Connect with us

економија

Во петок 21. Годишна конференција на Македонската берза: геополитика и енергетика во фокусот

објавено

на

Геополитика, енергетика и банки – ова ќе бидат клучните теми на коишто ќе се дискутира во петок, 23 септември, на 21. Годишна конференција на Македонската берза, што ќе се одржи традиционално во Охрид.

Геополитика, енергетика, банки и новите проекти на Берзата – ова ќе бидат клучните теми на коишто ќе се дискутира во петок, 23 септември, на 21. Годишна конференција на Македонската берза, што ќе се одржи традиционално во Охрид.

„Најпрвин да кажам дека сме среќни што после две години, поради добро познатите причини околу пандемијата, повторно ја организираме нашата традиционална годишна конференција во живо. Свесни за тековните економски и геополитички моменти, се потрудивме темите на овогодишната конференција да бидат максимално актуелни. Покрај воведните обраќања на највисоко ниво, ќе имаме два централни панела и повеќе презентации.“, вели за Капитал главниот извршен директор на Берзата, Иван Штериев.

Иван Штериев, главен извршен директор на Македонската берза

Тој вели дека едниот панел ќе  биде  посветен на енергетиката, со наслов „Ќе има ли долга и студена зима?“, на којшто ќе зборува странски инвестициски аналитичар специјализиран за енергетскиот сектор, а  гостин на Конференцијата  ќе биде директорот на словенечката берза за струја, како и реномирани македонски говорници за оваа тема.

Вториот панел е фокусиран на банките и насловен „Банките во новата реалност“.

„На Македонската берза има доста котирани банки, најмногу во споредба со другите пазари во регионот, и тие ни се еден од главните инструменти што се тргуваат на пазарот, а сите најнови случувања – инфлација, промени на каматни стапки итн. – секако, кај банките имаат повеќекратно влијание. Ќе имаме прилика од претставници на четирите најголеми македонски банки да слушнеме што се случува во секторот и кои се нивните размислувања и предвидувања. Генерален спонзор на конференцијата е PricewaterhouseCoopers и имаме нивен висок претставник кој ќе зборува за моменталниот геополитички контекст и како тоа се одразува на светската економија.“, открива Штериев.

Со оглед на тоа што изминатиов период додека немаше конференции, Берзата реализираше неколку битни стратешки проекти, како што е новиот Кодекс за корпоративно управување и Водичот за ESG известување на котираните компании, па на настанот обезбедено е  учество на креаторите на овие стратешки документи, водечки консултанти од В. Британија и од Холандија. Тие ќе зборуваат за овие теми генерално и ќе објаснат подетално за овие проекти.

македонија14 часа ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија1 ден ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија1 ден ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија2 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија7 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

економија1 ден ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност