Connect with us

политика

Внатрешна игра и/или вешт дипломатски маневар?

Собраниска резолуција за Бугарија

објавено

на

Тешко кој сериозен аналитичар може да остане спокоен во проценката на чесните намери на опозицијата што целата политичка филозофија и игра ја темели на саботажи, блокади и уцени, со минимум демократска свест за улогата што треба да ја има и со уште помала свест за иднината на државата и правецот што е вистински во геополитичка смисла. Сосема е за верување дека мотивот за ваков документ (особено ако се види со чија се помош е изработен) лежи повеќе во задавање на политички удар на противникот, а помалку во искрен обид за зајакнување на македонските позиции. Но, одговорот на СДСМ да ја прифати играта може да биде мудар и тоа не само во смисла на амортизација на политичката штета дома (што можеби им било главен мотив), туку и во смисла на обезбедување на поголеми шанси за решение.

Блокадата на македонските европски интеграции предизвикана од бугарското вето предизвика сериозен потрес и во домашната политика – покрај обвинувањата за ноншалантност кон идентитетските обележја што владејачката СДСМ си ги заработи со Преспанскиот договор, а кои продолжија да се слушаат и за односите со Бугарија (иронично, оти нели идентитетот веќе беше загубен!?), партијата што важи за прогресивна и отворена за соработка и добрососедски односи сега паралелно се соочува со обратни критики – дека се облекува во националистичко руво и резигнираноста од европскиот неуспех ја користи за играње по патриотски ноти.

Ова, според овие критичари не само што личи на евтин популизам, туку и ги урива позициите во преговорите. Некои коментари одат дотаму што прават паралели на однесувањето на претходниот премиер Никола Груевски, после неуспехот во 2008 во Букурешт кога Македонија остана „извисена“ за НАТО членството, а после што тогашната домашна политика се сврти кон чист популизам и национализам (процесот на т.н антиквизација и целиот Скопје 2014).

Овие критики особено добија на гласност откако СДСМ одлучи да ја прифати Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за утврдување на македонските позиции во преговорите со Бугарија, иако претходно од партијата неколкупати повторија дека позициите за македонскиот јазик и на македонскиот идентитет се кристално јасни и дека нема потреба да се разговара за овие прашања, особено не во Парламентот.

Поддршка за оваа Резолуција најавија и помалите партии, коaлициони партнери на власта, Демократски Сојуз, ДОМ и ЛДП со што практично се случува едно обединување на политичката сцена околу основите на македонските црвени линии во преговорите.

Прашањето е, се разбира – колку е ова театар предизвикан од популистичката вредност на политичкиот момент? Тешко кој сериозен аналитичар може да остане спокоен во проценката на чесните намери на опозицијата што целата политичка филозофија и игра ја темели на саботажи, блокади и уцени, со минимум демократска свест за улогата што треба да ја има и со уште помала свест за иднината на државата и правецот што е вистински во геополитичка смисла. Сосема е за верување дека мотивот за ваков документ (особено ако се види со чија се помош е изработен) лежи повеќе во задавање на политички удар на противникот, а помалку во искрен обид за зајакнување на македонските позиции.

Но, одговорот на СДСМ да ја прифати играта може да биде мудар и тоа не само во смисла на амортизација на политичката штета дома, туку и во шансите за решение. Тешко е за верување дека некој надвор од партиската опозициска машинерија мисли дека навистина Владата би излегла надвор од црвените линии што сто пати се повторени и најважно – обезбедени во Договорот со Атина (поддржан од над 600 илјади граѓани). Таков чекор е надвор и од политичкиот разум и од основните човекови права и елементарно достоинство, па оттука стравот дека некој нешто ќе продаде е тотален политички блеф и празна реторика. СДСМ можеби се чувствува повикана да стави крај на ваквата какофонија (што резултираше и со протести)и тоа да го стори преку прифаќање на Резолуцијата со што ќе ја затвори темата и тоа е политички веројатно прагматично и има логика.

Но, поентата е дека дури и ако идејата е мотивирана од внатрешно – политички фактори, ефектот што неминовно ќе го има надвор не мора да биде и нужно негативен. Не требаат големи дипломатски познавања за да се знае дека „кочницата“ понекогаш и тоа како може да биде во насока на решение. Сигналот дека антиевропското дивеење не може да нема цена треба да послужи како јасна порака дека нашата игра е во тие рамки. Оти, во спротивно, револтот и разочараноста и кај оние граѓани кои во принцип се за решение, ќе расте до таа мерка во која утре тешко, ако не и неизводливо ќе стане да се поддржи дури и решение кое е на линии со македонските позиции, чисто од одбивност кон тиранијата на посилниот и немањето на капацитет за обединет реципрочен, но истовремено и достоинствен и европски одговор.

Што предвидува Резолуцијата?

А текстот на Резолуцијата, барем од она што се покажа во јавноста, личи на таков. Со Резолуцијата, што наскоро треба да се најде пред Собранието, се бара да се почитува просторниот и временскиот континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти, како и да се почитува автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, сето тоа базирано на сознанија на науката и утврдените факти, теории и истражувања и почитување на меѓународното право.

Во резолуцијата стои и дека за гледање кон минатото треба инклузивен однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата. Резолуцијата ја најави пред неколку денови лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески на својот Фејсбук профил објави документ за Резолуцијата, што партијата ќе ја поднесе до Собранието.
„Согласно Уставот ВМРО-ДПМНЕ треба официјално до секој пратеник да ја испрати Резолуцијата, секако ние, како одговорно мнозинство ќе ја прифатиме таква каква што ја гледаме во медиумите, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Поддршката од СДСМ ја потврди и вицепремиерот Љупчо Николовски:

„Станува јасно дека сите ние го штитиме и јазикот и идентитетот и сето она што е македонско. Не е воопшто прашање и нема воопшто потреба да се стави под прашање каква било резолуција. Ние ќе дадеме поддршка на резолуцијата. Веруваме дека сите постапки ќе завршат во парламентот и со тоа потврдуваме дека ниту јазикот, ниту посебностите, ниту идентитетот некој ги ставил на маса или преговарал во целиот овој период“, изјави Николовски. 

Тој рече дека земјата како никогаш досега немала така висок меѓународен углед, кредибилитет и поддршка и е пример за тоа како се решаваат проблемите. „Големи светски државници пред неколку дена во Охрид пратија порака и констатираа дека нашата земја ги има исполнето сите услови за сето она што треба да го направиме и дека Европската Унија треба да го реши проблемот внатрешно за овие кочници кои ги имаме. Меѓутоа, во ниту еден случај тоа нема да биде во однос на прашањето на јазикот и идентитетот и на сето она кое е македонско и кое е потврдено“, истакна Николовски при посетата на Берово. 

Зоран Заев, лидер на СДСМ и Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО – ДПМНЕ
Навикнати да ги гледаме да постигнуваат консензус за прашања поврзани со партиски интереси, обидот да се обединат околу државните позиции со Бугарија е убав сигнал за поимањето на интересите на земјата и за демократијата. Се разбира, тука е прашањето – колку е ова театар предизвикан од популистичката вредност на политичкиот момент?

Албанскиот политички блок е против

Демократската унија за интеграција ја отфрли предложената резолуција со барање да се преформулира и да се усогласи текстот. ДУИ смета дека националниот идентитет и јазик не се предмет за дискусија и партиско пазарење. Партијата на Али Ахмети бара од опозицијата да биде конструктивна и со своите потези да не им штети на евроинтегративните процеси. Откако СДСМ објави дека ја прифаќа резолуцијата, а тоа го направија и помалите партнери во коалицијата на социјалдемократите, Алијанса на Албанците побара владејачките СДСМ и ДУИ да го усогласат ставот, со цел резолуцијата да се донесе со консензус. Алтернатива ќе го соопшти својот став откако за прашањето ќе дискутираат партиските тела. 

„Пратеникот Антонио Милошоски информираше за содржината на Резолуцијата што ја предложија во однос на преговорите со Бугарија, но од една страна е ДУИ која смета дека таква резолуција може да ѝ наштети на земјава, а од друга страна е СДСМ која ја смета како добра основа, затоа треба тие две партии како коалициски партнери да изградат заеднички став, па потоа да разговараме“, вели Халил Снопче, од Алијансата. Тој рече дека ќе ги информира партиските органи за содржината на Резолуцијата и целите кои со неа треба да се постигнат. Порача дека Северна Македонија треба да продолжи со интегративните процеси и Владата целосно да се посвети на тој процес, но и да биде многу внимателна како во разговорите со Бугарија, така и во спроведувањето на внатрешните реформите, важни за нашиот евроинтеграциски процес. Според него, односите со соседите се многу важни, во тој контекст и со Бугарија и дека добрите односи во никој случај не треба да се нарушат.

Опасна популистичка авантура?

Во меѓувреме, критиките од либералното и прогресивно ткиво продолжуваат:

„Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за таканаречените црвени идентитетски линии во односите со Бугарија, прифатена од СДСМ, е опасна предизборна популистичка авантура која може да предизвика несогледливи штетни последици за европската иднина на Македонија“ пишува Ерол Ризаов, во неговата последна колумна за Дојче Веле, со наслов: „Јуначење под јорган планина“.

Тој вели дека нејзиното евентуално усвојување во Собранието е лажен консензус, кој во суштина не постои и никогаш не е постигнат и дека ќе ја збрише за час меѓународната поддршка кај највлијателните членки на ЕУ и на САД, а дома ќе предизвика нови конфликтни ситуации во меѓуетничките односи кои албанските политички партии веќе ги најавуваат.

„Таквата резолуција, како производ на меѓупартиски предизборни игри и надмудрувања, ќе биде мевлем на рана само еден ден затоа што не претставува соодветен одговор на бугарската собраниска  декларација и условувања, туку домашна патриотска предизборна трка за одбрана на националните интереси на најпогрешен начин со блокирање по наша вина на сите можности да се дојде до заемно прифатливо решение со Бугарија.

Широката јавност во земјата уште не ја знае целата содржина на резолуцијата која наводно претставува научен консензус на МАНУ и УКИМ, иако ниту едно надлежно тело на двете институции не расправало и не одобрило една ваква партиска платформа.

Впуштањето на поединци од МАНУ и од УКИМ, кои до вчера јавно бараа укинување на Преспанскиот договор и на Договорот за добрососедство со Бугарија, во дневно-партиска политичка арбитража со резолуција упатена до ВМРО-ДПМНЕ е своевиден лош и штетен  меморандум по урнекот на Бугарската академија на науките која води кон блокада на Македонија на големо олеснување во Бугарија и на сите противници за проширување на Европската унија. Во Македонија не можеше да се случи попогрешен потег од донесување на резолуција која ги врзува рацете на владата и на сите идни влади за компромисни решенија.

На уште недонесена резолуција ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се прогласија за конструктивна опозиција како пресуден и единствен фактор во државата за заштита на националните интереси и посебности. Нешто многу спротивно од она што оваа политичка партија го правеше долги години наназад со одбегнување на секоја можност за заемно прифатливи решенија со соседите.

Блокирањето на почетокот на преговорите помеѓу Македонија и ЕУ, што беше општо прифатено од 26 членки на ЕУ како голема грешка и неправда не само кон Македонија и Албанија, туку и кон сите земји од Западен Балкан, со овој чин на поставување црвени линии вината се префрла на домашен терен кај нас. До предлогот на резолуција, Бугарија беше виновникот што билатерални прашања меѓу двете земји и универзалните светски придобивки и закономерности за самоопределување ги вметнува во преговарачката рамка отстапувајќи од потпишаниот Договор за добрососедство, а сега се префрлаат кај нас со една незрела аџамиска играрија дали резолуцијата ќе биде со уставното име Република Северна Македонија, или само резолуција на Собранието на Република Македонија, што може лесно да ги врати назад и проблемите со соседна Грција.

Али Ахмети, лидер на ДУИ
Од партијата од Мала Речица, како најголема во албанскиот политички блок, ја отфрлија Резолуцијата меѓу другото со став дека била етничка – нешто што е надвор од секоја логика оти прашањата што се на удар од бугарската блокада се секако етнички, тоа не е ништо ново. Притоа, токму отфрлањето на обидот за изградба на заедничка државна позиција (какви и да биле изворните намери на ВМРО – ДПМНЕ) ја прави ДУИ не само етнички фокусирана, туку и мала во очите на сограѓаните, несвесна за нивото на сензибилитет што треба да го има во однос на ова апсолутно етничко, ама македонско прашање.

Додека во Бугарија се исчудуваат зошто Европа повеќе ги сака Македонците од Бугарите и како елегантно да најдат излез наводно подготвувајќи уште поостра декларација кон Македонија, кај нас се поставуваат бариери како да се нарачки на Софија“ пишува Ризаов.

И специјалниот претставник Владо Бучковски во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека има резерви кон Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која планира да ја поднесе во Собранието а со која најголемата опозициска партија очекува да се заштитат македонските „црвени линии“.

„Мислам дека нашата мудра политика во изминатите неколку месеци, ненаседнувањето на провокациите, покажаа и докажаа дека Македонија ги стекна симпатиите на меѓународната заедница. Затоа ние според мене имавме еден константен однос во поглед на нивната Резолуција и тврдевме дека тие го загрозија Договорот за пријателство со таа нивна Резолуција. 

Резолуцијата во бугарскиот парламент не може да го загрози договорот, но тргнувајќи од тоа дека треба да се биде мудар, беше и последната посета на владината делегација предводена од премиерот Заев. Нам ни се брза и се обидуваме да изнајдеме решение и да покажеме дека постои сериозна намера од наша страна да ги надминеме овие проблеми.

Јас можам да ја поздравам намерата на ВМРО-ДПМНЕ, но остава кај мене сериозна резерва за искрените намери и за содржината,. ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна грешка бидејќи се задскрива зад документ на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА. Овој документ не е поминат низ телата на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА.. Никој од нив не расправал за оваа Резолуција. Зад тој меморандум само стојат потписите на тројцата раководни лица“, рече меѓу другото Бучковски.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка