свет
Во 2023 нека заврши војната во Украина

Загинати најмалку 43 илјади цивили, повредени преку 55 илјади. Исчезнати најмалку 15.000 луѓе, а раселени околу 14 милиони. Уништени најмалку 140.000 објекти, направена штета од преку 350 милијарди долари. Ова е досегашниот биланс на војната во Украина, односно инвазијата што врз својот сосед ја почна Русија на 24 февруари годинава. На жртвите во војничките редови кој ќе ја знае точната бројка. Двете влади ги минимизираат бројките, се разбира, а независните проценки се дека има преку 100 илјади жртви и на двете страни. Години, или поверојатно, децении ќе требаат да се вратат украинската економија и општество на нивото од пред инвазијата. Ако воопшто се вратат. Болката за било какво човечко страдање е голема кај сите нас, и ова е „настанот“ што дефинитивно ја одбележа оваа одвратна 2022 година, за жал. Ви посакуваме подобра 2023 на сите, му посакуваме мир на украинскиот народ што побргу!