Connect with us

македонија

Виталиа е единствениот производител  со оцена А на престижниот BRC сертификат за квалитет

Успех на домашната компанија за здрава храна

објавено

на

BRC сертификатот го поседуваат само одговорни компании, кои се придржуваат кон високите, интернационални стандарди предвидени од Британскиот конзорциум за малопродажба, како што се глобалните корпорации Tesco и Walmart. Со цел да се усогласат со овие стандарди, компаниите кои работат во секторот за храна (производители) мора да исполнат повеќе критериуми во процесот на производство.

Кога велиме дека сакаме „квалитетна храна“, најчесто мислиме на нешто што ќе не’ засити и наполни со енергија, а истовремено ќе биде доволно вкусно за да сакаме да го јадеме повторно. А сепак, во прехранбената индустрија постојат сосем различни очекувања и дефиниции на што е тоа „квалитетна храна“, која доаѓа од квалитетни производители.

Глобалните стандарди за квалитет постојат за да гарантираат дека одредени производители или добавувачи се придржуваат до претходно поставените критериуми, со кои се обезбедува квалитетот на производот. Македонската компанија за здрава храна Виталиа веќе со години ги исполнува дури и највисоките светски стандарди за квалитет, за што се доказ и повеќето награди, сертификати и признанија кои ги добива.

Истовремено, Виталиа е првата компанија за производство на здрава храна во Македонија која го има добиено престижниот сертификат BRC.

Високи меѓународни стандарди

BRC сертификатот го поседуваат само одговорни компании, кои се придржуваат кон високите, интернационални стандарди предвидени од Британскиот конзорциум за малопродажба, како што се глобалните корпорации Tesco и Walmart. Со цел да се усогласат со овие стандарди, компаниите кои работат во секторот за храна (производители) мора да исполнат повеќе критериуми во процесот на производство.

Овие критериуми вклучуваат: HACCP анализа на опасностите и систем за управување со критични контролни точки, процедури за заштита на животната средина и околината, утврдување на влијанието на околината врз процесот на производство, процес на контрола и компетентност на персоналот, имплементирање стандарди за хигиена на процесот и вработените, контрола на добавувачите на суровини, контрола на пакување и означување согласно законските прописи во и надвор од Македонија, заштита од контаминација на продуктот, редовно одржување на опремата за работа…

При оценувањето на Виталиа, BRC ѝ ја додели високата оцена „А“ која гарантира дека компанијата го „поминува тестот“ по сите предвидени критериуми.

BRC е еден од двата „клучни“ стандарди кои се одобрени од Глобалната иницијатива за безбедност на храната (GFSI), покрај стандардот IFS (International Food Standard), кој практично се смета за негов еквивалент. Двата стандарди ја гарантираат безбедноста и квалитетот на производот во прехрамбената индустрија. Со добивањето на сертификатот BRC и IFS, производителот дава до знаење дека поседува високо ниво на компетентност за следење и постојано подобрување на квалитетот и безбедноста на производот и дека ги презел сите можни мерки на претпазливост за да спречи проблеми доколку квалитетот и безбедноста некогаш бидат предизвикани.

Што значи „одговорен производител“?

Виталиа е истовремено единствената компанија – производител на здрава храна во Македонија која веќе со години успешно ги има двата сертификата BRC и IFS, основа за градење на доверба кај клиентите и потрошувачите. Како резултат на тоа, компанијата во континуитет бележи успешен раст на извозот преку освојување на нови клиенти ширум светот.

Квалитетот на крајниот производ е важен, но задржувањето на квалитетот во текот на целиот производен процес е она што ги одвојува вистински одговорните производители од „останатите“.

„Барањата на модерниот потрошувач се поистенчени од било кога – и тоа е факт! Сега не е доволно само производот да е вкусен и убаво спакуван, туку потрошувачот има потреба да биде информиран и за состојките, производниот процес и за одговорните (или неодговорни) практики на компанијата-производител. Во години кога исклучително голем фокус се става на грижата за животната средина, за здравјето и за општествената одговорност – тие едноставно не можат да се одвојат од самиот производ.“, велат од Виталиа.

Токму од оваа причина, глобалните стандарди за квалитет и сертификатите кои произлегуваат од нив се потребни за да се постави „почетна точка“, но и цел, односно крајна точка за статусот на производот.

Македонската компанија Виталиа се придржува до својата заложба да произведува безбедни производи, по светски стандарди. Така, се заштитуваат потрошувачите, преку поставување на повисоки очекувања од целата индустрија.

Виталиа е единствената компанија – производител на здрава храна во Македонија која веќе со години успешно ги има двата сертификата BRC и IFS, основа за градење на доверба кај клиентите и потрошувачите.

македонија3 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација