари до 6.350 денари. Пакетот е веќе достапен за сите оние кои се заинтересирани и доколку клиентите сакаат да го активираат тоа  може да го сторат со директно аплицирање преку Е-банкарство или во најблиската експозитура.

Секоја компанијата многу едноставно може да го направи изборот на пакетот во зависност дали работи повеќе денарски или денарски и девизен платен промет. Клиентите плаќаат една провизија месечно за сите продукти кои се опфатени со Е-пакетот. Накратко, во сите три пакети се вклучени различни бенефиции како на пример, неограничен број интерни плаќања преку електронско банкарство, соодветен бесплатен број на денарски плаќања преку КИБС и преку МИБС, додека Е-ПАКЕТ+ овозможува дополнително бесплатни неограничени девизни приливи и 3 бесплатни девизни плаќања независно од износот.

Во колкава мера ги прифаќаат и ги користат придобивките од дигитализацијата вашите клиенти компании, каде има најголем напредок во тој поглед, а каде се уште треба едукација и информираност?

Дигитализацијата е веќе наше секојдневие. Нашите клиенти одамна ги уживаат бенефитите од дигиталните плаќања кои овозможуваат брзина, сигурност, заштеда на време и секако значително пониски провизии во споредба со оние кои ги нудат традиционалните методи на плаќања. Вработените во УНИБанка во континуитет и на дневна основа ги едуцираат и информираат клиентите за предностите од дигиталните плаќања. Дефинитивно и со сигурност можам да кажам дека навиките се менуваат и се поголем е бројот на клиенти кои користат електронско банкарство. Имено ова го потврдува и фактот дека во 2019 година застапеноста на плаќањата со е-банкарство учествуваа со  42% од вкупниот платен промет во банката, додека тој процент денес веќе изнесува 85%.

Со цел едукација и информирање на клиентите со гордост можам да кажам дека е изработен  современ контакт центар и развиена едукативна т.н. ВЛОГОСФЕРА, која е достапна на веб страната на банката, како едукативен програм-водич за користење на е-банкарството, каде преку видео содржина  се појаснуваат сите функционалности на е-банкарството.

Наш императив и во годините кои следат е и понатаму да развиваме нови и иновативни банкарски производи според потребите на корисниците.

Кои се според вас најголемите предизвици за малите и средни компании во земјава, од аспект на општиот економски амбиент во којшто работат?

Неспорно е дека компаниите минаа тешки години полни со предизвици, но би сакал да бидат запаметени по она што го добивме и научивме, наместо по она што го загубивме. Дел од компаниите покажаа флексибилност, издржливост и успешно ги надминаа проблемите, но за жал имаше и компании кои не успеаја да се адаптираат на промените.

Малите и средни компании се столбот и двигателот на секоја економија. Флексибилни се, брзо се прилагодуваат на промените и полесно се адаптираат на новиот економски амбиент. Предизвици постојано имало и ќе има. Би истакнал дека компаниите покрај многуте предизвици кои го карактеризираа периодов генерално се соочија со два позначајни со кои се’ уште се справуваат.

Првиот е ценовниот шок и инфлацијата. Тоа бараше од нив брзо прилагодување како и правилна и точна ценовна политика, со цел да ги задржат купувачите, зголемат учеството на пазарот, но и ја задржат својата профитабилност.

Вториот предизвик е недостатокот на човечки ресурси, односно квалификувана работна сила. Општ впечаток е дека денес не е само предизвик да се најде нова работна сила туку и да се мотивира и задржи постоечката.

Како заклучок по ова прашање,  би ги охрабрил компаниите да не се ограничуваат само на македонскиот пазар, туку да размислуваат регионално и пошироко, со цел да ги диверзифицираат ризиците од работењето и да пркосат на предизвиците. Секогаш да ги следат трендовите, очекувањата и желбите на потрошувачите, да се модерни и  дигитализирани, бидејќи во тоа е иднината. Се разбира дека при тоа треба внимателно да одберат сигурна, стабилна и доверлива банка, со силна развојна стратегија, која во чекор ќе ги следи нивните потреби и активности.

Што вие како банка која работи секојдневно со компании откривате како слабост на која треба да се работи повеќе со цел да бидат поотпорни на различен тип шокови и поконкурентни на пазарот?

Како Банка пред се настојуваме со овие компании да развиваме директна и непосредна комуникација. Целта е на овој начин компаниите да го искористат можеби нашиот највреден продукт кој го нудиме, а тоа е банкарскиот совет и искуство.

Насоките се,  да бидат внимателни во планирањето, да ја контролираат задолженоста на своите компании, редовно да ги подмируваат своите обврски кон сите институции и своите вработени. При тоа да користат наменски и прецизно структурирани банкарски производи кои би придонеле за минимизирање на нивните банкарски трошоци и би придонеле за пораст во нивното работење. Дополнително влијание во оптимизирање на трошоците ги истакнуваме и поволностите од дигиталното банкарство, како  максимизација на ефектот од своите слободни парични средства со атрактивни депозитни продукти кои ги споменавме.

За крај би истакнал дека не може да зборуваме за развој на економијата, за зголемување на конкурентноста на компаниите, за зголемена ефикасност и оптимизација на трошоците, доколку немаме стабилни, сигурни и доверливи Банки. Модерни банки,  кои  следејќи го финансискиот пулс на компаниите и економијата ќе креираат производи  со  основна цел успешен раст и развој на компаниите.

Ова е основната мисијата на УНИБанка АД Скопје, да биде водечки и суштински дел од  креирањето на еден модерен финансиски систем во кој ќе стопанисуваат компаниите.

македонија8 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија11 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје