Connect with us

економија

Во годината на корона, прометот со акции поголем за 80%

Што се случуваше на Македонската берза во првите девет месеци

објавено

на

Во периодот јануари – септември прометот со акции на Македонската берза изнесува 78 милиони евра и е за 78% поголем во однос на истиот период лани. Анализата покажува дека годинава прометот со акции во класичното тргување е најголем во последните 5 години. Истовремено, само три акции од индексот МБИ-10 имаат пораст на цената во првите девет месеци: 5% на  Алкалоид, 3,96% на Комерцијална банка, и за 2,2% акцијата на НЛБ Банка. Најголем пад имаат цените на акциите на Македонијатурист, од 29%, на ТТК Банка од 16,6% и Макпетрол, од 10,14%.

Вкупниот берзански промет по сите основи од почетокот на годината до 30 септември изнесува околу 113 милиони евра, што претставува зголемување од 24% наспроти истиот период лани кога изнесуваше 91 милиони евра, покажува извештајот на Македонската берза за првите три квартали од 2020 година.

Во тие рамки прометот со акции во БЕСТ системот во овој период изнесува околу 78 милиони евра и е за 78% поголем во однос на истиот период 2019 година. Анализата повторно, како и во првото полугодие, покажува дека годинава прометот со акции во класичното тргување е најголем во последните 5 години. Истиот тренд се забележува и кај просечниот дневен број на трансакции  којшто во 2020 година изнесува 101, додека просечниот дневен промет во првите девет месеци од 2020 година изнесува околу 27 милиони денари (околу 440 илјади евра).

Во рамките на регионалниот проект на ЕБОР за изготвување на инвестициски анализи на котирани компании, во кој учествува и Македонска берза, во септември беа објавени иницијалните инвестициски анализи за Комерцијална банка АД Скопје (со препорака Buy – купувај) и Алкалоид АД Скопје (со препорака Hold – чувај), подготвена од страна на консултантската компанија WOOD & Company. Објавувањето на овие анализи влијаеше на динамизирање на тргувањето со овие акции и нивните ценовни движења.

Најголем дел од прометот со акции во класично тргување е остварен во месец март, од 23,5 милиони евра, кога беше всушност и најголемиот пад на цените на акциите на Берзата, предизвикан како последица од светската паника поради корона – кризата. Вкупниот промет во март месец по сите основи, изнесуваше 45,3 милиони евра, но тоа се должи пред сe’ на сумата  од 17,5 милиони евра за којашто групацијата Граве од Австрија ја купи домашната осигурителна куќа Еуролинк, трансакција што помина како блок преку Берзата.

Карактеристично за овој месец е што прометот е поголем за  дури 4 пати од просечниот месечен промет со акции минатата, 2019 година. Ако одиме малку поназад во времето со „копањето“ на берзански податоци, ќе видиме всушност дека овие 23,5 милиони евра се најголемиот месечен промет во изминативе 10 години, а и подолго. Поголем месечен промет имало само во фамозната 2007 година, кога берзанското лудило по купување акции како на панаѓур, доведе до просечен месечен промет од над 40 милиони евра. 

Движењето  на индексот МБИ10, што го мери општото ниво на цените на најликвидните десет акции на Македонска берза, по нагласената ценовна корекција во март (-22,47%) и априлската позитивна перформанса (+23,2%), во понатамошниот дел од годината регистрираше извонредно мала осцилаторност, за во септември повторно да се придвижи во нагорна линија (+6,60%) и на 30.09.2020 година да изнесува 4.485,18, што претставува доста благ пад од 3,52% на годишно ниво во однос на последната вредност на индексот на крајот на 2019 година.

Само три акции пораснаа во првите три квартали

Инаку, анализата на движењата на поединечните акции од актуелниот состав на МБИ10 индексот во деветте месеци од 2020 година покажува дека само кај три акции се забележува пораст, додека кај останатите има надолна корекција на цените. Пораст од 5% за првите десет месеци има цената на акцијата на Алкалоид, 3,96% пораст има акцијата на Комерцијална банка, и за 2,2% акцијата на НЛБ Банка. Најголем пад имаат цените на акциите на Македонијатурист, од 29%, на ТТК Банка од 16,6% и Макпетрол, од 10,14%.

Во анализата на Македонска берза се дава преглед и на промената на вредноста на најликвидните акции во последните пет години, па таму „шампион“ е акцијата на Макпетрол, со пораст од 278%, односно толкава е разликата на цената помеѓу 30.09.2020 и последниот ден од 2015 година. На второ место е акцијата на Комерцијална банка, со 201% раст, пред Стопанска банка – Скопје со 167%, итн. Најмал раст за пет години има акцијата на Македонијатурист, од само 3,9%. Самиот индекс МБИ-10 пак, за пет години ја има зголемено својата вредност за 2,4 пати, односно 140%.

Пазарната капитализација на 30.09.2020 година на 100-те котирани компании бележи намалување од 0,11% во однос на 30.09.2019 година, односно намалување од 2,73% во однос на 30.12.2019 година. Пазарната капитализација на котираните компании на 30.09.2020 година во однос на бруто домашниот производ изнесува 26%. Овој берзански статистички индикатор ја покажува пазарната вредност на сите котирани компании на одреден ден, односно се добива како производ на бројот на издадени акции на секоја компанија помножен со последната пазарна цена.

Најтргувани хартии од вредност за период 01.01-30.09.2020 година беа акциите издадени од Комерцијална банка, со вкупен промет по сите основи од 32,81 милиони евра, потоа следат акциите издадени од Алкалоид со вкупен промет од околу 15,71 милиони евра и акциите на Макпетрол АД Скопје со вкупен промет од околу 9,01 милиони евра. Учеството на прометот остварен во БЕСТ системот на десетте акции во МБИ10 индексот во прометот со акции од класично тргување во БЕСТ системот за период од девет месеци во 2020 година изнесува 93%, што покажува доста голема концентрација на класичното тргување во овие акции.

Помала добивка на котираните компании

Во рамките на регионалниот проект на ЕБОР за изготвување на инвестициски анализи на котирани компании, во кој учествува и Македонска берза, во септември беа објавени иницијалните инвестициски анализи за Комерцијална банка АД Скопје (со препорака Buy – купувај) и Алкалоид АД Скопје (со препорака Hold – чувај), подготвена од страна на консултантската компанија WOOD & Company. Објавувањето на овие анализи влијаеше на динамизирање на тргувањето со овие акции и нивните ценовни движења.

Во првите девет месеци од 2020 година котираните 100 акционерски друштва преку СЕИ-Нет објавија 1674 информации во врска со собранија на акционери, одлуки на органите на управување, финансиски извештаи и други ценовно чувствителни информации. Во третиот квартал од 2020 година, котираните компании објавија вкупно 428 објави на СЕИ-Нет.

До крајот на август беа објавени и финансиските резултати на котираните компании за првата половина од 2020 година. Од 100 котирани компании, 64 регистрирале добивка, 33 загуба, додека 3 компании не доставиле финансиски извештај. Вкупната прикажана добивка на котираните компании за периодот I- VI 2020 година е намалена за околу 18% споредено со истиот период лани. 

Новитети во правилата за котација

Во третиот квартал од годината се извршија измени на Правилата за котација на Берзата со кои се воведени повеќе новитети што ќе ја зајакнат достапноста и транспарентноста на податоците за работењето на котираните компании, при што особено се истакнуваат следните: 

  • Воведен е годишен календар на настани во кој ќе бидат прецизирани неделите од годината во кои ќе вршат јавни објави на финансиски извештаи и/или други битни настани поврзани со работењето на котираните друштва;
  • Извршено е општо скратување на роковите за објава на финансиските извештаи, согласно најдобрите европски и регионални пракси;
  • Воведена е „Листа за набљудување“ која е јавно достапна на Интернет страницата на Берзата и на којашто во иднина ќе се внесуваат издавачи за кои Берзата смета дека треба да и се обрне внимание на инвеститорската јавност поради посериозно непостапување на издавачот, согласно Правилата за котација или поради други специфични ситуации поврзани со хартиите од вредност или со издавачот.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија5 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки23 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас