Connect with us

економија

Владата вети речиси 500 милиони евра, коморите чекаат реализација, опозицијата обвинува за поткуп

Сите мерки од четвртиот антикризен пакет

објавено

на

Вкупно 470 милиони евра се подготвени за четвртиот пакет антикризни мерки што премиерот Зоран Заев ги претстави пред македонската јавност деновиве. Пакетот се состои од 31 мерка, а парите се наменети за помош на бизнисите и граѓаните со цел ублажување на последиците од економската криза предизвикана од Ковид пандемијата. Четвртиот пакет доби виза и од Економско – социјалниот совет, во кој членуваат коморите и синдикатите, додека опозицијата пак, жестоко ги критикуваше, тврдејќи дека се работи за класичен поткуп, популистички мерки и сл.

Вкупно 470 милиони евра се подготвени за четвртиот пакет антикризни мерки што премиерот Зоран Заев ги претстави пред македонската јавност деновиве. Пакетот се состои од 31 мерка, а парите се наменети за помош на бизнисите и граѓаните со цел ублажување на последиците од економската криза предизвикана од Ковид пандемијата.

„Нашето внимание е целосно насочено кон поддршка за работните места, кон невработените лица, социјално ранливите категории како што се пензионерите и граѓаните од други категории, самохрани родители итн.

Една од најзначајните мерки во четвртиот пакет е Поддршка за исплата на плати, која продолжува да важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември. Новост во оваа мерка е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите во компаниите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари.

Четвртиот пакет мерки е директна помош за економската и социјалната сигурност на нашите сограѓани, како и за поттик на приватната потрошувачка како стимулатор на општествениот раст.“, рече Заев.

Како прва од четвртиот пакет мерки, Заев ја издвои  мерката Поддршка за исплата на плати, која продолжува да важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември.

Новост во оваа мерка е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите во компаниите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари.

Со новата методологија за државна помош за исплата на платите ќе бидат поддржани 83.000 работни места, односно вкупно 250.000 плати за последниот квартал.

„Вредноста на оваа мерка изнесува 70 милиони евра и  за да се оствари правото на неа, компаниите што ќе аплицираат мора да го задржат бројот на вработени заклучно со 31 јули 2020 година“, рече Заев.

Оваа мерка важи и за самостојните вршители на дејности, односно трговците поединци, лицата што вршат земјоделска дејност, занаетчиска дејност и лица што вршат други услуги.

Четвртиот пакет доби виза и од Економско-социјалниот совет, во кој членуваат коморите и синдикатите. 

Од Стопанската комора на Македонија, рекоа дека со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

„Тргнувајќи од досега преземените мерки, но и овие од четвртиот сет, а имајќи ги предвид состојбите и укажувањата на компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија за очекуваното продолжено негативно влијание врз стопанството предизвикано од корона кризата, позитивен е пресвртот дека во дел од мерките поддршката нема да се однесува само на краткорочни мерки за санирање на последиците од кризата, туку се предвидуваат и системски реформи кои би се однесувале на целото стопанство.“, веднаш по донесувањето на мерките коментираше Билјана Пеева-Ѓуриќ, в.д. извршен директор на Стопанската комора на Македонија.

Од Сојузот на стопански комори, кој силно се залагаше да се даде поддршка за малите и микро фирми, велат дека носењето на последните економски мерки, за разлика од претходните три, се одвивало во еден поинклузивен процес, во кој се согледа значењето на предлозите што ги дале и тие беа прифатени. Сега следува фазата на имплементација, која е еднакво важна за да може да дадат резултат прифатените мерки, велат од ССК.

„Потенцираме дека економските мерки за спас треба да бидат изготвени во формат во кој ќе се поедностават критериумите за нивно користење, со цел да бидат подостапни за претпријатијата на кои им се најмногу потребни. Еднакво е важно, неодложно, со највисок степен на итност да се преточат во реалност, затоа што оваа помош е важна за претпријатијата“, велат од ССК.

Веднаш по објавувањето на новите владини мерки за спас на економијата лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски упати низа критики и за претходните три пакети, кои според него не се реализирани и за 5 месеци ќе остават најмалку 40.000 луѓе на улица.

„Токму затоа и четвртиот пакет мерки е промашен обид да се дефукусира вниманието од вистинските проблеми. Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен“, рече Мицкоски….

