Connect with us

македонија

Во Македонија се троши 40% од месечниот семеен буџет за храна, во ЕУ просекот е 12%

Што покажуваат индексите на трошоци на животот

објавено

на

Разликата во животниот стандард најмногу се гледа преку ставката храна и пијалаци, коишто на просечниот македонски граѓанин му одземаат 38,6% од месечниот буџет, додека просечниот граѓанин на ЕУ за да го наполни својот фрижидер троши тројно и повеќе помалку, односно само 12,1%. За ресторани и хотели повеќе одошто за здравје трошат и во ЕУ, односно просекот во Унијата е  8,7% наспроти 3,9% респективно, како што покажуваат податоците на Еуростат. Но, затоа, европските граѓани за рекреација и култура трошат 9,1% од месечната кошничка, наспроти 3% колку што се одвојува во Македонија.

Македонските граѓани често знаат да жалат пари за пломбирање на заб или за нова коронка, но затоа полесно го отвораат новчаникот кога станува збор за јадење и пиење во кафеана – барем така покажуваат податоците од Државниот завод за статистика, односно извештајот за индексите на трошоците за живот. Според нив, во структурата на овие трошоци, 5,8% отпаѓа на категоријата ресторани и хотели, од коишто 4,8% се за угостителски услуги, додека 1% за услуги за сместување. Додека за своето здравје (доколку не го земаме предвид задолжителното здравствено осигурување што секој вработен го одделува од својата бруто плата, н.з.), граѓаните месечно одвојуваат 3,6% од семејниот буџет, при што 2,4% се за медицински производи, помагала и сл., 2,12% за фармацевтски производи, додека само 0,6% за медицински и парамедицински услуги.

За ресторани и хотели повеќе одошто за здравје трошат и во ЕУ, односно просекот во Унијата е  8,7% наспроти 3,9% респективно, како што покажуваат податоците на Еуростат. Но, затоа, европските граѓани за рекреација и култура трошат 9,1% од месечната кошничка, наспроти 3% колку што се одвојува во Македонија. Од оваа ставка во земјава најмногу оди за аудиовизуелна, фотографска и информатичка опрема, поточно 0,87%, за услуги за рекреација и култура троши 0,78%, а за услуги за култура 0,72%. За книги троши 0,08% од месечниот буџет, за весници и списанија 0,06%. За туристички пакет аранжмани одвојува 0,59% од месечните трошоци.

Транспортот им е поскап на граѓаните на ЕУ

Разликата во животниот стандард најмногу се гледа преку ставката храна и пијалаци, коишто на просечниот македонски граѓанин му одземаат 38,6% од месечниот буџет, додека просечниот граѓанин на ЕУ за да го наполни својот фрижидер троши тројно и повеќе помалку, односно само 12,1%. Од храна, македонските потрошувачи најмногу издвојуваат за месо, 8,5% од вкупните месечни трошоци, потоа за леб и жита, 7,6%, за млеко, сирење и јајца одвојуваат 7%, за овошје 2,2%, за зеленчук 4,8%, итн. За алкохолни пијалаци и тутун Македонците одвојуваат 4,9% од буџетот, а за облека и обувки 7%.

Граѓаните на ЕУ трошат 3,9% од месечниот буџет за алкохол и тутун, додека 4,7% за облека и обувки.

За транспорт, македонските граѓани трошат 8,5% од месечниот буџет, во што влегуваат трошоците за гориво, одржување на сопствените возила, јавен транспорт, купување возила, итн. Европските пак граѓани за оваа ставка издвојуваат 13,2% од месечните трошоци.

Европејците многу почесто изнајмуваат живеалишта од Македонците

Освен кај храната, голема разлика во месечните трошоци помеѓу ЕУ и земјава, но во обратен правец,  постои и кај ставката домување, во која што влегуваат и сметките за комуналии. Во Македонија граѓаните одвојуваат 13% за овие трошоци, додека во ЕУ просекот е речиси двојно повисок, односно 24%, што значи дека речиси една четвртина од своите месечни трошоци европските граѓани ги насочуваат за домување. Зошто е тоа така? Затоа што во членките на ЕУ, особено во најразвиените земји од западна и северна Европа, станбениот простор е исклучително скап и голем број од граѓаните и немаат сопствено живеалиште, односно плаќаат месечна кирија за најмен стан или куќа, за разлика од земјава каде што најголемиот дел од населението живее во сопствено живеалиште.

Исто така и драстично поголемата мобилност на населението и селењето од еден во друг град или во друга држава во потрага по подобра работа и сл.,  во Европа придонесува луѓето, особено помладите генерации, т.н. миленијалци да не сакаат да се врзуваат со кредити и други обврски со цел стекнување со сопствено живеалиште, туку се одлучуваат за најмување  простор.

Па така трошоците за кирија имаат најголем удел во ставката домување во ЕУ, а помал дел отпаѓа за комуналии, додека во Македонија, за ставката наемнини за домување одат само 0,5% од вкупните месечни трошоци, односно само 3,6% во вкупните трошоци за домување, додека најголем удел имаат сметките за електрична енергија, гас и други горива, со 7,2% во вкупните месечни трошоци, односно со 55% во ставката домување.

Во првото полугодие најмногу поскапело овошјето, а поевтинил зеленчукот

На крајот, за ставката разновидни стоки и услуги, каде што влегуваат трошоци за лична нега, накит, часовници, финансиски услуги, осигурување, итн., македонските граѓани одвојуваат 4,8% од месечните приходи, додека европските граѓани 11,4%, што е уште еден показател за повисокото ниво на животен стандард на просечниот граѓанин на ЕУ.

Инаку, во првите седум месеци од годинава, од храната најмногу поскапеле мастите и маслата, за 10,7%, во однос на истиот период лани. Овошјето поскапело за 10,3%, додека зеленчукот поевтинил за 9,7%. Лебот и житата поскапеле за 3,9%, месото за 3,6%, млекото, сирењето и јајцата за 2,6%.

Производите од тутун се поскапени за 5,9%, додека кај облеката и обувките има намалување од 1,6%. Трошоците за домување се речиси на исто ниво како и првите шест месеци лани, исто како и кај ставката мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата. Трошоците за транспорт се намалени за 5%, при што најголем удел во тоа има драстичното поевтинување на горивата во првите 3 месеци од годинава, како и помалото користење на возилата во деновите на карантин и полициски час поради пандемијата. Ставката горива и мазива за сопствени превози е намалена за 11,3% во првите шест  месеци од годинава во споредба со истиот период лани.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг21 час ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг21 час ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг21 час ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании21 час ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија22 часа ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија22 часа ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју22 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија22 часа ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија22 часа ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет22 часа ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија3 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју22 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

start up2 дена ago

Сто илјади евра финансиска поддршка за македонскиот стартап Elevate Global од страна на Бизнис акцелераторот УКИМ