Connect with us

економија

Властите задоволни од ефектот на антикризните мерки, бизнисот бара уште

Cover story

објавено

на

Додека угостителите ги затвораат своите ресторани и барови и притоа бараат државна помош за да го пребродат овој локдаун од две недели, властите споделуваат оптимизам дека економијата покажува знаци на закрепнување. Владините податоци покажуваат дека буџетските приходи од почетокот на годината се повисоки во однос на преткризниот период, и тоа 4,4% раст на вкупните приходи, 5% раст на даноците и придонесите. Според властите, овие резултати во голема мера произлегуваат од ефектите од антикризните мерки, кои од владината седница претходната недела кога се усвои информација наменета за Европската Комисија, според која реализацијата на сите мерки беше 704 милиони евра, сега тие пораснаа на 860 милиони евра. Но, додека угостителите бараат нови мерки, доцни реализацијата на некои мерки од четвртиот и петтиот пакет. Според вицепремиерот Битиќи, станува збор за финансиска поддршка од околу 200 милиони евра, се уште заглавена во Собранието.

Влошената епидемиолошка ситуација во земјата која ги исполни болниците до последно место, наметна повторно затворање на некои услужни сектори во економијата иако властите некое време претходно се обидуваа да избегнат каков било локдаун. Во такви услови, угостителите како најзасегнати од актуелните рестриктивни мерки, веднаш побараа од властите државна помош за да го пребродат ова затворање.

Додека угостителите ги затвораат своите ресторани и барови и притоа бараат државна помош за да го пребродат овој локдаун од две недели, властите споделуваат оптимизам дека економијата покажува знаци на закрепнување.

Според податоците што ги објави премиерот Зоран Заев додека зборуваше за ефектите од четирите пакети антикризни мерки, буџетските приходи биле повисоки во однос на преткризниот период, и тоа 4,4% раст на вкупните приходи, 5% раст на даноците и придонесите.

Според властите, овие резултати во голема мера произлегуваат од ефектите од антикризните мерки, кои од владината седница претходната недела кога се усвои информација наменета за Европската Комисија, според која реализацијата на сите мерки беше 704 милиони евра, сега пораснаа на 860 милиони евра.

Тоа значи дека досега реализацијата изнесува 82%, а властите изразија надеж дека овој процент дополнително ќе се зголеми.

Премиерот Заев, истакна дека „сите пакети на антикризни мерки за поддршка на економијата во својот фокус ги имаат граѓаните, нивните работни места, социјалната сигурност, солидарност, креирање амбиент за полесно надминување на економските последици од коронавирусот и спроведување на брза излезна стратегија за да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија“.

Според владините податоци, вториот пакет економски мерки е целосно имплементиран, а останатите помеѓу 70% и 90%.

„Економските мерки го подобрија економскиот резултат за 4,2 процентни поени“, задоволно коментираа владините претставници, премиерот Зоран Заев,  министерот за финансии, Фатмир Бесими, Фатмир Битиќи, заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Крешник Бектеши, министер за економија и Кире Наумов, директорот на Развојната банка.

„Првиот пакет антикризни мерки е имплементиран со 90,1%, вториот пакет мерки е 100% имплементиран, третиот пакет 75,4% и четвртиот пакет 72,7%. Мора да се нагласи дека некои од мерките од третиот и четвртиот пакет се реализираат во текот на оваа година, така да вкупната имплементација на мерките во однос на планот може да се зголеми, па дури може да достигне и до 99% имплементација“, истакна премиерот Заев.

Гледано по компоненти на БДП, доколку не биле преземени мерките како субвенции за плати, придонеси од плати, платежни картички, падот на приватната потрошувачка би бил речиси двојно поголем, односно -11,8%, наместо -5,6% колку што изнесува според објавените податоци на Државниот завод за статистика. Во рамките на четирите пакети кои се предмет на анализа, донесени се околу 70 различни мерки, со кои се опфатени и  поддржани компаниите  и граѓаните погодени од пандемијата. Од вкупно 70 усвоени мерки во рамки на сите 4 пакети, во тек е имплементацијата на 21 мерка во вредност од 30 милиони евра, додека имплементацијата на 7 мерки во вредност од 150 милиони евра се во собраниска процедура.

„Јас се надевам дека пратениците бргу ќе дадат зелено светло и на овие мерки“, изјави Заев и додаде дека имаме позитивни сигнали дека економијата заздравува, а за тоа се потврда позитивните тековни економски движења и тоа: растот на извозот; растот на трговијата; зголемување на кредитирањето и растот на просечната плата.

Најдобар доказ за закрепнувањето е приходната страна на буџетот

Гледано по компоненти на БДП, доколку не биле преземени мерките како субвенции за плати, придонеси од плати, платежни картички, падот на приватната потрошувачка би бил речиси двојно поголем, односно -11,8%, наместо -5,6% колку што изнесува според објавените податоци на Државниот завод за статистика, велат од владиниот економски ресор. Во рамките на четирите пакети кои се предмет на анализа, донесени се околу 70 различни мерки, со кои се опфатени и  поддржани компаниите  и граѓаните погодени од пандемијата. Од вкупно 70 усвоени мерки во рамки на сите 4 пакети, во тек е имплементацијата на 21 мерка во вредност од 30 милиони евра, додека имплементацијата на 7 мерки во вредност од 150 милиони евра се во собраниска процедура.

Од досега објавените статистички податоци, премиерот Заев, потенцира дека извозот има номинален раст од 15,4% во јануари на годишна основа, увозот на стоки раст од 5,3% со што трговскиот дефицит во јануари се намалил за 29%. Во  јануари прометот во внатрешната трговија има номинален годишен раст од 0,8%, просечната плата има раст од 2,7%, а позитивни трендови се утврдени и во кредитирањето на населението и стопанството, така што во февруари вкупните кредити се зголемени за 4,4% на годишна основа, кај стапката на невработеност е забележано постепено намалување, вработеноста е зголемена.

„Согласно последните макроекономски и фискални движења и очекувањата во однос на меѓународното економско окружување, домашната економија е предвидено да се врати на патеката на економски раст во 2021 година и да ги надмине шоковите предизвикани од пандемијата. Со закрепнување на глобалната економија, очекуваме дополнително закрепнување и на надворешната побарувачка, што силно влијае на нашиот извоз, како и со растот на домашната потрошувачка, поддржан и преку антикризните економски мерки, ќе се придвижи економскиот раст. Проектираме раст од 4,1%, со очекувања извозот да забележи раст од 14%, бруто-инвестициите раст од 7,7%, приватната потрошувачка реален раст од 3,5%, јавната потрошувачка од 4,3%, додека бројот на вработени е проектирано да порасне за 1,9%, а невработеноста да се намали соодветно на тоа“, рече премиерот.

Министерот Бесими истакна дека од почетокот на годината имаме позитивни движења во економијата, кои најлесно и најбрзо може да се детектираат преку приходната страна на буџетот.

„Даночните приходи и придонесите се повисоки за 5% во однос на истиот период лани – што е преткризен период, каде нема импакт од КОВИД-19 кризата, при што даноците се наплатени во износ од 27,758 милијарди денари и се за 6,2% повисоки во однос на истиот период лани. Растот на даночните приходи е по скоро сите видови даноци, така ДДВ е повисоко за дури 11,4% во однос на првото тримесечје лани, данокот на добивка е на ниво повисоко за 5%, увозните давачки се повисоки за 10,4%, персоналниот данок на доход е на скоро исто ниво како и лани, со раст од 0,8%. Придонесите се на повисоко ниво во однос на истото тримесечје лани за 3,3%“, посочи Бесими.

Министерот за финансии рече дека на Пролетните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, кои се одржуваат неделава, е преставен Планот за финансирање на забрзан раст (Growth Acceleration Financing Plan).

„Ова е нов стратешки документ на Владата, кој има за цел преку изнаоѓање нови механизми и извори на финансирање да го поттикне економскиот раст, но и да влијае на фискалната консолидација, односно стеснување на дефицитот и стабилизирање на јавниот долг. Планот за финансирање на забрзан раст ќе има важна улога за економијата во Република Северна Македонија и зголемување на бројот на работни места, преку користење на јавните инвестиции и средствата од официјалните кредитори за мобилизирање на приватниот капитал. Очекуваните резултати се двојно забрзување на економскиот раст (од 2,5% на 5% на среден рок), задржување на нивото на јавниот долг и буџетскиот дефицит во рамки на мастришкиот критериум и раст на јавните и приватните инвестиции“, посочи Бесими.

Главната поента на овој план е преку креирање и користење на нови механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање, да се создаде мултипликативен ефект, односно покрај планираните јавни инвестиции во износ од 4 милијарди евра за период 2021-2025 ќе се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции од приватниот сектор. Со тоа, неколкукратно ќе се зголемат вкупните инвестиции во економијата и ќе се придонесе кон дополнително забрзување на растот на бруто домашниот производ и креирањето на нови работни места.

Планот особено ќе поддржува еколошки и климатски проекти, иновации, како и иницијативи за поправедно општество.

Бизнисот бара нови мерки

Влошената епидемиолошка ситуација во земјата која ги исполни болниците до последно место, наметна повторно затворање на некои услужни сектори во економијата иако властите некое време претходно се обидуваа да избегнат каков било локдаун.

Во такви услови, угостителите како најзасегнати од актуелните рестриктивни мерки, веднаш побараа од властите државна помош за да го пребродат ова затворање.

„Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа го исклучително тешка состојба, а деловните субјекти поради тоа што не се во состојба да ги подмират достасаните обврски се принудени да ја прекинат својата деловна активност со што се доведува во прашање одржувањето на голем број работни места. Ако итно и неодложно не се исплати поддршката предвидена со петтиот пакет на мерки и не се обезбеди дополнителна директна и неповратна финансиска помош за овие сектори кои принудно поради рестрикциите не работат, постои реална опасност туризмот и  угостителство како сродни гранки силно погодени од здравствено- економската криза неповратно да бидат оштетени и голем број ентитети од овој сектор да згаснат“, предупредија од Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.

Меѓутоа, пратениците се уште не ги изгласаа ниту некои закони што ќе овозможат реализација на некои мерки од четвртиот и петтиот пакет. Според вицепремиерот Битиќи, станува збор за финансиска поддршка од околу 200 милиони евра, за уште заглавена во Собранието.

„Од декември нема никаква помош а веќе сме април. Претпријатијата од овие сектори остро реагираат поради задоцнетата имплементација на последниот пакет на економски мерки. За секторите кои бележат пад на промет од над 80%, а во некои дејности падот е и 100% оваа помош е повеќе од неопходна. Поддршката за исплата на платата за јануари воопшто не е предвидена, а за месеците февруари и март иако до сега веќе требаше да биде исплатена, се уште се чека на донесување на законската регулатива која е неопходна за имплементација. Состојбата дополнително се влошува и поради тоа што носењето на новите рестриктивни мерки кои значат речиси целосно затворање на објектите од угостителство, дел туризмот и сродни објекти, не е проследено со дополнителна финансиска помош. Рестриктивните мерки  за заштита на здравјето на граѓаните се пред се, но сметаме дека паралелно со нивното носење треба да се креира и додели соодветна помош за претпријатијата“, реагираа од Туристичко – угостителската комора.  

Ана Марија Алексова, член на Управниот одбор на Туристичко – угостителската комора при ССК, вели дека следејќи ги активностите на надлежните институции, но и на оние од кои во поширокиот општествен контекст од кои зависи имплементација на економските мерки се добива впечаток дека свесно се дозволува затворање на претпријатијата од овој сектор со што се загрозуваат огромен број работни места.

„Во услови кога деловните субјекти се оставени сами да се снаоѓаат излезот се бара во намалување на трошоците кои во услови на немање деловна активност значи редуцирање на работни места. Потенцираме дека доколку се дозволи затворање на работните места ќе бидат потребни многу повеќе средства и време за нивно повторно отворање отколку што е сега потребно за нивно одржување и во прашање се доведува дали воопшто некогаш ќе се отворат доколку згаснат претпријатијата“, вели Алексова.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, најави дека ќе се спроведат нови мерки за економските оператори кои овие две недели ќе бидат затворени поради новите рестрикции против ширењето на ковид-19. Тој истакна дека Владата ја прави последната анализа на моделот што ќе го примени и ги собира најновите податоци за прометот на компаниите од областа на угостителството, кои се засегнати од неодамнешните анти-ковид мерки на Владата.

„Во моментов разгледуваме неколку модели кои ќе се базираат на покривање на дел од остварените приходи во последните месеци. Секако за споредба мораме да земеме месеци со кои би можеле да симулираме колку тие истите би направиле приходи доколку не се случи ова затворање. Во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, за сите настанати штети во економијата, како и досега, државата ќе излезе пресрет“, напиша Битиќи на Фејсбук.

Според него, со опцијата за продажба на храна и пијалаци од шалтер ќе се овозможи поголемиот дел угостителските објекти да продолжат делумно да работат.

Во рамките на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот од денеска за кафеаните, рестораните, баровите и клубовите важи „целосно забрана за примање гости“, додека оние што подготвуваат храна ќе можат да даваат услуги на шалтер или со достава.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

банки2 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите