Connect with us

регион

Во Хрватска пристигнуваат три светски хотелски брендови во исто време

Хрватскиот туризам добива на конкурентност

објавено

на

Hyatt ќе го гради првиот хотел во Хрватска, во Задар, Marriott ќе изгради хотел во Ичиќи, додека Mövenpick го завршува својот втор хотел во земјата, во Сплит.

И покрај фактот што светските синџири на хотели често ја заобиколуваат Хрватска во нивните инвестициски планови, нивниот туризам ќе добие три високо луксузни брендирани објекти оваа и следната година.

Оваа недела го означува официјалниот почеток на градежните работи на хотелот Hyatt Regency Zadar Maraska во Задар, во поранешното  седиште на фабриката за пијалаци Мараска, пишува загрепски Лидер Медиа. Најавено е  доаѓањето на  претставниците на инвеститорите, односно Ферит Сахенк, претседателот на управата на  Doğuş Group, Такиa  Аојама, потпретседателот за развој на Hyatt International, како и Николина Брњац, министер за туризам и спорт на Хрватска.

Hyatt Regency Zadar  Maraska ќе работи како дел од брендот Regency на Hyatt International Group и е првиот хотел под брендот Hyatt во Хрватска. Со своите 133 пространи соби и апартмани, покрај врвната понуда за гостите, хотелот ќе вклучува и конференциски објекти и простори за состаноци кои дополнително ќе придонесат за развојот на туризмот во Задар, а планирано е хотелот да се отвори во 2024 година.

Важен чекор за Задар како туристичка дестинација

Според локалниот портал 057info, изведувач ќе биде Камград, една од најголемите градежни компании во Хрватска. Покрај луксузниот хотел, Групацијата Doğuş има намера да изгради и луксузни апартмани под брендот Hyatt, што е прв таков пример во Хрватска, но според еден локален портал, во Задар се уште има политички дискусии околу ова.

Како што ексклузивно изјави Бурак Бајкан, регионален директор на Групацијата Doğuş за Лидер минатата година пред Турско – хрватскиот форум, Maraska во моментов е единствениот, но и најголемиот проект на Doğuş во Хрватска, вклучува врвен хотел со станбен комплекс и вкупната вредност на инвестицијата ќе биде околу 120 милиони евра, а хотелскиот дел ќе изнесува околу 50 милиони евра.

И првиот хотел Hyatt  во Турција исто така бил  инвестиција на Doğuş, а компанијата со Hyatt соработува речиси 30 години, па ваквата соработка подразбира заеднички вложувања и во Хрватска. Doğuş преговара со овој хотелски бренд околу Maraska проектот уште  од 2016 година, но во меѓувреме мораше да се ревидираат некои услови за соработка.

Бајкан изјави дека Hyatt  е многу важен чекор напред за Задар, што автоматски ја подигнува вредноста на дестинацијата и дека се размислува за понатамошна соработка со овој ланец хотели во однос на развојот на хотелиерството во Хрватска. Според неговата проценка, ќе бидат потребни пет до седум години за Maraska  како производ да порасне и да застане на свои нозе на пазарот. Не само во финансиска смисла, туку и да се создаде потребниот стандард за квалитет на услугата, за што е потребен подолг временски период.

За првите 200 брендирани станбени единици во Хрватска, наводно веќе се заинтересирани потенцијални купувачи со висока платежна моќ од хрватската дијаспора и централна и  источна  Европа, што значи Чеси, Словаци, Унгарци, Полјаци, Австријци, главно странци. За станови се распрашуваат и богаташите кои доаѓаат во Задар на мега јахти.

Првиот хотел од брендот Hyatt во Хрватска ќе биде лоциран во Задар, во поранешното седиште на фабриката за пијалаци Мараска.

И Marriott и Mövenpick со нови хотели во Хрватска

Минатиот петок  беше најавено и свеченото потпишување на договорот помеѓу Mariott International и Meszaros Group за управување со идниот луксузен хотел Riva’s Hotels & Resorts во Ичиќи, кој треба да ги отвори вратите за своите први гости  во сезоната 2024 година. Проектот вреден околу 100 милиони евра го развива унгарскиот претприемач Лоринц Мезарош, за кого по фудбалскиот камп во Осиек ова е најголемата инвестиција во Хрватска, а ја развива со локалната компанија DDG Group.

Riva’s Hotels & Resorts ќе има 5 ѕвезди, 185 соби и 12 вили. Проектот опфаќа и изградба на пристапен пат, пешачки мост до морето и уште некои побитни инфраструктурни зафати. Мarriott Hotels се дел од портфолиото на Marriott Bonvoy, кое управува со вкупно 30 хотелски брендови.

Исто така, по отворањето на првиот хотел Mövenpick во Загреб во март минатата година, групацијата Accor годинава отвора луксузен хотел под истиот бренд и во Сплит. Во Загреб, Mövenpick се наоѓа во близина на аеродромот и е повеќе деловен хотел, додека оној во Сплит ќе биде за одмор, на плажата Жњан, а Accor го гради во партнерство со компанијата Split Peninsula Properties d.o.o.  и со развојниот тим на компанијата MPPD d.o.o..

Новиот хотел Mövenpick Split ќе има 156 соби со поглед на море, два ресторани и спа центар, како и иновативен работен простор и објект за одржување конференции. Хотелот ќе располага и со 110 подземни и надземни паркинг места со голем број станици за полнење на електрични возила. Како најсветлиот бисер на хотелот, инвеститорите најавуваат уникатен ресторан на покривот, lounge простор и тераса со infinity  базен.

Минатата недела, Accor одржа меѓународна онлајн прес-конференција, на која го претстави својот нов бренд Handwritten Collection, во кој има намера да вклучи 250 хотели до 2030 година. Според изјавата на менаџментот, Accor лани отворал во просек по еден нов хотел дневно. Наскоро ќе бидат отворени пет нови хотели под новиот бренд Handwritten Collection на сите континенти, но засега нема најави дека ќе има негово присуство и  во Хрватска.

економија12 часа ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија13 часа ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки13 часа ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија13 часа ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија2 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет3 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија5 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју6 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

интервју6 дена ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

македонија1 недела ago

Избрани најдобрите е-трговци во Македонија во повеќе категории

технологии / компании1 недела ago

Ред Бул шкртачки настан во живо со Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ -патување во Амстердам и ваучери за учење дизајн за најдобрите

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју6 дена ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју6 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија6 дена ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

македонија6 дена ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Одговорност за одржливост

економија6 дена ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност