Connect with us

македонија

Владата ги усвои новите ковид мерки: администрацијата ќе работи во смени, онлајн или со ротации

објавено

на

Се ограничува работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен за оние што вршат испорака. Исто така, се ограничува капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број патници предвидени во едно возило.

На вчершната 13-та седница, Владата на Република Северна Македонија ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен за оние што вршат испорака, информираат од Владата.

Дополнително, на денешната седница е одлучено да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

Исто така, Владата ја прифатила и препораката, во целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирање на работата да се одвива во смени или онлајн од дома, или пак редуцирано со систем на ротации, зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите, се додава во владиното соопштение.

Вчера пред пратениците во Собранието се најде и новиот пакет мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, односно, мерката за задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето на отворено по 22 часот, како и ограничувањето на семејни собири. Но, за нив не се расправаше, откако опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ побара дополнително време да ги разгледа.

Ширум земјава, во последните 24 часа, регистрирани беа 408 новозаразени, четворица починати и 281 оздравен од Ковид-19.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија3 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација