Connect with us

интервју

Владислав Хаџидинев: УНИБанка се трансформира во динамична и амбициозна банка

Владислав Хаџидинев, извршен директор и член на УО на УНИБанка

објавено

на

„Спремни сме за нов циклус. Ги имаме сите неопходни елементи за да бидеме меѓу лидерите на пазарот – одлично подготвен и мотивиран тим од експерти, организирани процеси, модерна ИТ инфраструктура и прудентен риск менаџмент. Нашата  цел е да се развиваме и да бидеме една од најстабилните и најмодерни банки на македонскиот пазар, која ќе им понуди на своите клиенти продукти и услуги соодветни на нивните потреби.“

Брзо одобрување и исплата на потрошувачки кредити; бесплатен токен за трансакции преку мобилен уред; перпетуална обврзница…се само дел од чекорите што УНИБанка ги воведе прва на македонскиот банкарски пазар и по кои што стана карактеристична како една од најиновативните банки во земјава. Минатата година, и покрај тоа што беше тешка за целата економија поради пандемијата, за УНИБанка беше рекордна според остварената добивка, од   шест милиони евра. Со извршниот директор на банката и член на Управниот одбор, Владислав Хаџидинев, разговаравме околу главните фактори за овој успех на УНИБанка, како и плановите и перспективите за понатамошен раст и развој.

Г-дин Хаџидинев, после пет  години како извршен директор и член на Управниот одбор на УНИБанка, што може да кажете за нејзината позиционираност  денес: кои се главните постигнувања на банката во овој период?

Мислам дека во текот на изминатите 5 години, УНИБанка успешно се трансформираше во динамична и амбициозна банка. Во овој период, многу пати докажавме дека можеме да бидеме иновативни и храбри. Се фокусираме да ги надминуваме очекувањата на клиентите и да бидеме добар конкурент на најсилните банки на пазарот во Македонија.

Нашите услуги често имаат пионерски дух. На пример, во 2018 година бевме една од првите банки, која понуди одобрување и исплата на потрошувачки кредити во рамките на 30 минути. Тоа се должеше пред се’, на нашата способност да го искористиме потенцијалот на нашата ИТ инфраструктура, во комбинација со нашата експертиза во делот на управувањето со кредитниот ризик. Резултатот беше одличен. Во тој период, секој втор потрошувачки кредит во банкарскиот систем, беше исплатен од УНИБанка. Се разбира, го зголемивме пазарниот удел, но поважното е дека се позициониравме како еден од главните фактори во сегментот население.

Нормално, динамиката во порастот на кредитното портфолио и активата на Банката, не можеше да се случи без соодветно ниво на сопствен капитал. За последните пет години, УНИБанка беше меѓу најпрофитабилните банки на пазарот, со просечен поврат на капиталот (ROE) над 16%. За периодот, секоја година ја реинвестиравме добивката и практично го удвоивме сопствениот капитал, од близу 19 милиони  евра во 2015 година на скоро 45 милиони  евра во 2020 година. Мислам дека движењето на цената на акциите на банката за последните 5 години кои котираат на македонската берза, го потврдува успехот на банката во периодот. Меѓутоа, имаме потенцијал за дополнителен пораст. 

После тој петгодишен период, УНИБанка е спремна за нов успешен циклус. Ги имаме сите неопходни елементи за да бидеме меѓу лидерите на пазарот – одлично подготвен и мотивиран тим од експерти, организирани процеси, модерна ИТ инфраструктура и прудентен риск менаџмент. Нашата  цел е да се развиваме и да бидеме една од најстабилните и најмодерни банки на македонскиот пазар, која ќе им понуди на своите клиенти продукти и услуги соодветни на нивните потреби.

Какви се перформансите на УНИБанка во првата половина од годинава, кога се’ уште не е завршена пандемијата  и се чувствуваат последиците од економската криза? Какви се вашите очекувања и прогнози за до крајот на 2021?

Пандемијата создаде без преседан  ситуација од аспект на последиците за економијата и финансискиот систем. Последиците веројатно ќе се чувствуваат и во наредните години, но и се надевам дека најлошото заврши.

УНИБанка влезе во 2021 година во топ кондиција. Минатата година постигнавме нето добивка од 6 милиони евра, што беше апсолутен рекорд за нас. Како поврат на капитал, тоа беше над 18% (ROE), што не позиционира како најпрофитабилна банка во 2020 година, по тој параметар. Одржуваме високо ниво на ликвидност, а адекватноста на капиталот е над 18%. 

Во контекст на банкарскиот систем, моите лични очекувања се дека 2021 година генерално ќе биде период на стабилизација. Сметам дека мерките што ги превземавме мината година беа адекватни и им помогнаа на бизнисите, на граѓаните и на нас банките да ги надминеме најсериозните ризици. Нормално, на сите ќе ни биде потребно време за да се вратиме во нормално темпо на работа и да се исчистат проблемите што се создадоа од т.н.  “локдауни”.

Стратегијата на УНИБанка за време на пандемијата беше насочена во два главни приоритета – да даде максимална поддршка на своите клиенти и да ја заштити банката од сите потенцијални ризици. Сега, на некој начин, навлегуваме во период каде што гледаме глобален тренд на олабавување на мерките и сметам дека тоа ќе даде можност за зголемена економска активност. Во таа насока,  и ние планираме во вториот дел на 2021 година, да ги подзасилиме значително нашите активности, поврзани со кредитирањето и платежните услуги.

Како ја оценувате моменталната состојба на македонската економија и како очекувате таа да се одрази врз понатамошниот раст и развој на банкарскиот сектор во земјава? Дали УНИБанка ќе дава повеќе кредити на краток и среден рок?

Секако потенцијалот за понатамошниот раст на банкарскиот сектор е поврзан со потенцијалот за економски раст. Мислам дека, доколку глобалната и европската економија успеат во наредните години да продолжат во позитивен тренд, истото ќе се случи и со македонската економија. Оптимист сум и очекувам, дека во наредните пет години ќе се соочиме со зголемени инвестиции во приватниот сектор, што е главен мотор за економскиот раст.

УНИБанка е подготвена да биде активен учесник во стопанскиот процес. Спремни сме да ги кредитираме македонските бизниси и домаќинства согласно нивните потреби. Брзината на нашите процеси и конкурентните цени на нашите кредитни производи ќе ни помогнат да го зголемиме задоволството на клиентите. 

Сега, после две и пол години од емитувањето на перпетуалната обврзница, како го оценувате овој потег на Банката? Дали и во блиска иднина е можен сличен процес за повторно прибирање на свеж капитал?

Перпетуалната обврзница, што УНИБанка ја издаде во 2019 година, беше првиот финансиски инструмент од ваков тип издаден на македонскиот финансиски пазар. За целата екипа на банката, ова е еден од симболите на успех и иновативност во последните неколку години. 

Емисијата дефинитивно беше успешна, како за банката од аспект на нејзиното влијание врз капиталот и нејзината репутација, така и за сите инвеститори. Важно е да се потенцира дека емисијата беше купена од македонски инвеститори, што е доказ за довербата што УНИБанка ја има на локалниот пазар. 

Можноста за диверзификација на изворите на капитал е добра за банката. Оттаму, мислам дека е многу веројатно, во блиска иднина, УНИБанка да подготви нови слични капитални инструменти во согласност со нејзината стратегија и бизнис плановите.

Пандемијата очигледно само ги забрза процесите на дигитализација што неминовно доаѓаа. Како е во моментов позиционирана УНИБанка во делот на дигитализација на своето работење со клиентите и кои се според Вас клучните дигитални  трендови што треба да ги очекуваат корисниците на банкарските услуги допрва?

Дигитализацијата е еден од главните наши приоритети во последните 5 години. Потврда за тоа се многуте иновативни решенија што ги воведовме. Во 2018 година, први воведовме бесплатен мобилен токен, што дава највисоко ниво на сигурност при правење на трансакции од мобилен телефон. Во 2020 година пуштивме Пакет 99 денари, со кој практично нудиме неограничен број бесплатни трансакции за клиенти физички лица, преку мобилно и електронско банкарство. Мислам, овој производ засега е без пандан на пазарот.

Пандемијата дефинитивно даде дополнителен фокус на дигитализацијата на целиот банкарски систем. Меѓутоа, сметам дека потенцијалот во таа област се’ уште е многу сериозен и ќе насочиме многу ресурси во надградбата на услугите што нашите клиенти можат да користат директно преку мобилното и електронско банкарство.

Нашата цел е да ја најдеме златната средина меѓу максимално дигитализирање на услугите и одржување на човечката врска помеѓу банката и клиентите. За таа цел, се фокусираме да нудиме дигитални услуги што се првенствено максимално безбедни и лесни за користење, и во исто време да ги подобруваме способностите на нашите вработени да комуницираат ефикасно со клиентите. 

Во услови на пандемија особено стана значаен ангажманот на бизнис секторот во делот на општествената одговорност. Каква е стратегијата на УНИБанка во овој домен? Кои се најзначајните CSR кампањи и активности што ги има спроведено банката?

Во последните неколку години УНИБанка учествуваше во различни иницијативи во делот на општествената одговорност. Најчесто се фокусиравме во поддршката на иницијативи поврзани со образованието и спортот.

Во делот на високото образование, во 2019 година, Банката потпиша договор за стратешка соработка со Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. Врз основа на тој договор се реализирани обуки на вработените и доусовршување на нивните способности, како и ангажирање на студентите и стекнување со практично искуство во финансискиот сектор, како и нивно понатамошно вработување.

Во делот на средното образование во 2020 година, банката во соработка со Министерството за образование и наука, реализира донација на 50 нови компјутери на ново отворената Математичко – Информатичката  Гимназија во Скопје, каде се подготвуваат идните генерации македонски математичари и информатичари. За нас образованието е област каде планираме и во иднина да помагаме, бидејќи е една од најприоритетните области за општеството.

Во спортот, веќе неколку години имаме стратешко партнерство со спортскиот клуб МЗТ Скопје. Нивното влијание во општеството како спортски клуб со големи традиции е сериозно и сме среќни од можноста да бидеме партнери со нив во развивањето на спортскиот дух кај младите.

Каде ја гледате УНИБанка на среден рок, за пет години, на пример? Кои се клучните стратешки цели што допрва треба да ги исполнувате заедно со целиот тим?

Перпетуалната обврзница, што УНИБанка ја издаде во 2019 година, беше првиот финансиски инструмент од ваков тип издаден на македонскиот финансиски пазар.
Фото: Хаџидинев со директорот на Македонска берза Иван Штериев при потпишувањето на договорот за котација на перпетуалната обврзница.

Целта на УНИБанка за наредниот петгодишен период е да продолжиме да го зголемуваме пазарното учество и да се позиционираме како една од главните финансиски институции во државата. Тоа ќе го постигнеме преку фокус врз дигитализацијата, брзина на услугите и одржување на одлична комуникација со клиентите. 

Тимот на УНИБанка е подготвен, организиран и фокусиран врз постигнување на целите. Последните пет години беа исполнети со различни предизвици и тимот докажа дека е способен брзо да се адаптира, за да работи успешно во различни пазарни ситуации. За банката, тимот е еден од најклучните активи и верувам дека УНИБанка располага со едни од најподготвените експерти во банкарскиот систем.  

Како вие лично гледате на „новата нормалност“ што ја наметнува пандемијата за бизнисот и секојдневниот живот, т.е. што ќе значи тоа за принципите на менаџментот кон коишто вие се придржувате, дали тие ќе се променат?

Сметам дека пандемијата не’ потсети колку е важно да се придржуваме до добрите пракси во менаџментот. Основните принципи остануваат непроменети – дефинирање на бизнис цели, планирање како тие да се постигнат, ефикасно организирање на тимот, транспарентна комуникација и поддршка на мотивацијата во колективот. После кризата, мислам за целиот менаџерски тим на УНИБанка е јасно дека мора да бидеме постојано подготвени за непредвидени ситуации и да сме максимално адаптивни. Целите мора да се постигнуваат, независно од промените во бизнис околината. 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија16 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија1 ден ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал