Connect with us

економија

Во февруари: Годишен раст од 6,1% на вкупните депозити и од 8,9% на вкупната кредитна поддршка

објавено

на

Вкупните депозити во февруари, на годишна основа, се зголемени за 6,1%, како резултат на растот на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства. На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 8,9%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор.

Во февруари, вкупните депозити забележаа пад од 0,4% на месечно ниво, како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор, во услови на умерен раст на депозитите кај домаќинствата, покажува најновата анализа на Народната банка.

Анализирано на годишна основа, растот на вкупните депозити од 6,1% се должи на зголемените депозити кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.  ‒ Вкупните кредити, во февруари, остварија месечен и годишен раст од 0,9% и 8,9%, соодветно, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор. 

Вкупните депозити на корпоративниот сектор забележаа надолна месечна промена од 2,5%. Промената пред сѐ произлегува од намалувањето на депозитните пари, а во помал дел и од краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, во услови на умерен раст на останатите компоненти.

На годишна основа, растот од 8,3% се должи на повисоките депозитни пари, како и на краткорочните и на долгорочните депозити во странска валута, при остварен пад на долгорочните и на краткорочните депозити во денари.  ‒ Во февруари, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 1,3% во однос на претходниот месец, како резултат на растот на кредитите во денари и во странска валута, со поизразен придонес кон растот на кредитите во странска валута. Годишниот раст изнесува 10,0%, со поголем придонес кон растот на денарските кредити.  

Депозити и кредити на домаќинствата

Кај вкупните депозити на домаќинствата, во февруари, е забележан месечен и годишен раст од 0,5% и 6,0%, соодветно. Притоа, растот по двете основи во поголем дел е резултат на краткорочните депозити во странска валута, а помал позитивен придонес имаат депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута, во услови на остварен пад на долгорочните и на краткорочните депозити во денари. 

Во февруари, кредитите на домаќинствата се зголемија за 0,5% на месечна основа и 7,8% на годишна основа, што се објаснува со порастот на кредитите во денари и во странска валута, којшто е поизразен кај кредитите во денари. 

Во февруари, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити како најзастапена категорија се зголемија за 0,5% на месечна основа, при годишен раст од 7,2%. Станбените кредити, овој месец, бележат месечен и годишен раст од 1,1% и 15,5%, соодветно. Кај автомобилските кредити, во февруари, е остварено месечно и годишно намалување од 2,3% и 15,6%, соодветно, а кредитите одобрени на кредитни картички забележаа пад на месечно и на годишно ниво од 0,9% и 5,7%, соодветно. Негативните салда на тековните сметки, овој месец, се намалија за 0,8% на месечна основа, а годишниот раст изнесува 1,9%. Во февруари, кредитите одобрени врз други основи забележаа месечно и годишно намалување од 0,2% и 31,8%, соодветно.

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија18 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација