Connect with us

економија

Владимир Ѓорѓевиќ, Visa: Верувам дека дигиталните плаќања ќе останат прв избор дури и по враќањето во (новото) нормално

објавено

на

Онлајн купувањето  во Македонија забележа значаен скок и, според нашите податоци, е зголемен за 189 проценти во споредба со 2019 година. Почестите плаќања со дигитални методи секако се поврзани со одговорот на пандемијата и желбата да се зачува здравјето. Бидејќи, во прашање е исклучително безбеден начин на плаќање, што е многу важно за нас, бидејќи безбедноста е приоритет за сите нас во компанијата Visa. Поради сето ова, верувам дека дигиталните плаќања ќе останат прв избор дури и по враќањето во (новото) нормално.  

Е-трговијата во Македонија достигна рекордни нивоа –  податоците на Народна банка на Македонија покажуваат дека во 2020 година онлајн плаќањата со платежни картички се значително зголемени, за разлика од 2019 година. Истовремено, за зголемената склоност на потрошувачите кон дигитални плаќања во годината на пандемија сведочат и податоците на компанијата Visa, која забележа зголемување на интернет купувањето за 189 проценти во споредба со 2019 година. За платежните навики на потрошувачите и развојот на дигиталните плаќања во Македонија, разговаравме со г- дин Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на компанијата Visa за Југоисточна Европа.  Ѓорѓевиќ сподели со нас информации за експанзијата на дигиталната трансформација, технолошки иновации за спречување злоупотреба, како и за темата за која се интересираат многу граѓани – иднината на криптовалутите.

– Какви се предвидувањата во врска со однесувањето на потрошувачите за 2021 година и за периодот кој следи по пандемијата? Дали ќе ги задржат навиките што ги стекнале за време на кризата со коронавирусот?

Постојат неколку аспекти поврзани со потрошувачките навики стекнати за време на пандемијата, за кои верувам дека ќе имаат свое место и во 2021 година. Иако е ослабена, пандемијата е сè уште присутна, а на потрошувачите сè уште им е потребно платежно искуство што е најбезбедно за нивното здравје. Ограничувањата на купување без внесување ПИН код се зголемија за 25 проценти во текот на претходната година, правејќи го бесконтактното плаќање секојдневно искуство за повеќето наши клиенти.

Затоа, очекувам иновативните технологии за плаќање да останат избор број еден оваа година, како и да се задржи нивната популарност по пандемијата, бидејќи тие во основа овозможуваат брзо, лесно и удобно искуство за корисниците. Некои од потрошувачите во текот на 2020 година, за прв пат, нарачаа достава на намирници, храна или лекови до нивните домашни адреси, купија подароци, а дигиталните плаќања преку Интернет или мобилни апликации им овозможија да останат поврзани, да покажат грижа и да бидат тука за најблиските, со само неколку кликања.

Онлајн купувањето  во Македонија забележа значаен скок и, според нашите податоци, е зголемен за 189 проценти во споредба со 2019 година. Почестите плаќања со дигитални методи секако се поврзани со одговорот на пандемијата и желбата да се зачува здравјето. Бидејќи, во прашање е исклучително безбеден начин на плаќање, што е многу важно за нас, бидејќи безбедноста е приоритет за сите нас во компанијата Visa. Поради сето ова, верувам дека дигиталните плаќања ќе останат прв избор дури и по враќањето во (новото) нормално.  

Колку се развиени дигиталните плаќања во Македонија во споредба со земјите од ЕУ?

Македонија бележи добри резултати во сегментот за дигитални плаќања. Бесконтактните опфаќаат скоро 60 проценти од сите Visa трансакции што се случуваат лице в лице.[1] На светско ниво, оваа бројка е 43 проценти, а кога зборуваме за земјите од ЕУ, тоа е околу 80 проценти.[2] Податоците потврдуваат дека потрошувачите сакаат секојдневните, рутински активности како што е плаќањата да ги извршуваат едноставно, безбедно и со минимално потрошено време.

Мобилното искуство како прво и најважно во обезбедувањето дигитални услуги станува сè побарано во доменот на платната индустрија. Ако знаеме дека скоро четвртина од времето во текот на денот поминуваме користејќи мобилен телефон,[3] очекувам дека во наредниот период ќе бидеме сведоци на зголемена миграција кон плаќање со паметни уреди. Сепак, со оглед на нивото на зрелост на пазарот за мобилни плаќања во Македонија, мислам дека е сè уште рано да се прават споредби со пазарот на ЕУ.   

-Дали очекувате експанзија на дигитални трансформации на бизнисите во наредниот период и што е потребно за компаниите да ги подобрат своите деловни системи?   

Од четвртата индустриска револуција не може да се побегне, светот се движи во една насока и ние мора да скокнеме на тој воз. Паметните уреди се дел од нашиот секојдневен живот. Преку нив, комуницираме, работиме, добиваме информации, но и купуваме. Многу бизниси во текот на 2020 година сфатија дека прашањата за дигиталното присуство и интеракција со потрошувачите го одредуваат опстанокот.

Глобално, трансформацијата на малите и средни претпријатија трае долго, но кога зборуваме за Југоисточна Европа, значајните промени и експанзијата на дигитализација допрва следуваат. Компанијата Visa е посветена на зајакнување на малите и средни бизниси, а само во текот на претходната година им помогнавме на малите бизниси да започнат, продолжат или завршат со дигитализацијата на бизнисот во соработка со партнери од банкарскиот и деловниот сектор. Ставањето на нашите сопствени ресурси и знаење во служба на дигитализацијата на малите и средни претпријатија ќе остане еден од нашите приоритети и во 2021 година.   

-Какви се Вашите предвидувања кога станува збор за технолошки иновации што можат да спречат обиди за злоупотреба?

Светските компании претходната година забележаа зголемен број на обиди за злоупотреба. Низ Централна Европа, Блискиот исток и Африка, забележавме зголемување на сајбер нападите извршени од една од најпознатите измамнички техники – социјалниот инженеринг. Заради тоа, повеќето потрошувачи преземаат чекори да се заштитат од потенцијална злоупотреба при онлајн купување, а скоро половина од деловните субјекти веруваат дека управувањето со ризиците е клучна област за успешно деловно работење оваа година.[4]

Бизнисите ширум светот започнуваат борба против сајбер нападите со усвојување на уште понапредни и побезбедни технологии како што се токенизација, безконтактни плаќања и EMV чипови на паметни картички. За компнаијата Visa, токенизацијата претставува важно решение што е директно поврзано со заштита на корисниците и овозможување безбедна дигитална трговија. Токенизацијата ги заменува чувствителните информации за сметката со единствен дигитален идентификатор кој е наречен токен, кој што овозможува да се обработуваат плаќањата без да се изложуваат податоците. Дополнително, безконтактните Visa картички го имаат истиот EMV безбедносен чип како и контактните, а секоја трансакција вклучува единствен еднократен код, кој спречува информациите да се злоупотребат. Веруваме дека современата трговија се заснова на беспрекорно и безбедно искуство за плаќање за сите, а иновациите во областа на безбедноста ќе останат наш приоритет во иднина.  

-Земајќи го предвид актуелниот скок на вредноста на биткоинот, какво е Вашето гледиште за иднината на криптовалутите?  

Важно е да се разбере разликата помеѓу децентрализираните криптовалути како што се биткоинот и другите дигитални валути кои се директно поддржани од страна на постоечките, декретни. Повеќето луѓе кои поседуваат биткоин ја сметаат оваа валута како дигитално злато, односно како вид на добро што потенцијално носи профит, наместо како средство за плаќање на стоки и услуги. Од друга страна, декретните валутите, вклучуваат и стејбиткоин и дигитални валути на централните банки, имаат статус на иновативни платежни средства што имаат потенцијал да се користат на глобалниот пазар. Денес, 35 водечки платформи за тргување со криптовалути избираат да работат со компанијата Visa, вклучувајќи ги Coinbase, crypto.com, BlockFi, Fold, Bitpanda, што претставува потенцијал за повеќе од 50 милиони наши корисници.


[1] Податоци од компанијата Visa

[2] Годишен Visa извештај

[3] Извор: https://www.forbes.com/sites/johnkoetsier/2020/08/17/weve-spent-16-trillion-hours-on-mobile-so-far-in-2020/?sh=52fb3e406d61

[4] Visa Back to Business Study, 2021.

економија7 дена ago

Алексова, ТУК: Неповратна финансиска помош за спас на туризмот и угостителството

банки7 дена ago

Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

економија6 дена ago

Помала премија за речиси 5% или 8,5 милиони евра во 2020

македонија6 дена ago

Опасниот вирус на лагите е сојузник на Ковид – 19

економија6 дена ago

Властите задоволни од ефектот на антикризните мерки, бизнисот бара уште

технологии / компании2 дена ago

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Управување со ликвидноста и cash gap

свет6 дена ago

Како еден град станува паметен?

македонија6 дена ago

Амбициозен инвестициски план: ќе бидат вложени преку 105 милиони евра во нови маркети и други содржини

lifestyle6 дена ago

Марк Кјубан: Станете експерт во тоа што го работите. Тоа ќе ви даде предност затоа што повеќето луѓе не го прават тоа.