Мицкоски смета дека платежните картички се институционален поткуп на граѓаните. Како срамна ја оцени мерката на културните работници да им се нудат по 6 илјади денари еднократна помош, а според него оваа сума не е доволна ни за пензионерите.

Нови 100 милиони евра евтини кредити

Најавеното намалување на увозните давачки за суровини и репроматеријали (измена на Царинската тарифа) е едно од приоритетните прашања за кое коморите имаа покренато барање конечно да се пристапи кон решавање.  За извозно ориентираните компании, кои реално и сега и во иднина ќе ја држат економијата на нозе, оваа мерка е силна поддршка која значително ќе влијае на зајакнување на конкурентноста на домашните производи и можност за нивно поголемо присуство на странските пазари, сметаат од бизнис коморите. 

Ги претставуваме останатите 30 мерки од четвртиот антикризен пакет.

(2) Платежни картички за граѓаните за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности.

Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 луѓе,  пензионери, невработените кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници.

Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат уште 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички. Освен тоа,  поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици.

Заев рече дека Владата  ќе ги помага  и оние граѓани кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.

Со тоа, оваа мерка опфаќа на 283.000  граѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра.

(3) Зголемувањето на грејс периодот кај бескаматните кредити од КОВИД-1 линијата.

Со оваа мерка, преку Развојната банка на Република Северна Македонија, на постоечките корисници на кредитни линии од оваа банка, ќе им бидат обезбедени дополнителни 3 месеци грејс период пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити.

(4) Обезбедени се нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија.

Овие поволни кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија се обезбедени преку Европската инвестициона банка и ќе бидат пласирани во јануари 2021, преку деловните банки за поддршка на домашните компании, со исклучително ниска камата.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во интервју за Капитал најави дека евтини кредити ќе бидат уште побрзо понудени на компаниите. 
„Бескаматните кредити, и т.н. меки кредитни линии со ниски камати во наредниот период ќе бидат со многу позасилено темпо дистрибуирани до приватниот сектор. Можам уште сега да објавам дека во текот на овој месец ќе биде пуштена уште една кредитна линија во износ од 31 милиони евра бескаматни кредити кои дополнително ќе ја зголемат ликвидноста во стопанството и ќе влијаат кон забрзување на економските процеси во државата.“, рече Битиќи.

(5) Поддршка со плати за туристичките водичи.

На 150 регистрирани туристички водичи за месеците октомври, ноември и декември, ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина 21.776 денари.

(6) За поддршка на секторот туризам, како еден од најпогодените од кризата, определена е  мерка – Поврат на туристичката такса за 2019 година.

На 4.740 субјекти кои организирале ноќевања во 2019 година, ќе им бидат вратени 2 милиони евра, колку што изнесува вкупниот износ на туристичката такса инкасирана во таа година.

(7) Грантови за туристички агенции.

Корисници на оваа мерка ќе бидат 500 туристички агенции, а нејзината вкупна вредност изнесува 1,9 милиони евра за грантови од 3.000 до 7.000 евра за сите туристички агенции во зависност од бројот на вработени и од вкупниот промет во 2019 година, и во зависност од тоа дали се носители на А или Б лиценца.

Поддршка и за ресторани, игротеки, казина…

(8) Намалување и/или укинување на парафискалните давачки.

Наскоро,  повторно во соработка со стопанските комори, ќе следува утврдување на листа од приоритетни парафискални давачки, како што се надоместоци, такси, дозволи, лиценци, плаќања за издвојување средства по разни основи и нивно тековно намалување и/или укинување на некои од нив.

(9) Грантови за ресторани за свадби.

Поддршка ќе добијат сите регистрирани и лиценцирани субјекти за оваа дејност, во вкупна вредност од 1 милион евра.

Грантовите одделно се во висина од 3.000 до 10.000 евра, во зависност од остварениот промет во 2019 година.

Овде се отвора опцијата за регистрација на таквата дејност затоа што еден дел од овие дејности се регистрирани за организирање свадби, а еден само за достава на храна.

(10) Продолжување на лиценците за работа на дискотеките, ноќните клубови како и за компаниите од транспортната заедница.

Согласно регистрацијата за работа, на околу 120 дискотеки и ноќни клубови, како и на околу 7.000 транспортери, ќе им се продолжи лиценцата за работа и во 2021 со 0 денари надомест, со тоа што транспортерите ќе добијат ослободување плус уште за една година во зависност од тоа кога им истекува лиценцата што ја добиле.

(11) Грантови се предвидени и за игротеки за деца.

За околу 1.000 игротеки ќе се обезбедат грантови во висина од 1.000 до 5.000 евра во зависност од остварениот промет во 2019 година, а целата вредност на оваа мерка изнесува 2,5 милиони евра.

(12) Поддршка за занаетчиите.

Со неа се предвидува намалување на ДДВ-то на нивните услуги и производи од 18% на 5% за да се зајакне нивната конкурентност на пазарот.

„Напоменувам дека на самостојните вршители на дејности, односно на занаетчиите, им остануваат на располагање и другите мерки, како оние за поддршка за исплата на платите или пристапот до поволните кредити од Развојната банка на Северна Македонија.“, рече Заев на прес конференцијата.

(13) Државна кредитна гаранција.

Со оваа мерка државата става на располагање 10 милиони евра финансиски средства за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик. Со државната гаранција од 10 милиони евра на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра.

(14) Државна царинска гаранција.

Оваа мерка има за цел да им обезбеди поголем извоз на компаниите и полесен пристап до суровини.

Со 3 милиони евра  државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг Владата ќе го  поддржи извозот и увозот и ќе се олесни пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра, преку Развојната банка.

Повторно ќе има одложување на плаќање на аконтација на данокот на добивка

(15) Дополнително одложување на отплата на кредити за компании, до крајот на годината, како уште една мерка за олеснување на работењето на компаниите.

(16) Намалување на казнената камата за јавни давачки за половина од 0,03% на 0,015% до крајот на годината.

(17) Одложување на плаќање на аконтација на данокот на добивка.

Една од мерките која наиде на одобрување и ја прифатија многу компании, како што истакна Заев, и поради тоа е вклучена и во овој сет мерки. Таа предвидува одложување на плаќањето на аконтациите на данокот на добивка до март 2021 година за компании кои имаат пад на приходи поголем од 40%.

(18) Ослободување од ДДВ за донации од јавен карактер, исто така, се продолжува за уште 12 месеци.

(19) Намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци, е нова мерка, со која овие услуги ќе се оданочуваат  со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна стапка од 18%.

Целта на оваа мерка е намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, како и поголема ликвидност на услужниот сектор за храна и пијалаци.

За оваа мерка се потребни законски измени и таа ќе започне со имплементација од 1 јануари наредната година.

(20) Одложено плаќање на ДДВ-то.

За да се олеснат финансиските обврски на компаниите се носи и оваа мерка, со што ќе биде дозволено одложено плаќање на ДДВ, седум дена по поднесување на ДДВ пријавата, без камата.

(21) Бришењето на условот за собирање поени од Континуирано професионално усовршување (КПУ) за продолжување на лиценца за сметководители.

Корисници на оваа мерка се 9.360 регистрирани сметководители, за кои во 2020 година нема да важи условот за собирање поени од Континуирано професионално усовршување за продолжување на лиценцата сметководителите.

Одложување на плаќање на аконтација на данокот на добивка е една од мерките која наиде на одобрување и ја прифатија многу компании, како што истакна Заев, и поради тоа е вклучена и во овој сет мерки. Таа предвидува одложување на плаќањето на аконтациите на данокот на добивка до март 2021 година за компании кои имаат пад на приходи поголем од 40%.

Конечно, намалување на царините за суровини и репроматеријали

(22) Зголемување на периодот за покривање на загуби на товар на идни добивки.

Со оваа мерка ќе се укине обврската од Законот за данокот на добивка за покривање на загубите на товар на идни добивки. Воедно, со предложените измени, ќе се продолжи рокот за пренесување на загуби на товар  до пет години, наместо сегашното законско решение кое утврдува пренесување на загубата до три години.

Оваа мерка стартува оваа година и важи за 2020 и 2021 година.

(23) Зголемување на прагот со кој субјектите би биле дел од режимот на неоданочување со данок на добивка и зголемување на прагот со кој субјектите би влегле во режимот на вкупен приход.

