Connect with us

банки

„Висок старт за твојот стартап“ – Нов пакет на ПроКредит банка со поволности за нови компании, личен банкар и услуги без провизии

објавено

на

Со Стартап пакетот на новите компании им се овозможува онлајн отворање на сметка, целосен дигитален пристап до сметките, бизнис дебитна/кредитна картичка, како и реализацијата на трансакции и управувањето со нивните финансии од каде било и во секое време.

ПроКредит Банка, како дигитална банка посветена на развој на локалната бизнис заедница, преку своите професионални услуги постојано привлекува прогресивни компании. Овој пат, банката воведува специјална понуда за стартапи, нов пакет на услуги кој го олеснува начинот на кој новите бизниси управуваат со своите финансии, со што банката нуди целосна поддршка во клучните чекори кон успехот.

Разбирајќи ги предизвиците со кои се соочуваат стартапите, ПроКредит во новиот пакет вклучува личен советник за бизнис клиенти, без дополнителен паричен надомест. Овој професионалец ќе биде главна точка на комуникација со банката што ќе овозможи клиентите брзо и ефикасно да ги извршуваат неопходните операции во банката. Дополнително, советникот за бизнис клиенти ќе обезбеди водство и поддршка за да се осигура дека бизнисите донесуваат информирани финансиски одлуки, помагајќи им да напредуваат и растат.

Една од главните придобивки на стартап пакетот е бесплатно одржување на сметката за првите 2 години од датумот на основање на компанијата. Исто така претприемачите сега ќе можат да ги извршуваат своите секојдневни плаќања во доменот на платен промет во земјата со 0 денари надоместок.  Дополнително, со најниски и фиксни провизии за трансакции со странски земји, како и автоматизирани и бесплатни приливи од странство ПроКредит Банка го прави меѓународниот бизнис полесен и поисплатлив.

Со Стартап пакетот на новите компании им се овозможува онлајн отворање на сметка, целосен дигитален пристап до сметките, бизнис дебитна/кредитна картичка, како и реализацијата на трансакции и управувањето со нивните финансии од каде било и во секое време.

„ПроКредит банка секогаш поддржува напредни и иновативни идеи поради што постојано осмислуваме нови начини за поддршка на претприемачкиот потенцијал. Како докажан партнер на локалните бизниси веќе 20 години, со 90% кредитно портфолио насочено токму кон малите и средни претпријатија, имаме големо искуство и експертиза за развој на претпријатија во рана фаза. Горди сме што воведуваме неспоредливо решение кое во одредена мера ќе помогне на новите бизниси, ќе ги минимизира финансиските бариери и ќе го забрза нивниот развој. Поддршката на стартап заедницата е во линија со социјалната одговорност на ПроКредит кон развој на македонската економија, поттикнуваќи иновации и отворање на нови работни места. Верувам дека ова е само почеток и дека понатаму ќе ги надополнуваме и усовршуваме услугите кои ќе ги нудиме на стартап компаниите” вели Милан Дамчевски, Член на Управниот одбор на ПроКредит Банка.

Како дополнителни предности се издвојуваат можноста за кредитирање по 12 месеци работа и ексклузивната опција за кредитна картичка со што Банката уште еднаш ја докажува посветеноста да им помогнеме на претприемачите побрзо да ги постигнат своите цели.

ПроКредит банка, насочувајќи се кон растот на новите бизниси постојано работи на подобрување на условите, па така и во периодот што следи стартапите ќе уживаат уште поголеми бенефити од банката.

Доколку сте стартап компанија која влегува на пазарот и има потреба од квалитетна поддршка при управувањето со финансиите, тогаш овој пакет е вистинскиот избор за вас. Повеќе информации за Стартап пакетот на ПроКредит Банка побарајте на ProCredit Bank – Стартапи (pcb.mk)

Комерцијален ПР текст

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Како да се водат состаноци: не мора да се долги, мачни и здодевни, може и поинаку

регион2 недели ago

Во Хрватска платите растат двојно побрзо одошто просекот на ЕУ: работодавците бараат покачувањата да се врзат со продуктивноста

свет2 недели ago

Како турнејата на Тејлор Свифт може да ја поправи економската слика на Европската унија