Connect with us

регион

Во ЕУ третина од енергијата доаѓа од гас, зелените извори и понатаму заостануваат

Како се движи Европа по патот на зелената транзиција

објавено

на

Како што забележуваат аналитичарите, има уште долг пат пред ЕУ да ги достигне поставените цели за обновлива енергија, кои се поставени на 40 проценти до 2030 година, а може да се зголемат до 45 проценти според новиот план REPowerEU.

Сончевата енергија, ветерот и другите „зелени“ извори придонесоа со 21,8 отсто во вкупната потрошувачка на енергија во ЕУ во 2021 година, покажуваат податоците на Евростат. Тоа беше пад од 0,3 отсто во однос на 2020 година и првото забележано намалување што доаѓа од, велат експертите, порастот на потрошувачката на енергија по укинувањето на ограничувањата за пандемијата. На почетокот на оваа година, Меѓународната агенција за енергетика објави  дека светот ќе додаде исто толку обновлива енергија во следните пет години колку што било тоа  во последните 20 години.

Шведска на врвот во ЕУ според обновливи извори

Шведска е повторно на врвот на листата како земја на ЕУ со најголем удел на обновлива енергија во 2021 година. Таа година, оваа нордиска  нација добила речиси две третини (63 проценти) од својата енергија од обновливи извори – главно биомаса, вода, ветер, топлински пумпи и течни биогорива. Иако тоа е ветувачка бројка, некои активисти тврдат дека биоенергијата – согорувањето на шумскиот отпад, на пример – всушност не е обновлива.

Следна на листата е Финска, уште една земја богата со вода, со 43 отсто удел на обновливи извори во енергетскиот микс. Латвија  била трета со учество од 42 отсто, кое главно доаѓа од биомасата и водата. Следуваат Естонија, Австрија и Данска со 38 отсто, 36 отсто и 35 отсто од нивната енергија која доаѓа од обновливи извори. Сите споменати земји имаат големи количини на хидроенергија и ветер во нивните енергетски миксови.

Кога станува збор за европските земји во поширока смисла, две земји кои не се членки на ЕУ се уште се далеку пред сите. Исланд добива најголем дел од својата енергија од обновливи извори во Европа, благодарение на големите геотермални ресурси. Според податоците на Евростат, околу 86 отсто од чистата енергија доаѓа од овој извор. Норвешка е на второ место со неверојатни 76 отсто од енергијата која доаѓа од обновливите извори, претежно хидро потенцијал.

Исланд апсолутен шампион во Европа

Вкупно, 15 од 27 членки на ЕУ пријавиле удели  под просекот од 21,8 отсто во 2021 година: Белгија, Бугарија, Чешка, Германија, Ирска, Шпанија, Франција, Италија, Кипар, Луксембург, Унгарија, Малта, Холандија, Полска и Словачка. Најмал удел на обновливи извори на енергија е забележан во Луксембург (11,7 отсто), Малта (12,2 отсто), Холандија (12,3 отсто), Ирска (12,5 отсто) и Белгија (13 отсто).

Како што забележуваат аналитичарите, има уште долг пат пред ЕУ да ги достигне поставените цели за обновлива енергија, кои се поставени на 40 проценти до 2030 година, а може да се зголемат до 45 проценти според новиот план REPowerEU. Таа повисока цел би значела 69 отсто од електричната енергија да доаѓа од обновливи извори, според енергетскиот тинк-тенк Ember.

Гасот сè уште доминантен

Кога станува збор за европските земји во поширока смисла, две земји кои не се членки на ЕУ се уште се далеку пред сите. Исланд добива најголем дел од својата енергија од обновливи извори во Европа, благодарение на големите геотермални ресурси. Според податоците на Евростат, околу 86 отсто од чистата енергија доаѓа од овој извор. Норвешка е на второ место со неверојатни 76 отсто од енергијата која доаѓа од обновливите извори, претежно хидро потенцијал.

И покрај сите напори, Европа сè уште е во голема мера зависна од гасот за производство на електрична енергија, транспорт и греење. Во 2021 година, една третина (34 проценти) од европската енергија дошла  од согорување на гас. Белорусија е најзависната земја од гас во Европа, бидејќи 62 отсто од енергијата ја добива од гас. Потоа следат Русија (54 отсто), Италија (42 отсто), Обединетото Кралство (40 отсто) и Унгарија (39 отсто). Во 2021 година, две третини (76 отсто) од европската енергија се произведувала со согорување на фосилни горива – гас (34 отсто), нафта (31 отсто) и јаглен (11 отсто). Обновливите извори на енергија, вклучувајќи хидро, сончева енергија, ветер и биогорива, учествувале со 14 отсто, а нуклеарната енергија со преостанатите 10 отсто.

Европа е најголемиот увозник на природен гас во светот. Во 2021 година, Русија, Германија, Обединетото Кралство, Италија и Франција трошеле  три четвртини од енергијата од гас гледајќи го целиот континент и неговата потрошувачка. Зголемувањето на цените на гасот поттикна неколку земји од ЕУ да објават итни мерки од повеќе милијарди долари за борба против вртоглавото зголемување на цените на енергијата по инвазијата на Русија врз Украина.

економија2 часа ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 часа ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 часа ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 часа ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 ден ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет2 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија4 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју5 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

интервју5 дена ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

македонија1 недела ago

Избрани најдобрите е-трговци во Македонија во повеќе категории

технологии / компании1 недела ago

Ред Бул шкртачки настан во живо со Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ -патување во Амстердам и ваучери за учење дизајн за најдобрите

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју5 дена ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју5 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија5 дена ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Одговорност за одржливост

македонија5 дена ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Инженерот Маркоски од БРАКО на форум за електрификација и батерии во Дизелдорф говореше за искуството од развивањето на водороден погон кај возилата