Со оваа мерка се предвидува прагот да биде поставен на 5 милиони денари на годишно ниво, согласно кој може да се стане даночен обврзник во режимот на неоданочување.

Исто така, мерката предвидува да се зголеми прагот со кој компаниите би биле дел од режимот на вкупен приход, односно правните лица кои имаат вкупен приход помеѓу 5.000.001 денар и 10 милиони денари, да може да одберат дали да плаќаат данок на добивка или да преминат во режим на данок на вкупен приход од 1%.

Со оваа мерка ќе се ослободат околу 1,15 милиони евра кои компаниите можат да ги пренаменат за инвестиции или за други развојни бизнис планови.

(24) Признавање на трошокот за приватно здравствено осигурување како признаен расход, како и мерката (25) Признавање на расходите за тестирање од КОВИД – 19, исто така како признаен расход.

(26) Намалување на увозни давачки за суровини и репроматеријали, се обезбедува поддршка за најпогодените преработувачки индустрии, како и поттик за развој на преработувачките капацитети.

Со оваа мерка, покрај сите автономни мерки за суровини утврдени на 24 декември 2019, се вклучува и намалувањето на увозните давачки за природен гас со конечна цел не само економски, туку и еколошки ефект.

Најавата за прилагодување на царинските стапки со оние во ЕУ, односно намалување или ослободување на бизнисите од царини за суровини и материјали што не се произведуваат во земјава беше актуелна и во минатиот мандат на Владата, но не се направи сериозен исчекор. Во нашето интервју го прашавме Битиќи кога конечно ќе дојдат тие промени, но како системска мерка,  што бизнисот со години веќе упорно ги бара? И зошто е толкавиот отпор кај бирократските механизми за нивно спроведување?

„ Во текот на овој мандат ви ветувам дека таков сериозен исчекор ќе биде направен, не само заради барањата на бизнисот туку и со самиот факт дека нашата земја ќе започне преговори за членство во ЕУ каде секако ќе треба да преземеме одредени чекори во намалување на одредени царински бариери низ процесот на хармонизација на нашето со законодавството со ЕУ.
Наша владина определба е во наредниот период целосно да го отвориме царинскиот тарифник и постепено да го прилагодуваме со стапките на ЕУ, а тоа е токму во насока на креирање на предвидливо даночно и деловно опкружување за стопанството како и за државата од аспект на царинските бариери и ограничувања.“, беше одговорот на вицепремиерот.

Викендот без ДДВ треба да донесе 170 милиони евра промет

 (27) Поддршка за развој на човечкиот капитал, во овој пакет е предвидено ослободување од данок на добивка и данок на личен доход за трошоци за вработени кои се однесуваат на доквалификација и тим билдинг.

Ќе се укине данокот на личен доход за трошоци кон вработени кои се однесуваат за обука, квалификации, добивање лиценци, со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на работната сила со која располагаат компаниите, но истовремено ќе се пропише и законски лимит за овие трошоци, на пример една просечна плата на годишно ниво.

Оваа мерка ќе започне да се имплементира од 1 јануари наредната година.

(28) Поддршка на откуп на грозје од реколта 2020 година, за која се предвидени 6.700.000 евра, ќе се поддржат производители на винско грозје кои го предале своето грозје кај регистрирани винарски визби, како и винарски визби за транспортните трошоци при извоз.

Секој извозник ќе добие субвенција според количината извезено вино, која ќе се исплаќа скалесто во зависност од количината на извезено вино.

(29) Ослободување во висина на 2/3 од законски пропишаниот износ за приредувачи на игри на среќа, мерка предвидена за секторот организација на игри на среќа.

Со оваа мерка приредувачите на игри на среќа, казината, ќе плаќаат 1/3 од надоместоците за AR (ауто-рулет) маси и други маси.

(30) Промена на пресметка на основата за финансирање на Единиците на локалната самоуправа, со која при издвојување на средства за единиците на локална самоуправа, наместо само за претходната година како до сега, во предвид ќе биде земена пресметката на просечна наплата на ДДВ за претходните три години.

(31) Викенд без ДДВ.

Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350.000 граѓани, корисници на апликацијата „МојДДВ“, кои за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври ќе можат да купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари, во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ.

„Со ова мерка се проектира да се направи промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, од повратот на ДДВ.“, рече на крајот Заев.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија15 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија23 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија1 недела ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство