Connect with us

македонија

Во ноември ќе се одржи 5. годишна конференција за е-трговија – првпат во регионално издание

објавено

на

Организаторите, како и претходните години, најавуваат висококвалитетна програма исполнета со бројни истакнати меѓународни и домашни говорници кои преку предавања, панел дискусии и неформални разговори ќе ги пренесат своите експертизи и искуства од областа на е-трговијата, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг.

Под мотото „E-commerce: Accelerate!” на 11 ноември по петти пат ќе се одржи годишната конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ.

Конференцијата годинава за првпат добива регионален карактер и на истата се очекува да присуствуваат повеќе од 400 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори на компании и владини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија и Хрватска што ја прави уникатна и единствена во регионот во своето петто јубилејно издание.

Организаторите, како и претходните години, најавуваат висококвалитетна програма исполнета со бројни истакнати меѓународни и домашни говорници кои преку предавања, панел дискусии и неформални разговори ќе ги пренесат своите експертизи и искуства од областа на е-трговијата, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг.

Главниот акцент на годинашното јубилејно издание ќе биде ставен на забрзувањето како клучен дел од претприемачкиот екосистем за постигнување на раст и развој на бизнисите. Со забрзувањето доаѓа потребата за проширување на знаењето и имплементација на нови алатки, тактики, и стратегии. Според организаторите, многу компании успеале да ја прилагодат е-трговијата како нивен примарен или дополнителен канал за продажба, но се уште не е остварен целосниот потенцијал кој го нуди е-трговијата за раст на бизнисите.

– „Затоа, фокусот на ова петто издание ќе биде одлична можност да се види до каде стигнала е-трговијата и колку далеку може да оди ако ја ставиме брзо напред и ја забрзаме. За време на конференцијата, говорниците ќе презентираат практични стратегии што најголемите бизниси, вклучувајќи ги и нивните, ги користат за раст и зголемен профит во овие непредвидливи времиња, а учесниците ќе можат да ги слушнат најновите трендови од е-трговијата, да се стекнат со нови знаења и практични примери, како и да ги искористат бројните можности за вмрежување со истомисленици од бизнис секторот.“ – велат од АЕТМ.

Освен ова, во сеопфатната програма на конференцијата официјално ќе се споделат податоци од годишниот преглед на анализата за е-трговија за 2022 година, ќе се зборува и за можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот, за правилно користење на дигиталниот маркетинг, нови технологии и автоматизација на процеси, за промените на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата, а ќе бидат споделени и совети за подобрување на бизнисите од најуспешните е-трговци во регионот. Организаторите потенцираат дека годинава голем акцент ќе биде ставен и на вмрежувањето и неформалната дружба помеѓу учесниците на конференцијата преку повеќе забавни активности надвор од официјалната програма.

Инаку, минатата година конференцијата за е-трговија беше домаќин на преку 400 учесници од 150 компании, организации, универзитети и владини институции од земјата и од регионот, а свои презентации имаа 30 говорници од 10 земји. 

„Early Bird“ картите се веќе пуштени во продажба по специјална цена од 129 евра за физичко присуство и 49 евра за онлајн следење на конференцијата.

Повеќе информации за говорниците, агендата и сите останати детали поврзани со конференцијата следуваат наскоро, а ќе бидат континуирано ажурирани и достапни на: https://ecommerceconference.mk/

Во прилог се неколку фотографии од ланското издание на конференцијата.

македонија14 часа ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија1 ден ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија1 ден ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија2 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија7 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

економија1 ден ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност