Connect with us

свет

Војната помеѓу Израел и Хамас ќе има многу пошироки импликации одошто мислиме

Новата криза на Блискиот исток му се заканува на и онака кревкиот глобален политички и економски систем

објавено

на

Во моментот на пуштање на овој текст во печат ситуацијата во Израел откако палестинската милитантна група Хамас  во саботата на 7 октомври почна со напади врз државата невидени со децении, беше далеку од било какво мирно завршување. Израелците се во шок, премиерот Нетанјаху вети одмазда што ќе се памтела со генерации, а длабоко поделената нација под водство на најдесничарската влада во земјата досега, сега е обединета под напливот на гневот и силните емоции.  Во меѓувреме, на појасот Газа му се заканува хуманитарна катастрофа, а светските лидери пробуваат да балансираат помеѓу недвосмислената поддршка за Израел (барем оние западните), но и загриженоста од последиците на неговата одмаздничка акција врз 2,5 милиони цивили во Газа.

Шокантните  настани како нападот на Хамас врз Израел предизвикуваат длабоки политички потреси и стратешки трансформации кои никој не можеше да ги предвиди. Ракетните напади, земање заложници и масовни убиства во Израел се случија во време кога светскиот поредок веќе беше на пресвртница, бидејќи ерата по Студената војна завршува со руската инвазија на Украина и подемот на кинеската суперсила. Шокот од она што штотуку се случи – глетката на цивили убиени на израелски музички фестивал, потресни извештаи за киднапирани цели семејства и првиот жесток израелски одмазднички напад врз Газа – го обзеде светот, пишува Си-Ен-Ен.

Но, политиката никогаш не мирува долго. Ненадејното и крваво разбивање на реткиот период на мир и надеж за дипломатски напредок на Блискиот Исток веќе ја менува ситуацијата во Израел, Соединетите Американски Држави, арапското окружување и во целиот свет.

Нападот на Хамас некои веќе го споредија  со нападите на 11 септември 2001 година во САД – како релативно нискотехнолошки напад врз цивили што ја пробил одбраната на помоќен и пософистициран противник, делумно пркосејќи им на митовите за перфектно организираната национална безбедност што политичкиот естаблишмент на Израел, исто и како оној на САД своевремено,  сакаа да ги проектираат во јавноста.

Лекцијата од таа историска траума беше дека политичките и воените чекори што ги преземаа американските и другите официјални лица кога беше обновена нормалноста не го променија светот само со воена акција. Тие ги ослободија политичките сили во државите како САД и Обединетото Кралство, создавајќи услови кои сè уште влијаат на општеството и на изборите денес.

Нападот на Хамас некои веќе го споредија  со нападите на 11 септември 2001 година во САД – како релативно нискотехнолошки напад врз цивили што ја пробил одбраната на помоќен и пософистициран противник, делумно пркосејќи им на митовите за перфектно организираната национална безбедност што политичкиот естаблишмент на Израел, исто и како оној на САД своевремено,  сакаа да ги проектираат во јавноста.

Разбиена илузија

Разбиена е илузијата на Израелците околу личната безбедност. Можеби ова е ситуацијата во која се наоѓа Израел сега. На еврејската држава не ѝ се непознати ракетните напади од Газа или Либан или бомбашките напади врз автобуси и бомбашите самоубијци. Но, напаѓачите на Хамас штотуку ги урнаа израелските илузии за лична безбедност посилно отколку кога било од војната на Јом Кипур во 1973 година кога египетските и сириските сили го нападнаа Израел.

Ова чувство на емоционално злоупотребување ќе го обликува одговорот на Израел во наредните денови и ќе влијае на тоа како остатокот од светот реагира на неговиот отпор.

Продлабочувањето на израелската национална рана е екстремниот политички предизвик со кој сега се соочува премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој се позиционираше како конечниот гарант за безбедноста на Израел, но чиј мандат сега во голема мера ќе биде запаметен по еден од најразорните порази и разузнавачки неуспеси во историјата на неговата нација.

Досега, несогласувањата во израелското општество предизвикани од екстремно десничарската коалиција на Нетанјаху и неговите обиди да го реформира правосудниот систем на начин на кој критичарите велат дека ја загрозуваат демократијата,  се премостени поради националното единство. Меѓутоа, израелскиот лидер има причина да започне разорен одговор на нападот за да ја прикрие својата политичка ранливост и да се одмазди за агонијата на Израел.

Болната реалност дека Хамас држи израелски заложници што може да ги искористи против Нетанјаху ја прави ситуацијата уште поинтензивна. Долгорочните политички последици е невозможно да се предвидат. „Она што ќе им го направиме на нашите непријатели во наредните денови ќе одекнува со генерации“, рече тој.

Сојузништвото на Израел од западните земји може и да се разниша

Продлабочувањето на израелската национална рана е екстремниот политички предизвик со кој сега се соочува премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој се позиционираше како конечниот гарант за безбедноста на Израел, но чиј мандат сега во голема мера ќе биде запаметен по еден од најразорните порази и разузнавачки неуспеси во историјата на неговата нација.

Коментарите на израелскиот лидер го отворија прашањето дали немилосрдниот израелски контранапад би можел да го елиминира Хамас во Газа во наредните денови. Но, уште една лекција од 11 септември е дека војните започнати во мрачните недели по нападите не секогаш одат според планот и носат ризик од контраефект против водачите кои ги започнале.

На пример, Израел веќе ја искуси цената за инвазијата во густо населената Газа, којашто е урбан центар на бегалски кампови. И по 11 септември, војната против теророт на администрацијата на Буш предизвика повеќегодишни последици – вклучително и воен замор и цинизам за владата, која подоцна ги помогна кампањите на претседателите Барак Обама и Доналд Трамп.

Тие чувства сѐ уште постојат. Покренувајќи ја својата независна кандидатура за претседател во понеделникот, што може да има непредвидливи последици во неопределените држави, Роберт Кенеди Џуниор остро го осуди воено-индустрискиот комплекс и „долгата низа на војни“ после 20 и повеќе години од 11 септември.

Следните потези на Израел ќе бидат критични. Досега преовладуваа чувствата на сочувство и ужас. Но, ако израелскиот контранапад против Хамас доведе до уште поголеми цивилни жртви во Газа, или ако енклавата биде исклучена од вода и електрична енергија со денови под израелска опсада (овој текст е пуштен во печат на 10 октомври, вторник, н.з.), политиката дури и во сојузничките нации – каде што јавните згради се покриени со сино – бели светла во боите на израелското знаме – може да почне да се менува.

Џозеф Бајден, еден од најотворено произраелските претседатели на дмеократите, по нападите на Хамас во саботата, го закопа непријателството со Нетанјаху, којшто се’ уште не ја посетил Белата куќа за време на мандатот на Бајден.

Израелскиот лидер во понеделникот изјави дека е во „континуиран контакт“ со Бајден по нападот. САД ја зголемија опремата и оружјето за воздушна одбрана на Израел и понудија разузнавачка поддршка за операциите за спасување заложници. Како знак на поддршка и одвраќање на непријателите на Израел, Вашингтон преместува група на носачи на авиони во источниот Медитеран.

Маките на Бајден

Интересите на САД и Израел и покрај моменталната недвосмислена поддршка на Американците,  би можеле да се разминат. Ако, на пример, се појават докази дека Иран играл директна улога во планирањето напади од страна на неговиот сојузник Хамас, притисокот врз Нетанјаху директно да ја нападне Исламската Република ќе се интензивира. Вашингтон ќе биде загрижен за обемот на каква било таква акција, бидејќи последното нешто што му треба на Бајден додека тој трга во предизборна кампања е САД да бидат вовлечени во уште една блискоисточна војна.

Но, во одреден момент во следните недели, интересите на САД и Израел би можеле да се разминат. Ако, на пример, се појават докази дека Иран играл директна улога во планирањето напади од страна на неговиот сојузник Хамас, притисокот врз Нетанјаху директно да ја нападне Исламската Република ќе се интензивира. Вашингтон ќе биде загрижен за обемот на каква било таква акција, бидејќи последното нешто што му треба на Бајден додека тој трга во предизборна кампања е САД да бидат вовлечени во уште една блискоисточна војна.

Американскиот претседател исто така треба да го заштити својот политички грб, особено од Републиканската партија која се обидува да го прикаже како стар и сенилен. Републиканците, предводени од поранешниот претседател Доналд Трамп, се свртеа кон нападите на Хамас, барајќи да го обвинат Бајден за неговите обиди да го смири американскиот конфликт со Иран.

Трамп, исто така, се обиде да го поврзе горливото домашно прашање на САД – јужната граница – со настаните на Блискиот Исток, тврдејќи без докази дека „истите луѓе“ кои го нападнаа Израел влегуваат во САД. Друг републикански претседателски кандидат, сенаторот Тим ​​Скот од Јужна Каролина, го повтори своето тврдење дека Бајден е „соучесник во оваа војна против Израел“.

Бајден исто така мора да биде свесен и за политичките последици од неговите левичари. Во последниве години, прогресивните демократи сè повеќе го критикуваа Израел, како за неговиот однос кон Палестинците во Газа, која е под контрола на Хамас, така и за Западниот Брег, кој е управуван од палестинските власти, како и за екстремниот став на коалицијата на Нетанјаху, најдесничарската влада во израелската историја. Бајден, чија партија ја доведува во прашање неговата кандидатура за реизбор, не може да си дозволи да ја изгуби прогресивната поддршка следната година.

Наследството на Бајден, исто така, може да претрпи удар од израелските превирања. Неговите напори да помогне во нормализирање на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија, што би можело да ја преобликува геополитиката на Блискиот Исток, во најдобар случај заглавија. Саудиска Арабија нема да има политички простор да преговара со Нетанјаху додека стотици или илјадници Палестинци страдаат во израелските напади врз Газа.

Нетанјаху има уште помалку простор да направи тешки територијални отстапки за Палестинците на Западниот Брег. Историската природа на предложениот договор е една од причините зошто Иран можеби имал силен интерес да го поддржи нападот на Хамас, дури и ако САД велат дека во овој момент нема конкретни докази за нивна вмешаност.

Што е со војната во Украина?

Последиците од нападот врз Израел може негативно да влијаат и на уште еден приоритет на Бајден – војната во Украина. Бидејќи Израел од САД ќе добие оружје со повисока технологија отколку Киев, продолжената регионална војна би можела дополнително да ги оптовари американските резерви на оружје веќе исцрпени со пратките во Украина.

Бајден би можел да се обиде  да повлече паралели помеѓу американската поддршка за Израел и поддршката за Украина, друга суверена демократска нација која се соочува со надворешни напади. Но, републиканците кои веќе се противат на поголема помош за Киев, веројатно ќе тврдат дека Вашингтон треба да му даде приоритет на својот стар пријател и дека не може да си дозволи да помогне на двете страни.

Сите овие случувања би можеле да ги забрзаат пошироките стратешки политички реперкусии. САД со децении се обидуваат да се свртат од Блискиот Исток повеќе  кон Азија. Но, секое чувство во Пекинг и Москва дека Америка повторно станува заплеткана во овој регион,  ќе отвори можности за американските противници. Можноста Кина, Русија и Иран да најдат заедничка кауза против САД долго време ги окупира американските експерти за надворешна политика.

Не постои официјален сојуз против САД кој ги вклучува тие три големи  противници. Но, додека светот се чини дека се организира во демократски и автократски блокови, авторитарните лидери  во сите три земји открија воени, економски и стратешки синергии преку нивната заедничка антипатија кон Вашингтон. И ако САД заглават или ослабнат во Европа, Блискиот Исток или азиско-пацифичкиот регион, сите три би можеле да имаат корист.

Во политиката и меѓународните односи се е поврзано и една акција предизвикува контрареакции. Така, војната во Израел и Газа ќе одекнува многу пошироко од само еден агол на Блискиот Исток.

свет6 часа ago

BlackRock, најголемиот инвестициски фонд во светот, менаџира средства колку економиите на Германија, В. Британија и Франција заедно

банки7 часа ago

ПроКредит Куманово на нова локација во строгиот центар на градот

македонија5 дена ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија1 недела ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија1 недела ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки1 недела ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија1 недела ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју2 недели ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија2 недели ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“