Connect with us

политика

Владата е најголем работодавач – тоа е основа за корупција!

Извештај за човекови права на Стејт Дипартмент

објавено

на

Со забелешка дека не треба да се заборави дека борбата против корупцијата е човеково право амбасадорката на САД Кејт Брнз го „зачини“ својот говор кога го презентираше Извештајот на Стејт Дипартментот за состојбите со човековите права во Северна Македонија во 2021 година. И не случајно – самиот Извештај нотира забелешки за сериозна владина корупција и за проблеми со владеењето на правото. Покрај неколкуте проблематични области, она што останува голема системска слабост се токму недоволните и слаби резултати на полето на борбата со криминалот и корупцијата, како и преголемата вклученост на Владата во економијата, што според Американците е чиста основа за корупција.

Со забелешка дека не треба да се заборави дека борбата против корупцијата е човеково право амбасадорката на САД Кејт Брнз го „зачини“ својот говор кога го презентираше Извештајот на Стејт Дипартментот за состојбите со човековите права во Северна Македонија во 2021 година. 

И не случајно – самиот Извештај нотира забелешки за сериозна владина корупција и проблеми со владеењето на правото. Покрај неколкуте проблематични области, она што останува голема системска слабост се токму недоволните и слаби резултати на полето на борбата со криминалот и корупцијата, како и преголемата вклученост на Владата во економијата, што според Американците е основа за корупција.

„Владата е најголемиот работодавач во земјата. До крајот на декември 2020 година 131 183 луѓе се вработени во јавниот сектор. Некои поединци што биле на платниот список на Владата, не биле поставени на реални позиции во администрацијата“, стои во Извештајот, каде не е заборавено да се спомене ниту разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, кој бунејќи се за овие состојби одби да ја спроведе владината одлука за распределување на 35 службеници во неговата институција.

Извештајот забележува дека законот предвидува кривични казни за осудени официјални лица за корупција, но  се нотира оти имало извештаи за функционери вклучени во корупција.

Фото: МИА
Со забелешка дека не треба да се заборави дека борбата против корупцијата е човеково право амбасадорката на САД Кејт Брнз го „зачини“ својот говор кога го презентираше Извештајот на Стејт Дипартментот за состојбите со човековите права во Северна Македонија во 2021 година. 

Во него пишува и дека на 15. јули „претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска изјави дека и покрај зголемената перцепција за корупција во судството, само 20 отсто од претставките поднесени до ДКСК го вклучуваат судството, што укажува на јаз меѓу перцепцијата и искуството. На 13. април, како дел од случајот „Трезор“ инициран од поранешното СЈО, Кривичниот суд Скопје ги осуди поранешниот директор на Управата за контраразузнавање и безбедност Сашо Мијалков, како и тројца поранешни соработници, за злоупотреба на службената положба со измама за набавка на опрема за следење од компанија со седиште во Обединетото Кралство, што резултирало со мито од приближно 52 милиони денари (996.000 американски долари). Парите беа пренесени преку Финзи, компанија во сопственост на тогашниот деловен соработник на Мијалков, Орце Камчев, кој во тоа време беше во притвор во врска со одвоено кривично судење. Судот го осуди Мијалков на осум години затвор и му одреди продолжување на притворот, откако утврди дека е ризик од бегство“.

Извештајот го забележува и случајот на поранешниот советник на Кабинетот на премиерот и генерален секретар на владата Драги Рашковски, кој беше уапсен по истрагата за измама за набавка на софтвер за следење на сообраќајот.

„На 23. јули, затворската полиција ја префрли поранешната главна специјална обвинителка Катица Јанева од домашен притвор во скопскиот затвор Идризово, по одлуката на скопска Апелација да ја потврди нејзината пресуда од 2019 година во случајот „Рекет“, стои меѓу другото во извештајот.

Во однос на состојбите со судскиот систем, Извештајот забележува дека има мала реализација на граѓанските пресуди, со што се повредуваат правата на граѓаните, а дека за време на пандемијата судењата биле со доцнења и намален обем. Дваесет  судења (поради пензионирање на судија поротник и разрешување на судија) се вратени на почеток. Проблем е што многу од нив биле веќе во поодмината фаза, а некои од нив се однесуваат на висока корупција и биле иницирани од страна на поранешното СЈО. Извештајот исто така забележува дека многу судења од висок профил биле одложувани порани најразлични причини (што процедурални, што здравствени). 

Полициска неказнивост

Во него се нагласува дека „владата презеде чекори за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите кои извршиле злоупотреба или учествувале во корупција“.

„Значајните проблеми за човековите права вклучуваат веродостојни извештаи за нечовечки и понижувачки услови и тешка пренатрупаност во некои затворски одделенија, насилство и закани за насилство врз новинари, случаи на сериозна владина корупција, недостаток на одговорност за родово и семејно насилство, и насилство и закани за насилство насочени кон лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови, квир или интерсексуални лица“, се вели во извештајот.

Извештајот нотира дека „Народниот правобранител веруваше дека полициската неказнивост и понатаму е проблем, но во помала мера отколку во минатото“.

Извештајот ги оценува парламентарните избори во 2020 година како „вистински конкурентни“, и покрај ограничената способност на политичарите да спроведат теренски активности за време на пандемијата.

„Во својата прелиминарна изјава за парламентарните избори во јули 2020 година и конечниот извештај во октомври 2020 година, Канцеларијата за демократски институции и човекови права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа забележа дека изборите генерално биле спроведени ефективно во услови на прилагодувања како одговор на пандемијата на ковид-19, но правната стабилност беше поткопана со суштинските ревизии на Изборниот законик и последователните ад хок регулативи донесени за време на вонредната состојба“.

„Владата е најголемиот работодавач во земјата. До крајот на декември 2020 година 131 183 луѓе се вработени во јавниот сектор. Некои поединци што биле на платниот список на Владата, не биле поставени на реални позиции во администрацијата“, стои во Извештајот, каде не е заборавено да се спомене ниту разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, кој бунејќи се за овие состојби одби да ја спроведе владината одлука за распределување на 35 службеници во неговата институција.

Според извештајот, националната полиција ја одржува внатрешната безбедност, вклучително миграцијата и спроведувањето на границите, но нагласува дека припадниците на безбедносните сили извршиле „одредени злоупотреби, вклучително и прекумерна употреба на сила од страна на полицијата и затворските чувари“

Нерасветлени напади врз новинари, медиуми поделени по партиски линии

Заклучно со 20. септември, Јавното обвинителство Скопје разгледа 17 кривични пријави за закани и физички или онлајн напади врз новинари, стои во извештајот, во кој се додава дека „обвинителите утврдија дека три од тие претставки заслужуваат дополнителни обвинителски истраги, а три се упатени до Министерството за внатрешни работи поради квалификување како прекршоци. Останатите 11 не заслужуваа обвинителска проверка поради недостиг на докази кои докажуваат криминално однесување“.

Извештајот нотира дека „додека медиумите и известувањата продолжија да бидат главно поделени по политички линии, бројот на независни медиуми кои активно изразуваа различни ставови без отворено ограничување продолжи да се зголемува“.

„На први април, медиумите објавија дека на 31 март, врз основа на кривичните пријави на финансиската полиција, Скопското јавно обвинителство поднесе скратено обвинение за даночно затајување против компанија која наводно е сопственик на ТВ Алфа, комерцијална телевизија со национално покривање. Според пријавата, компанијата затаила околу 62,5 милиони денари (1,2 милиони долари) данок на приходи од 2013/2014 година. Во соопштение до медиумите од 19. мај, ТВ Алфа се пожали на притисок од финансиската полиција за истрага на финансиското и програмското работење на станицата во 2019 и 2020 година и од инспекторите на Министерството за внатрешни работи за проверка на комерцијалното работење на станицата 2013-2020 година“, се вели во извештајот.

Советот за етика во медиумите продолжи да работи на унапредување на саморегулацијата. Заклучно со 25. август, Советот примил 95 поплаки за неетичко известување и лажни вести, што е за 10 отсто помало од бројот примени во истиот период во 2020 година, пишува во извештајот.

Дискриминација и насилство врз жени – само две години затвор за фемицид, мажи гласаат наместо жени, 530 нападнати жени за една година

Извештајот забележува дека спроведувањето на затворските законски казни поврзани со семејно насилство не е на задоволително ниво, но и дека многу жртви воопшто не бараат правда на суд.

Во јануари 2021 Собранието има усвоено Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, со цел да се помогне во спречувањето на семејно и родово базираното насилство и да се заштитат основните човекови права и слободи на жртвите, но во периодот од следните шест месеци (до јуни 2021) регистрирани се дури 789 жртви на семејно насилство, од кои дури 530 жртви се жени, а во судовите во Гостивар и во Кавадарци пријавен е по еден случај на фемицид. Основниот суд во Охрид на убиец на жртва пак досудил две години затвор. Народниот правобранител смета дека казните се преблаги и никако не придонесуваат за намалување и елиминирање на тешките облици на семејно насилство, ниту пак обезбедуваат доволна заштита на жртвите.

Невладиниот сектор анализира и забележува преку податоци дека за време на пандемијата со КОВИД 19 насилството доживеало подем, а родовите разлики се продлабочени. На отворените линии жени секојдневно се јавувале и се жалеле на некаков вид злоупотреба и насилство во домот.

Извештајот исто така забележува дека во некои заедници има практика (која трае и продолжува) мажите да им даваат насоки на жените како да гласаат на избори, или да гласаат наместо жените во нивните семејства.  

економија16 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија1 ден ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал