Connect with us

свет

Во потрага по Титаник, потона и Титан

објавено

на

Подморницата Титан која превезуваше  туристи до потонатиот брод Титаник на дното на Атлантскиот Океан имплодираше. Оваа претпоставка за најверојатниот крај на подморницата и луѓето кои се наоѓале во неа ја дадоа  експертите врз основа на пронајдените остатоци. Недалеку од потонатиот брод Титаник, пронајдени беа повеќе  остатоци од подморницата Титан, а меѓу нив бил и опашот во кој се наоѓала комората за одржување на притисокот во пловилото.  Се претпоставува дека подморницата имплодирала  еден час и 45 минути по лансирањето, односно во моментот кога комуникацијата со бродот престанала, во неделата на 18 јуни. Имплозијата е спротивен процес на експлозијата. Имено, при експлозија, енергијата во внатрешноста на објектот наеднаш се шири  кон надвор и на тој начин го уништува. За време на имплозија, околниот притисок е многу поголем од внатрешниот притисок, а предметот практично ќе се „сплеска“, односно настанува негова ненадејна компресија. Ако е за утеха, експертите велат смртта кај патниците настапила во дел од секунда и не настрадале во агонија, како при снемување на кислород, што беа впрочем и првичните претпоставки. 

економија3 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки21 час ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас