Connect with us

економија

Во првите девет месеци македонските граѓани „свртеле“ 40 милиони евра на светските берзи

Домашните инвеститори сè позаинтересирани за странски хартии од вредност

објавено

на

Прометот со акции (но и злато, сребро, нафта и други финансиски инструменти),  во странство за првите три квартали е повеќе од половина од прометот со акции на домашниот пазар. Ова релативно високо учество на тргувањето со хартии од вредност во странство во вкупниот промет на македонските резиденти со акции е дотолку позначајно ако се има предвид дека прометот со акции во класично тргување  на Македонската берза е најголем во последните пет години.

Македонските граѓани во третиот квартал годинава помалку тргувале на странските берзи, покажува извештајот на Комисијата за хартии од вредност.

Во периодот јули – септември  2020 година на странски пазари е реализиран промет во износ од 747,2 милиони  денари ( околу 12,2  милиони евра). Во однос на вториот квартал кога прометот на странски пазари преку домашни овластени учесници беше околу 17,5  милиони евра), забележано е намалување за 30.5%. Во третиот  квартал,  во месец септември е евидентиран најголем промет во ова тромесечје, односно 318,9 милиони  денари или на овој месец отпаѓаат 42.68 % од вкупниот промет во овој квартал.

Да потсетиме, со преминувањето на земјата во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) со што правните и физичките лица можат да вложуваат во недвижности и во хартии од вредност во странство, од јуни 2019 година, резиденти на Р.С.Македонија почнаа да инвестираат на странски пазари преку домашни овластени учесници на пазарот.

Во третиот квартал, прометот реализиран на странски пазари преку домашни овластени правни лица во однос на вкупниот промет реализиран на домашен и на странски пазари (околу 30,3 милиони евра) учествува со 40.07%, односно во разгледуваниот период бележи зголемување од скромни 1.01% процентни поени наспроти претходниот период. Во текот на третиот квартал, поинтензивниот пад на прометот на домашен пазар (33.37% или во апсолутен износ за околу 560 милиони денари) во однос на падот на реализираниот промет на странски пазари (намалување од 30.50% или во апсолутен износ за 328 милиони  денари) доведе до зголемување на учеството на прометот на странски пазари во вкупниот промет на сите пазари.

Три банки засега овластени посредници во тргувањето на странски берзи


Вкупно, во првите три квартали од 2020 година, македонските граѓани на странските берзи „свртеле“ 2,44 милијарди денари (околу 40 милиони евра), при што најмногу во април, околу 397 милиони денари и во јуни, 376 милиони денари, или просечно месечно по 4,44 милиони евра промет со акции на странски берзи. Истовремено, на домашниот пазар, односно Македонската берза, во првите девет месеци е направен вкупен промет од 113 милиони евра, додека прометот со акции во класично тргување  е околу 78 милиони евра, што значи дека прометот со акции во странство во анализираниот период е повеќе од 50% од прометот со акции на домашниот пазар

Вкупно, во првите три квартали од 2020 година, македонските граѓани на странските берзи „свртеле“ 2,44 милијарди денари (околу 40 милиони евра), при што најмногу во април, околу 397 милиони денари и во јуни, 376 милиони денари, или просечно месечно по 4,44 милиони евра промет со акции на странски берзи.

Истовремено, на домашниот пазар, односно Македонската берза, во првите девет месеци е направен вкупен промет од 113 милиони евра, додека прометот со акции во класично тргување  е околу 78 милиони евра, што значи дека прометот со акции во странство во анализираниот период е повеќе од 50% од прометот со акции на домашниот пазар. Во вкупниот промет пак со акции и на двата пазари, трговијата на странските пазари зафаќа 33,8%. Ова релативно високо учество на тргувањето со акции во странство во вкупниот промет на македонските резиденти со акции е дотолку позначајно ако се има предвид дека прометот со акции во класично тргување  на Македонската берза е најголем во последните пет години.

Ако пак сметаме како процент од целокупната трговија на домашните инвеститори на Македонската берза и странските пазари од 113 милиони евра во првите девет месеци (со се’ блок трансакциите, преземањето на осигурителна компанија, итн.), уделот на трговијата со акции во странство е 26%.

Прометот реализиран на странски пазари и во третиот  квартал како и досега се реализира преку три (3) банки, овластени учесници на пазарот на капитал коишто засега имаат дозвола за вршење вакви услуги:  Шпаркасе банка Македонија, НЛБ банка  и Комерцијална банка. Во овој квартал најголемо учество во реализираниот промет на странски пазари продолжува и понатаму да има Шпаркасе банка со 51.67% од вкупниот промет, односно 386 милиони  денари . По неа следи Комерцијална банка која во овој квартал бележи реализиран промет од 231,8 милиони  денари на странски пазари, што претставува 36.53%, а како трета е НЛБ банка која во прометот на странски пазари учествува со 17.31%.

Kварталните податоци по одделни овластени банки, упатуваат дека Шпаркасе банка  е насочена кон сервисирање на клиенти/резиденти кои вложуваат на странски пазари, коишто во третиот квартал од  2020 зафаќаат 96% од вкупниот промет реализиран на сите пазари од страна на оваа банка. Набљудувано по месеци и одделни овластени банки, од јуни 2019 година, односно од кога се овозможи вложување на резиденти на странски пазари, се забележува дека прометот на странски пазари реализиран преку трите овластени банки има ефект врз соодносот меѓу прометот на странски пазари и прометот на домашен пазар, а тој ефект е најизразен кај Шпаркасе банка.

Просечните износи за тргување во странство се  20.000 евра

Во последниот квартал од минатата година, кога всушност и се забрза тргувањето со хартии од вредност на странските пазари по почетните трансакции  што се случија летото, прометот на македонските физички и правни лица бил 473 милиони денари или околу 7,7 милиони евра, што значи дека годинава овој вид на тргување добива на динамика,  и покрај психозата што кај инвеститорите ја создава пандемијата. Од податоците за тргувањето се гледа дека интересот за купување акции во странски компании континуирано расте од месец во месец во 2020 година, па иако во март американските, и останатите главни берзи во светот забележаа силен пад поради паниката создадена од затворањето на економиите предизвикано од пандемијата, во април месец прометот на странски пазари со „македонски пари“ повторно пораснал, на 396,5 милиони денари. Всушност, како што објаснуваат од македонските банки, најсилниот пораст на новорегистрирани клиенти и промет е забележан во вториот квартал, во периодот на силен пад на цените на инструментите на странските пазари.

„Во 2020 година, особено по силната корекција на светските пазари во март месец, бројот на индивидуалци од земјава кои инвестираат, а кои претходно немаат значително искуство во тргувањето со хартии од вредност,  рапидно се зголеми. Се работи за инвеститори со портфолија до 20.000 евра, кои целат кон фреквентно тргување. “, објаснуваат од брокерскиот оддел на Шпаркасе банка.
Оттаму додаваат дека во  овој период се регистрирани и значителен број на клиенти кои преферирале т.н. buy&hold стратегија, со долгорочен инвестициски хоризонт кои инвестирале и позначителни финансиски средства.

Од Комерцијална банка пак велат дека одредена група на инвеститори инвестираат на долг рок, главно во светски познати компании. 

„Може да се каже дека инвеститорите повеќе се информирани и повеќе ги следат берзите во Америка отколку во Европа. Најмалите износи со кои излегуваат на странските пазари се движат околу 2.000 евра, просечните се околу 20.000 евра, а поголемите достигнуваат и до 500.000 евра.“, велат оттаму.

Како се тргува со акции во странство

Постапката за тргување со акции во странство е многу едноставна, објаснуваат во македонските банки преку коишто одат овие трансакции. Потенцијалните клиенти доставуваат налог за тргување во странство кај овластените брокери во земјава.  Овластените брокери го проследуваат налогот до глобалните брокери (инвестициско друштво или финансиски посредник кој има добиено дозвола од надлежен регулаторен орган) со кои имаат потпишано договор за соработка, а потоа тие технички го реализираат налогот на странските берзи.

Во почетниот период, налогот за тргување од страна на клиентот до брокерското друштво ќе треба да се достави електронски, телефонски или директно во канцеларијата на овластениот брокер, како што е предвидено и за тргување на Македонската берза. Но, бидејќи странските пазари се наоѓаат во различни часовни зони, за брзо време на клиентите ќе им биде достапна директна платформа за тргување, на која сами ќе можат да дадат налог на пазарот. Таа платформа ќе работи 24 часа.

За реализација на тргувањето во странство брокерските куќи/банки склучуваат и договор со финансиска институција која е чувар на имот и која има добиено дозвола од надлежен регулатор, а која во име на брокерската куќа ќе ги чува хартиите од вредност со кои се тргува во странство. Значи странските хартии од вредност кои ги купуваат физички лица од земјава се чуваат на омнибус сметка во финансиска институција које е чувар на имот. Овие омнибус сметки се одвоени од имотот на самата финансиска институција.

Тргувањето во странство суштински не се разликува многу од тргувањето на Македонската берза, барем не од перспектива на клиентот. Договорната документација помеѓу брокерското друштво и клиентот е стандардизирана. Бидејќи понудата на странските пазари е поголема и поразновидна, се прават и дополнителни анализи со цел клиентот да добие што повеќе потребни информации. Секако, тргувањето во странство има и свои трошоци (провизии), чија висина зависи од пазарот на кој се тргува. Новина се надоместоците за трошоците за старателската банка, односно за чување на хартиите од вредност на омнибус сметки.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг1 ден ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг1 ден ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок