Connect with us

технологии / компании

Во Виница се отвори Академијата за менаџери

Збогатување на опциите за менаџмент едукација

објавено

на

Академијата за извршни менаџери е дел од Фондацијата“ПРОГРЕСИВ АКАДЕМИЈА” Виница основана од Макпрогрес, чија визија е развој на вештини преку квалитетни едукативни програми, унапредување на техничките знаења, акцелераторски програми и активности за истражување и развој. Академијата е под покровителство на Европската банка за обнова и развој и Владата на Јапонија.

Деновиве  официјално почна со работа  Академијата за извршни менаџери во Виница, под покровителство на компанијата Макпрогрес, Европската банка за обнова и развој – Лондон и Владата на Јапонија.

Академијата за извршни менаџери е дел од Фондацијата“ПРОГРЕСИВ АКАДЕМИЈА” Виница основана од Макпрогрес чија визија е развој на вештини преку квалитетни едукативни програми, унапредување на техничките знаења, акцелераторски програми и активности за истражување и развој. Академијата за извршни менаџери има за цел да овозможи развој на бизнис лидери преку користење на најновите светски трендови и знаења од областа на менаџментот.

На официјалното отворање беа присутни претставници од ЕБОР, дваесетина извршни менаџери како и инструкторите кои се дел од програмата. 

„Преку нашето долгогодишното работење и соработка со други компании, увидовме дека како на домашните така и на странските компании им недостигаат кадри обучени за извршни позиции. Оваа потреба е исто така евидентна кај голем број на семејни бизниси, особено во процесот на нивна трансформација во компании водени од професионален менаџмент.“ ,  изјави Глигор Цветанов, генерален директор на Макпрогрес и претседател на Фондација „Прогресив Академија“.

„Нашата цел e да го поддржиме формирањето на првата сертифицирана обука за извршни менаџери и среќни сме што процесот на верификација на едукативната програма е во тек. Очекуваме врвни таленти да се приклучат кон првата обука во септември и заеднички да ја направиме оваа приказна успешен пример за земјата и регионот.“ , изјави Анди Аранитаси, претставник на резидентната канцеларија на ЕБОР во Скопје.

Консултантската компанија PrimePoint Partners од Македонија ја води целосната имплементација на Академијата за Извршни Менаџери.

 „Нашите предавачи се успешни професионалци со богато академско знаење и искуство. Програмата ќе опфати интерактивни предавања, симулации, видни гости говорници, алатки за личен развој и наставни модули според последните светски трендови неопходни за водење бизнис на глобално ниво.“ , додаде Билјана Марковиќ Стаменова, директор на PrimePoint Partners и академски директор на Академијата за извршни менаџери.

Уписот во Академијата е отворен за сите кои се стремат да достигнат високи позиции во својата кариера  и да ги развијат своите менаџерски вештини. Програмата во времетраење од 9 месеци ќе започне од Септември 2021. 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија2 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија3 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија3 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија4 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија4 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки4 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија4 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија5 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет6 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија1 недела ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

економија3 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

свет6 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Одговорност за одржливост