Connect with us

економија

Во годината на корона, прометот со акции на Македонска берза поголем за 80%

објавено

на

Во периодот јануари – септември прометот со акции на Македонската берза изнесува 78 милиони евра и е за 78% поголем во однос на истиот период лани. Анализата покажува дека годинава прометот со акции во класичното тргување е најголем во последните 5 години. Истовремено, само три акции од индексот МБИ-10 имаат пораст на цената во првите девет месеци: 5% на  Алкалоид, 3,96% на Комерцијална банка, и за 2,2% акцијата на НЛБ Банка.

Вкупниот берзански промет по сите основи од почетокот на годината до 30 септември изнесува околу 113 милиони евра, што претставува зголемување од 24% наспроти истиот период лани кога изнесуваше 91 милиони евра, покажува извештајот на Македонската берза за првите три квартали од 2020 година.

Во тие рамки прометот со акции во БЕСТ системот во овој период изнесува околу 78 милиони евра и е за 78% поголем во однос на истиот период 2019 година. Анализата повторно, како и во првото полугодие, покажува дека годинава прометот со акции во класичното тргување е најголем во последните 5 години. Истиот тренд се забележува и кај просечниот дневен број на трансакции којшто во 2020 година изнесува 101, додека просечниот дневен промет во првите девет месеци од 2020 година изнесува околу 27 милиони денари (околу 440 илјади евра).

Најголем дел од прометот со акции во класично тргување е остварен во месец март, од 23,5 милиони евра, кога беше всушност и најголемиот пад на цените на акциите на Берзата, предизвикан како последица од светската паника поради корона – кризата. Вкупниот промет во март месец по сите основи, изнесуваше 45,3 милиони евра, но тоа се должи пред сe’ на сумата од 17,5 милиони евра за којашто групацијата Граве од Австрија ја купи домашната осигурителна куќа Еуролинк, трансакција што помина како блок преку Берзата.
Карактеристично за овој месец е што прометот е поголем за дури 4 пати од просечниот месечен промет со акции минатата, 2019 година. Ако одиме малку поназад во времето со „копањето“ на берзански податоци, ќе видиме всушност дека овие 23,5 милиони евра се најголемиот месечен промет во изминативе 10 години, а и подолго. Поголем месечен промет имало само во фамозната 2007 година, кога берзанското лудило по купување акции како на панаѓур, доведе до просечен месечен промет од над 40 милиони евра.
Движењето на индексот МБИ10, што го мери општото ниво на цените на најликвидните десет акции на Македонска берза, по нагласената ценовна корекција во март (-22,47%) и априлската позитивна перформанса (+23,2%), во понатамошниот дел од годината регистрираше извонредно мала осцилаторност, за во септември повторно да се придвижи во нагорна линија (+6,60%) и на 30.09.2020 година да изнесува 4.485,18, што претставува доста благ пад од 3,52% на годишно ниво во однос на последната вредност на индексот на крајот на 2019 година.

………………………………………………………………………………………………………………………………………………………

Повеќе на темава ќе може да прочитате во утрешниот број на магазинот Капитал.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

банки2 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија3 дена ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки4 дена ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија5 дена ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки1 недела ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија1 недела ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија1 недела ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија

економија1 недела ago

Штандот на БРАКО привлечен за учениците заинтересирани за учење преку работа

економија2 недели ago

На едно место достапни сите информации за регионалната прекугранична е-трговија

банки2 недели ago

НЛБ Банка со нови промотивни депозити