Connect with us

технологии / компании

Во Брисел се спрема регулатива за четботовите

ЕУ претпазлива со вештачката интелигенција

објавено

на

Додека поборниците на вештачката интелигенција предвидуваат брз раст на иновациите, а критичарите стравуваат од непредвидливите негативни ефекти врз општеството, законодавците во  ЕУ бараат некаква средина.

Европа се движи кон регулирање на вештачката интелигенција (ВИ) со заострување на безбедносните стандарди за четботови и наметнување регулаторна рамка за програмерите и производителите кои сакаат да работат на нејзиниот пазар, но ЕУ тргнува и во предизвик на глобалниот пазар каде што САД и Кина дозволија технолошкиот напредок да се движи слободно, пишува European Newsroom.

Четботови, препознавање лица и автономни возила – вештачката интелигенција нуди безброј можности, се вели во анализата во која соработуваа автори од Хина, АФП, АНСА, БТА, ЕФЕ, ФЕНА и ДПА.

Додека поборниците на вештачката интелигенција предвидуваат брз раст на иновациите, а критичарите стравуваат од непредвидливите негативни ефекти врз општеството, законодавците во  ЕУ бараат некаква средина, се вели во извештајот.

Пред две години, Европската комисија предложи нов сет на правила – Закон за вештачка интелигенција, за кој моментално се преговара во Брисел и треба да биде првата правна рамка за регулатива за вештачка интелигенција.

На 28 април, политичките групи во Европскиот парламент постигнаа привремен договор за правилникот на ЕУ за вештачка интелигенција, која главно се фокусира на таканаречените „фундаментални модели“, основните градбени блокови на знаење кои служат како темел за технологиите на вештачката интелигенција.

Пратениците на ЕУ сакаат овие елементи да бидат ригорозно дизајнирани и развиени во согласност со правото на ЕУ и основните права, вклучително и слободата на изразување.

Текстот заснован на неформалниот договор мора да биде изгласан од парламентарната комисија за внатрешен пазар на 11 мај. Европскиот парламент треба да ја усвои својата преговарачка позиција на пленарната седница во јуни, по што ќе следат преговори со Советот на ЕУ за конечниот текст на законот.

Во ЕУ бараат глобален самит за опасностите од вештачката интелигенција

На 28 април, политичките групи во Европскиот парламент постигнаа привремен договор за правилникот на ЕУ за вештачка интелигенција, која главно се фокусира на таканаречените „фундаментални модели“, основните градбени блокови на знаење кои служат како темел за технологиите на вештачката интелигенција.

Менаџерот за човечки ресурси на германската софтверска компанија SAP, Сабине Бендиек, проценува дека вештачката интелигенција може енормно да ја подобри продуктивноста и да биде поддршка за луѓето. На пример, исклучително монотоните и повторувачки задачи може да ги преземе вештачката интелигенција.

„Нашите вработени тогаш навистина можат да се фокусираат на она во што се силни луѓето: креативноста и способноста да се проценат резултатите од друга перспектива и соодветно да се имплементираат“, вели таа.

Но, што е со сегашниот  и идниот развој што се темели  на алгоритми и вештачка интелигенција? Што е со ChatGTP и автономните автомобили? Конечно, што е со ризикот дека вештачката интелигенција може да се користи за ширење дезинформации? Некои во ЕУ бараат глобален самит за опасностите од вештачката интелигенција.

Минатиот месец, германскиот министер за дигитална инфраструктура Фолкер Висинг повика на брзо создавање на европска правна рамка за вештачката интелигенција.

„Мора да реагираме мудро и разумно да ја регулираме вештачката интелигенција, пред да биде предоцна. Ова не смее да трае со години“,  изјави Висинг за германскиот Bild am Sonntag.

Портпаролката на германското Министерство за внатрешни работи изјави за весникот „Handelsblatt“ дека „од клучно значење е да се постигне рамнотежа помеѓу отвореноста кон иновациите и јасната правна рамка што ги дефинира стандардите за сигурна вештачка интелигенција“.

Може да ја придвижи целата планета, но и да ја уништи

„Регулацијата на вештачката интелигенција е на многу ниско ниво и нејзиното забрзување мора да се максимизира“, изјави Доброслав Димитров, претседател на Бугарската асоцијација на софтверски компании и Бугарската асоцијација на работодавачи за иновативни технологии. Според него, иницијативата дефинитивно доцни.

Тој ја спореди вештачката интелигенција со нуклеарната енергија.

„Може да ја придвижи целата планета, но може и да ја уништи доколку се користи за деструктивни цели. Истото важи и за вештачката интелигенција“, рече тој.

Италијанскиот министер за економски развој Адолфо Урсо изјави дека треба да се развијат нови регулативи за подобро да се дефинира односот меѓу луѓето и машините, бидејќи се чини дека машините за првпат добиваат предност.

Италија го забрани, па го врати ChatGPT

Потсетувајќи се на случајот со четботот  ChatGPT, кој Италија привремено го забрани во март и го направи  повторно достапен на крајот на април, Урсо нагласи дека „тој покажал извесни стапици во секторот на кој сè уште му треба строга регулација“.

Тој додаде дека привременото ограничување на ChatGPT „поттикнало повисоки нивоа на заштита за корисниците“.

На почетокот на минатиот месец, францускиот министер за дигитална транзиција Жан-Ноел Баро рече дека ChatGPT не е во согласност со Општата директива за заштита на податоците на ЕУ (GDPR), но дека е подобро да се „стави во рамка“ отколку да се забрани. Во средината на април, француската Национална комисија за информатика и слобода (CNIL) одлучи да започне истрага за пет жалби против четботови.

Европскиот одбор за заштита на податоци, кој е еквивалент на CNIL на европско ниво во различни земји – членки и е одговорен за координација на надлежните тела, најави формирање на работна група за унапредување на европската соработка на оваа тема.

Користење на вештачката интелигенција во некои членки на ЕУ

Што е со сегашниот  и идниот развој што се темели  на алгоритми и вештачка интелигенција? Што е со ChatGTP и автономните автомобили? Конечно, што е со ризикот дека вештачката интелигенција може да се користи за ширење дезинформации? Некои во ЕУ бараат глобален самит за опасностите од вештачката интелигенција.

Италијанскиот министер Урсо неодамна изјави дека секторот за вештачка интелигенција во Италија, на пример, пораснал за 32 отсто за само една година, на вкупна вредност од 500 милиони евра. Овој сектор „сега е централен за развојните програми на компании од сите големини кои инвестираат во интелигентна обработка на податоци, лингвистичка вештачка интелигенција и компјутерска визија“, рече тој.

Во Шпанија вештачката интелигенција се користи во осум проценти од компаниите со повеќе од 10 вработени. Според податоците за 2021 година објавени од Заводот за статистика на ЕУ Евростат, оваа бројка одговара на европскиот просек.

Според студијата од 2022 година на шпанската мултинационална финансиска компанија Banco Bilbao Vizcaya Argentaria (BBVA), производните процеси, стратегиите за маркетинг и продажба, сајбер безбедноста и организацијата на процесите на управување се главните примени на вештачката интелигенција во шпанските компании.

Европски форум за вештачка интелигенција

Хрватската асоцијација за вештачка интелигенција (CroAI) е основана во декември 2019 година. CroAI наведува дека се стреми да ја позиционира Хрватска како земја со единствени можности за развој на вештачка интелигенција насочена кон човекот преку култура на дијалог меѓу претприемачите и носителите на одлуки во на национално и европско ниво. CroAI е еден од коорганизаторите и коосновачите на Европскиот форум за вештачка интелигенција, иницијатива која беше лансирана во јуни 2020 година, последниот ден од хрватското претседателство со Советот на Европската унија.

Европскиот форум за вештачка интелигенција се претвори во мрежа на здруженија кои сакаат да се погрижат стартапите и иноваторите во земјите -членки да имаат глас кога станува збор за градење на регулаторната рамка за вештачката интелигенција.

CroAI опфаќа водечки компании и стартапи во областа на вештачката интелигенција во Хрватска. Според податоците на тоа здружение, заклучно со 2022 година повеќе од 130 стартапи во Хрватска се развиваат и бараат примена на вештачка интелигенција.

Овие стартапи ја претставуваат првата група компании кои директно се занимаваат со вештачка интелигенција или имаат посебни одделенија за неа. Во втората група се т.н. „раните усвојувачи“, односно традиционалните компании како што се телекомуникациите, банките или адвокатските канцеларии, маркетинг агенциите, а сè повеќе има и такви кои некако применуваат вештачка интелигенција во својата работа. Третата група е еден вид екосистем, односно факултети, универзитети, медиуми, коишто сите на некој начин придонесуваат во сознанијата за вештачката интелигенција.

Во неодамнешното интервју за „Нови лист“ од Риека, извршната директорка на CroAI, Мартина Силов, рече дека пред три години во Хрватска имало 220 компании во сите три категории, а според последните податоци од октомври минатата година, таа бројка пораснала на околу 440.

„Ова се многу добри бројки кои ја позиционираат Хрватска како добро место за развој на решенија за вештачка интелигенција. Можеме подиректно да кажеме: Хрватска е релевантна на европската сцена за  вештачка интелигенција“,  рече Силов.

И додека хрватскиот екосистем се развива без мешање на државата, сè уште нема видлив напредок во дефинирањето и усвојувањето на квалитетна стратегија и политика за развој на вештачката интелигенција во Хрватска.

Може ли Европа да се носи со САД и Јапонија?

Бугарскиот привремен министер за економија и иновации, Александар Пулев, неодамна истакна дека Бугарија може да стане регионален центар за проток на дигитални информации од Азија. Понатаму, тој рече дека Бугарија и американската влада потпишале декларација со цел подобрување на квалитетот на бугарската дигитална инфраструктура со акцент на сајбер безбедноста.

Претседателот на фондацијата „Општество на заеднички вредности“ во БиХ, Златко Лагумџија, укажа на важноста од интегрирање на дигиталната трансформација на ЕУ, која не треба да се ограничи само на земјите – членки на ЕУ, туку треба да ги вклучи на исти принципи и проекти  и соседните земји,  како оние од Западен Балкан.

Говорејќи на конференција во Кембриџ, Англија, Лагумџија истакна дека само на тој начин ЕУ може да покаже дека има капацитет да води такви процеси на глобално ниво, заедно со земјите како САД и Јапонија.

македонија6 часа ago

Десет проекти на Publicis Groupe Skopje беа наградени за најдобри маркетинг кампањи во Адриатик регионот

економија2 дена ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

банки6 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија1 недела ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки1 недела ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија1 недела ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки2 недели ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија2 недели ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија2 недели ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија