Connect with us

регион

Воен дрон упатен од Украина падна во Загреб, Хрватска на нозе! Се испитува како е можно летало од 6 тони да прелета 3 членки на НАТО и никој да не алармира?!

објавено

на

„Ги повикувам граѓаните да бидат смирени бидејќи во конфликти од ваков вид може да се случат такви работи. Оценуваме дека ова не е насочено против Хрватска, ова е прв впечаток. Одредени процедурални работи мораме да ги преиспитаме и да утврдиме како е можно до ова да дојде, а летало со големина на авион да не е соборена на патот од Украина до Загреб.“, реле хрватскиот претседател Милановиќ.

Хрватска денеска е преокупирана само со една тема: чие е беспилотното летало што синоќа околу 23ч се урнало во загрепската населба Јарун, предизвикало силна експлозија и натерало стотици жители да излезат во паника од своите домови и да ја поминат ноќата на отворено и како е можно да долетало во членка на НАТО, а претходно да помине уште две држави, исто така НАТО членки. Неколку часа немало никакви информации околу леталото, што предизвикало нервоза и прашалници кај хрватската јавност околу тоа од какво потекло е, како можело да влезе во воздушниот простор на земјата, зошто никој не алармирал, итн.

Утрово од хрватската влада објавија дека леталото е од руско производство, а во загреб стигнала од унгарскиот воздушен простор. Полицијата потврдила дека се најдени и два падобрани.

„Сите надлежни служби се вклучени веднаш по регистрирањето на падот на беспилотното летало од воен тип, којашто според досега приберените податоци, во хрватскиот воздушен простор дошла од правецот исток кон запад, односно од воздушниот простор на Унгарија, со брзина од 700 км/ч на висина од 1.300 метри“, објавија од владата.

„Ги повикувам граѓаните да бидат смирени бидејќи во конфликти од ваков вид може да се случат такви работи. Оценуваме дека ова не е насочено против Хрватска, ова е прв впечаток. Одредени процедурални работи мораме да ги преиспитаме и да утврдиме како е можно до ова да дојде, а летало со големина на авион да не е соборена на патот од Украина до Загреб.  Гледаме што се случува во Украина, но не видов никој на CNN, BBC и Al Jazeera да известува за овој настан, кога летало тешко шест тони падна во поширокиот круг на град од речиси милион луѓе. Како е можно едно несофистицирано летало да помине повеќе од еден час над членки на НАТО и никој тоа да не го забележи? Како што стојат работите засега, леталото долетало од просторот на Украина и се урнало во Загреб кога останало без гориво “, рече утрово хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Во меѓувреме се појави теорија за можна забуна во врска со траекторијата на леталото. Имено, во Житомирската област во Украина се наоѓа место кое се вика Јарун. Се нагаѓа дека леталото било погрешно програмирано и дека е кодирано погрешно име, па наместо кај украинскиот, завршило кај загрепскиот Јарун.

Дали е можно погрешно програмираниот дрон наместо во украинскиот Јарун, да завршил во загрепскиот Јарун?

Иван Селак, хрватски воен пилот во пензија, за хрватските медиуми изјави дека шокиран од фактот што леталото незабележано пролетало низ воздушниот простор на членки на НАТО.

„Заштитата на НАТО на воздушниот простор на земјите членки очигледно не функционира онака како што пишува на хартија. Секако дека они ќе објават соопштение во кое ќе пишува дека цело време го следеле објектот, дека претпоставиле точно за какво летало се работи и дека не се работи за напад и сл. Но, ги демантира еден факт, објектот падна врз главниот град на една НАТО членка, а тоа е недозволиво“, рекол Селак. Пред да се урне во Загреб, леталото поминало низ териториите на Романија и Унгарија.



македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија18 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација