Connect with us

економија

Во време на економска неизвесност златото се покажува како сигурно прибежиште

Инвестиции

објавено

на

Уште еднаш во современата историја на човештвото златото ја потврдува својата улога како антитеза на стравот. Глобалната неизвесност, енергетската криза, војната во Украина уште еднаш ја истакнаа функцијата на златото како спас, прибежиште  за инвеститорите во сериозни кризни ситуации.

Вложувањето  во инвестициско злато уште еднаш  и во сегашните сложени, глобално предизвикувачки економски услови, се покажа како најдобро решение за заштита на имотот на граѓаните и институционалните инвеститори. Ова беше заклучокот од Првата конференција за злато што се одржа во Загреб деновиве. Дека на светот, на граѓаните, на претприемачите и на инвеститорите им е потребно златото како безбедно засолниште, докажува моменталната рекордна цена на златото од речиси 2.000 долари за унца, беа пораките од конференцијата.

Инаку, на Првата конференција за злато се разговараше за моменталната состојба на стабилноста на банкарскиот систем во светот и Европа, инвестициите на пазарите на капитал, но и вредноста на златото како неопходен метал во современиот свет. Златото, кое преку третата индустриска револуција стана повеќе од само чувар на вредноста на имотот – до денес – благороден метал неопходен во масовното производство на високотехнолошки производи, но и основа на 4-та индустриска револуција.

Дали е златото заштита од инфлација?

Инфлацијата се врати, а каматите растат. Светот и глобалната економија денес се многу понестабилни отколку пред неколку години. Токму затоа златото повторно станува незаобиколен чувар на вредноста  во овие нестабилни времиња.  

Кога традиционалните вложувачки инструменти, како што се обврзниците, заштедите во банките и инвестициите во недвижен имот, стануваат несигурни, граѓаните, како и сите други инвеститори, посегнуваат по инвестициското злато. Цената на златото во последните 50 години постојано се зголемува. На пример, во март 1972 година, цената на унца злато била 48 долари, а во март 2023 година е речиси 2000 долари. Затоа вложувањето во инвестициско злато е многу поисплатливо од чувањето пари во банка или дома, велат инвестициските советници.

„Долго време се сметаше дека инвестирањето во злато е ‘загарантирана’ стратегија. Но, благородниот метал ја изгуби независноста на пазарот и се продава како и секое друго средство на пазарот.  Во услови на економска и политичка нестабилност, инвеститорите сакаат да бидат надвор од финансиските пазари. Инвестирањето во злато денес не претставува инструмент за заштита од инфлација и безбедно засолниште, поради тоа што денес постојат многу деривативни инструменти за инвестирање и тргување со златниот метал и на тој начин инвеститорите се повторно учесници на финансискиот пазар, во услови кога би сакале да бидат подалеку.“, напиша техничкиот аналитичар Снежана Поповска неодамна во својата колумна во Капитал.

Но, и покрај моменталната цена на златниот метал, интересот за купување на инвестициско злато постојано расте, додава таа.

„Пред извесно време прочитав анкета на LinkedIn во која наидов на доста интересен одговор. Прашањето беше доколку имате 1 млн. долари за инвестирање каде би ги распределиле, во биткоин или во злато? Резултатите од анкетата покажаа дека дури 41% од испитаниците би инвестирале во злато, додека 30% одговорија дека би ги поделиле парите сразмерно.“, вели Поповска.

УНИБанка е прва банка на македонскиот пазар што на крајот од 2021 година ја воведе услугата увоз и тргување со инвестициско злато. Тоа подразбира тргување со златни плочки и монети со највисока чистота. УНИБанка инвестициското злато го набавува од странски водечки рафинерии за благородни метали од Швајцарија и Германија и реномирани светски познати дилери на злато.

Недвижности и злато наместо акции и обврзници

Иако „златниот стандард“, кој историски беше столбот на сите монетарни системи, не постои повеќе од 50 години, централните банки на повеќето земји во светот во последните години купуваат злато во големи количини. Во 2022 година, за само една година, централните банки во светот ги зголемија своите средства во злато за дури 152 отсто.

Зголемената побарувачка за злато од централните банки покажува дека тоа продолжува да игра исклучително важна улога во стабилизирањето на светските валути, особено во нестабилни времиња. Од воведувањето на еврото пред повеќе од 20 години  до денес цената на златото порасна дури 6 пати.

Каде сме и како понатаму, е главното дневно, неделно, годишно прашање во ова време на неизвесност и несигурност во кое се наоѓаме денес. Од деловна гледна точка, безбедносната зона станува далечен брег – видлив само на хоризонтот.

Во такви услови, недвижностите и златото ги заменуваат инвестициите во акции и обврзници или поседувањето готовина. Понатамошните настани ќе бидат интеракција на голем број варијабли – геополитички, економски, социјални, а веќе во блиска иднина силно ќе се испреплетат вистинските настани и перцепцијата и психологијата на граѓаните и пазарот.

Во минатото, граѓаните сметаа дека инвестирањето во злато е комплицирано. Денес можете да инвестирате во злато на неколку начини, а кога купувате физичко злато, кое се смета за најдобра опција, има голем број опции и вредности, купувањето злато е едноставно.

Како да купите инвестициско злато во Македонија?

Во нашата земја моментално има една банка и една компанија која нуди продажба на инвестициско злато.  УНИБанка е прва банка на пазарот што на крајот од 2021 година ја воведе услугата увоз и тргување со инвестициско злато. Тоа подразбира тргување со златни плочки и монети со највисока чистота.

Од банката тогаш изјавија  дека нивната цел е да се создаде инветициски амбиент кај постојните и новите клиенти со запознавање со предностите од инвестирање во инвестициско злато и движење на цените на благородните метали на светските берзи и тоа од високо едуциран и професионален персонал на банката, кои се спремни да понудат специјализирани услуги првенствено за инвестирање во инвестициско злато.

„Без разлика дали станува збор за лица кои се во потрага по најсигурна и најисплатлива инвестиција, или само сакаат да имаат диверзифицирано портфолио, независно дали се професионални трговци со злато, или пак лица кои имаат страст за историјата, пасионирани нумизматичари, УНИБанка нуди можност за купување инвестицискo злато.“, велат во УНИБанка.

Во банката може да се купат златни плочки со чистота од  999.9/1000 (24 карати) и златни монети со чистота од 900/1000 (22 карати) и монети со уште поголема чистота.

Златни монети кои се меѓу најбараните на светско ниво, кои се исковани по 1800 година, и кои во земјата на потекло се или биле законски платежни средства. Како на пример Американскиот Орел (American Eagle), Австрискиот Дукат (Ducat) и Виенската Филхармонија (Vienna Philharmonic), Канадскиот јаворов лист (Maple Leaf), Британската Britannia Gold и други.

Најново во понудата се 20-те швајцарски франци-Vrenelli кои се произведувале во периодот од 1897-1949 година, 20-те белгиски франци- Leopold II (1876-1882), 100-те австриски круни Franz Josef I (1908-1915), 20-те француски франци Louis Philippe I (1830-1848) и други кои носат со себе извонредна вредност заради историската и културната вредност од регионите од кои потекнуваат.

Интересен е податокот дека златната монета од 100 австриски корони е со тежина и чистота кои се загарантирани од австриската суверена влада и со оглед на тоа што содржат 1,08 тројски унци достигнуваат висока сума на пазарот на благородни метали.

„Вредноста на инвестициското злато е уште поголема бидејќи тоа многу брзо може да се продаде (секогаш е барано), може да се употреби како залог за кредит, или едноставно да се зачува како највредно наследство за поколенијата. Ослободени се и од ДДВ! Овие уникатни стари монети даваат чувство на патување низ времето и историјата и чувство за тоа како тој свет можеби изгледал пред неколку векови.“, објаснуваат во УНИБанка.

УНИБанка инвестициското злато го набавува од странски водечки рафинерии за благородни метали од Швајцарија и Германија и реномирани светски познати дилери на злато. Набавката се одвива преку овластени дилери за тргување со благородни метали на  платформи за тргување со инвестициско злато по моментално котирани берзански цени.

македонија8 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија11 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје