Connect with us

економија

Врвни репроматеријали, квалитетни машини и вредни работници се клучот за нашиот успех

Разговаравме со Ѓоше Митев, комерцијален директор на Ветекс АД Велес

објавено

на

Во услови кога природните текстилни материјали се се’ поскапи, се бараат иновативни решенија, кои ќе бидат еколошка супституција, а ценовно оптимални. Во вакви услови Ветекс АД Велес со финансиска поддршка од страна на Фондот за иновации и технолошки развој  го разви проектот „4 СЕЗОНИ“,  којшто  значи производство на иновативни производи, предива и конци во кои ќе има соодветна мешавина на памук со акрил и волна. Природен производ кој покрај бенефитите од памукот, ги обезбедува и вредностите од другите материјали.

Живееме во едно динамично секојдневие, каде луѓето стануваат сè попребирливи, со комплексни барања. Сè повеќе преферираат производи кои се изработени од природни материјали, а не од синтетика. Облека за чие производство не се загадува животната средина, која има подолг животен век, и која може да се носи во сите годишни времиња. Во услови кога природните материјали се се’ поскапи, се бараат иновативни решенија, кои ќе бидат еколошка супституција, а ценовно оптимални.

Во вакви услови ВЕТЕКС АД Велес со финансиска поддршка од страна на Фондот за иновации и технолошки развој  го разви проектот „4 СЕЗОНИ“,  којшто  значи производство на иновативни производи, предива и конци во кои ќе има соодветна мешавина на памук со акрил и волна. Природен производ кој покрај бенефитите од памукот, ги обезбедува и вредностите од другите материјали.

„Тенденција е во Европа да се користат природни материјали за изработка на предива и конци за рачна изработка. Памукот како изворен природен материјал во комбинација со волна ги сублимира позитивните придобивки на двата материјали корисни за човекот во текот на целата година. “, објаснува г-дин Ѓоше Митев, комерцијален директор и член на УО на Ветекс за значењето на оваа иновација.

Тој додава поради тоа што климатските промени придонесоа кон зголемување на просечните температури, со тоа  зголемува можноста за употреба на памучна облека и во текот на студените месеци (доцна есен – зима – рана пролет). Така памукот, од традиционално употребуван во топлите периоди (доцна пролет -лето – рана есен), се повеќе станува четири – сезонска суровина.

„Истовремено желбата да се носат комотни  и пријатни материјали, влијае да се користи се повеќе памукот во производството на текстилни производи.“, вели Митев.

Главни извозни пазари во ЕУ

Ѓоше Митев, комерцијален директор и член на УО на Ветекс: „Комбинацијата од врвни репроматеријали, квалитетни машини и вредни работници водеа кон позиционирање на Ветекс АД како доверлив партнер во текстилната индустрија. Во нашето производство имаме широка палета  на конци за хеклање, везење и плетење која е достапна на љубителите на рачната изработка. Бројката на вработените се движи околу 190 во моментов.“

Нашиот соговорник истакнува дека купувачите денес очекуваат да добијат облека која ќе ги опфати предностите на двата вида суровини. Секојдневно се зголемува бројот на купувачи кои бараат производи кои можат максимално да се искористат и кои полесно и поефикасно би се одржувале со цел продолжување на нивниот животен век и помалку создавање на отпад и загадување на животната средина.

Во Ветекс ги следат развојните трендови во индустријата, ја следат потребата на пазарот за нови еколошки иновативни производи, со што ќе ја подобрат конкурентноста и на нивните клиенти од европските пазари.

„Наши главни извозни пазари во моментот се земјите од Европската унија – Германија, Франција, Австрија,  скандинавските земји, како и Русија“, вели Митев. Финалните купувачи на конецот на Ветекс го користат за изработка на разни плетени производи.

Според него, единствена можност за соработка со останатите текстилни компании од Македонија е конецот за шиење, којшто повеќе не е дел од производната програма на Ветекс – поради конкуренцијата од Кина.

„Од друга страна македонските текстилни фирми во најголем дел се конфекции коишто работат на лон принцип, при што им е доставено од купувачот се’ што им е неопходно од репроматеријали,  вклучително  и  конец за шиење .“

Инвестиции во екологија и економичност

Целта на менаџментот на Ветекс е во иднина да продолжат да бидат доследни на сопствениот континуиран развој. Како што вели Митев, процесот на автоматизација, повторно, силно ќе влијае на квалитетот на производот.

Инаку, почетоците на работата на компанијата се поврзани со производство на памучен конец за шиење.
„Комбинацијата од врвни репроматеријали, квалитетни машини и вредни работници водеа кон позиционирање на Ветекс АД како доверлив партнер во текстилната индустрија. Во нашето производство имаме широка палета  на конци за хеклање, везење и плетење која е достапна на љубителите на рачната изработка. Бројката на вработените се движи околу 190 во моментов.“, објаснува директорот Митев.

Целта на менаџментот на Ветекс е во иднина да продолжат да бидат доследни на сопствениот континуиран развој. Како што вели Митев, процесот на автоматизација, повторно, силно ќе влијае на квалитетот на производот.

„Воедно и ќе го намали притисокот од потребата за бројна работна сила. Кога говориме за вработените, и во иднина продолжуваме со нивниот развој. Со цел полесно да ги оствариме развојните планови и инвестиции, внимателно ги следиме финансиските програми за поддршка на приватниот сектор, коишто имаат вклучено и грант компоненти, а доаѓаат претежно од ЕУ програмите. “

Главни извозни пазари на Ветекс во моментов се земјите од Европската унија – Германија, Франција, Австрија,  скандинавските земји, како и Русија. Финалните купувачи на конецот на Ветекс го користат за изработка на разни плетени производи.

Што се однесува до еколошката, но и  компонента на економичност во развојот на Ветекс, Митев вели дека во тек е изградба на фотоволтаична централа на крововите од производните погони, која ќе ѝ овозможи на компанијата намалување на трошокот за електрична енергија, чија тенденција е да расте.

„ Анаеробна пречистителна станица како следна инвестиција треба понатаму дополнително да го унапреди учинокот на фабриката за заштита на животната околина и имплементирање на ефикасен верификациски систем  Detox to zero,  кој подразбира имплементирање на критериумите на Greenpeace Detox кампањата. А, сите планирани заложби заедно да обезбедат одржлив развој на Ветекс.“, објаснува нашиот соговорник.

Како најголем предизвик во моментов Митев го истакнува подобрувањето на квалитетот на нивните производи и зголемување на производството и пласманот во Европа и пошироко.

„И покрај пандемијата нашата компанија успешно ја заврши 2021 година, со надеж дека 2022 година ќе биде уште подобра и поуспешна работна година.“

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал