Connect with us

македонија

Вредноста на инвестициските фондови благо зголемена, но приносите слаби во 2020

Како работеше фондовската индустрија во корона – криза

објавено

на

Ако во 2019 година домашните инвестициски фондови имаа одлични резултати, при што предничеа акциските фондови – ВФП Премиум (25%), Генерали Топ брендови (16%), КБ Публикум МБИ-10 (33%), итн., минатата година случувањата на светските берзи, поточно паниката која настана во март месец поради локдауните и затворањата на економиите, којашто  се прелеа и на Македонската берза (каде што на пример, вложува акцискиот фонд КБ Публикум МБИ-10), не можеа поинаку да се одразат на резултатите на македонските инвестициски фондови. Од прегледот што го дава Македонската берза на својата веб страна, се гледа дека фондовите што вложуваат во акции за периодот 31.12.2019 – 31.12.2020 претежно имаат негативни стапки на принос – Илирика Југоисточна Европа (-10,2%), Генерали Брик (-11,9%), Илирика Глобал Растечки пазари (-4,4%), ВФП Премиум инвест (-4,57%), итн. Од акциските фондови позитивен принос имаат само Генерали Топ брендови (+1,12%), КБ Публикум – МБИ 10 (1,99%) и Граве Глобал (1,67%). Паричните фондови имаат нешто подобри перформанси, што е разбирливо, бидејќи вложуваат во банкарски депозити и државни обврзници (приносите им се движат од 1,3% – 1,5%) , како и обврзничките фондови, со приноси помали и од 1%, па до речиси 2%.

Деновиве од Министерството за финансии стигнаа најавите за промените во регулативата за инвестициски фондови од коишто се очекува да го раздвижат овој пазар на капитал во земјава. Клучните новитети (подетално во рамката приложена во текстов, н.з.) се можностите за формирање на два нови типа на инвестициски фондови, главни фондови и т.н. фондови напојувачи (feeder funds), a ќе се овозможи и меѓусебно припојување на  отворените фондови во Македонија, како и спојување на два или повеќе отворени фондови во нов отворен инвестициски фонд. 

Од фондовите велат дека овие промени се заговарани веќе подолго време, односно последниве 2-3 години, во насока на усогласување на домашното законодавство со она на ЕУ, и  дека нема некакви радикални поместувања што ќе се случат на пазарот. Од Министерството за финансии пак, веруваат дека со законските промени ќе се постигне поголема конкуренција, забрзана консолидација и поефикасно управување со средствата на инвеститорите.

Во меѓувреме, инвестициските фондови минатата година, одбележана во знакот на корона – кризата ја завршија во стилот “каква криза беше, можеше и многу полошо“.

Од прегледот што го дава Македонската берза на својата веб страна, се гледа дека фондовите што вложуваат во акции за периодот 31.12.2019 – 31.12.2020 претежно имаат негативни стапки на принос – Илирика Југоисточна Европа (-10,2%), Генерали Брик (-11,9%), Илирика Глобал Растечки пазари (-4,4%), ВФП Премиум инвест (-4,57%), итн. Од акциските фондови позитивен принос имаат само Генерали Топ брендови (+1,12%), КБ Публикум – МБИ 10 (1,99%) и Граве Глобал (1,67%). Паричните фондови имаат нешто подобри перформанси, што е разбирливо, бидејќи вложуваат во банкарски депозити и државни обврзници (приносите им се движат од 1,3% – 1,5%) , како и обврзничките фондови, со приноси помали и од 1%, па до речиси 2%.

Ако во 2019 година домашните инвестициски фондови имаа одлични резултати, при што предничеа акциските фондови – ВФП Премиум (25%), Генерали Топ брендови (16%), КБ Публикум МБИ-10 (33%), итн., минатата година случувањата на светските берзи, поточно паниката која настана во март месец поради локдауните и затворањата на економиите, којашто  се прелеа и на Македонската берза (каде што на пример, вложува акцискиот фонд КБ Публикум МБИ-10), не можеа поинаку да се одразат на резултатите на македонските инвестициски фондови. Но, како што вели Петар Андреевски, директор на друштвото за управување со фондови ВФП Фонд Менаџмент, токму континуираната едукација на инвеститорите треба да е клучниот фактор во разбирањето како функционираат акциските фондови и која е целта за вложување во нив.

„Корекции на светските берзи се случуваат постојано, непредвидливи кризи како оваа актуелната здравствена исто така се случуваат, и тогаш имаме значителни корекции на светските пазари. Секако тоа се одразува на перформансите на инвестициските фондови што вложуваат во акции. Токму затоа, ние и во нашиот проспект на фондот, имаме наведено дека вложувањето во акциски фондови е претежно наменето за подолг рок, од 10 години па натаму. Затоа први правиме едно профилирање на нашите клиенти, анализираме повеќе фактори, како што е нивниот временски хоризонт на чекање, склоноста кон ризик, возраста, стабилноста на приходите, итн., со што му препорачуваме каков избалансиран пристап да направи при креирање на своето портфолио. Се разбира, на тој што му е потребно управување со ликвидните средства на краток рок тука се паричните фондови, за среден рок се соодветни обврзничките, додека за подолг рок, односно со намера да се штеди за школување на деца и сл., најлогичен избор се акциските фондови.“, објаснува Андреевски.

ВФП Инвест и Генерали Инвестментс со најголем пораст на вредноста на своите фондови

Нето вредноста на средствата на инвестициските фондови со коишто управувале друштвата за управување со инвестициски фондови (ДУИФ) на 31.12.2020 изнесувала 8,95 милијарди денари (околу 145 милиони евра), што претставува зголемување од 3,72% во однос на нето вредноста на крајот од 2019 година, покажува извештајот за пазарот на капитал направен од Комисијата за хартии од вредност. 

Ваквото нагорно поместување од 3.72% (320.78 милиони денари, односно ≈5.2 милиони евра) на вкупната нето вредност на средствата на инвестициските фондови на годишна основа, главно е детерминирано од растот од скоро 22% на нето вредноста на инвестициските фондови со кои управува ДУИФ ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, како и од растот од 7% на нето вредноста на инвестициските фондови со кои управува ДУИФ Генерали Инвестментс АД Скопје. Нето вредноста на инвестициските фондови со кои управуваат останатите друштва бележи намалување во распон од -2% до -19%.

Од анализата на КХВ се гледа дека поединечните друштва, со минимални отстапки, го задржуваат истото учество во вкупната нето вредност на сите отворени фондови, на квартално ниво. Имено, со најголем процент од нето вредноста на отворените инвестициски фондови континуирано управува ДУИФ КБ Публикум Инвест, додека на годишна основа ВФП Фoнд Менаџмент го зголемило своето учество за 4.04 процентни поени. ДУИФ Иново Статус управува со помалку од 1% од вкупно собраните средства на инвестициските фондови во текот на целиот период.

Поединечно, пак, гледано по фондови, за една година најголем пораст на нето вредноста на средствата под управување бележат Генерали Топ Брендови, ВФП 100% Бонд, ВФП Премиум Инвест, Генерали БРИК и Илирика Глобал Растечки Пазари. Ваквата слика делумно се должи на зголемувањето на вредноста на портфолијата на овие фондови, имајќи предвид дека некои финансиски инструменти во кои вложуваат тие, бележат значителен раст на берзите, што пак соодветно резултира во зголемена атрактивност на овие фондови и привлекување на зголемен број инвеститори.

Силни флуктуации поради корона – кризата

Ако се анализираат перформансите на акциските инвестициски фондови на македонскиот пазар, оние што вложуваат во акции на домашни и странски компании, ќе се забележат флуктуации во нивната вредност во 2020 година паралелно со флуктуациите што се случуваа на светските пазари на капитал, но и на домашната берза каде што имаше силен пад во месец март поради корона – кризата.

Па така, од графиконите на КХВ може да се заклучи  дека вредноста на акциите во кои инвестирале акциските фондови се намалила за 22.5% во периодот од крајот на јануари до крајот на март, што коинцидира со падот на главните индекси на светските берзи како реакција на кризата предизвикана од глобалната пандемија. Од крајот на март до крајот на декември 2020 година, евидентна е стабилизација и пораст на вредноста на портфолијата на акциските фондови, што укажува на фактот дека првичната негативна реакција на инвеститорите е веќе апсорбирана од страна на берзите. Имено, вредноста на портфолијата на акциските фондови на крајот на декември е за 52% повисока во однос на март, односно на годишна основа е зголемена за 18%.

Иако месечната динамика на нето вредноста на трите видови инвестициски фондови (парични, акциски и обврзнички) има променлив карактер, структурата на истата според процентуалното учество на видовите фондови во вкупната нето вредност, во периодот од крајот на декември 2019 година до крајот на декември 2020 година, останува непроменета во континуитет. Имено, паричните фондови и понатаму ја задржуваат доминантната позиција со учество кое се движи од 59%-67%. Учеството на акциските фондови се движи во распонот од 28% – 35%, додека обврзничките фондови во првите три квартали учествуваат со 5% во вкупната нето вредност, а во четвртиот квартал со 6%.

Нашите соговорници од фондовската индустрија велат дека во паричните или т.н. кеш фондови, вложуваат правни и физички лица на коишто им е потребно управување со нивните ликвидни средства на краток рок, а преку фондовите може да добијат повисока каматна стапка од домашните банки, каде што главно се „вртат“ парите прибрани од кеш фондовите, иако помал дел оди и во државни обврзници, во земјава или странство.

Набљудувано по структура на дејности , највисоко учество на вложени средства во последниот квартал од  2020 е забележана во четири клучни сектори: финансиски услуги (23%), здравство (17%), нециклична потрошувачка (11%) и информатичка технологија (11%).  Разбирливо е дека најголемиот процент на вложени средства е во секторот финансиски услуги, затоа што, како што погоре е нотирано, паричните фондови располагаат со 50-60% од вкупното портфолио на сите инвестициски фондови во Македонија, а тие како што рековме, вложуваат во банки.

Но, како што вели Петар Андреевски, од ВФП Фонд менаџмент, и  акциските фондови, како што е нивниот ВФП Премиум инвест, вложуваат во акции на големите светски банки, со оглед на фактот  дека тие се паднати периодов и прилично потценети, иако нивната капитална адекватност и другите перформанси им се далеку подобри од нивото на големата финансиска криза од 2008 година и добро ја „пречекаа“ здравствената и економска криза од 2020 година.

„Освен во секторот банки и финансии, во следниот период гледаме простор за раст и во индустриите за материјали и суровини, здравство, технологија… Битно е дека светлото на крајот од тунелот се гледа, светот се научи да функционира со корона – кризата, каматните стапки се ниски и очекуваме така и да останат на среден рок, што ќе дава дополнителен стимул за одржување на економскиот раст и потрошувачката и подобри перформанси на светските корпорации, следствено и на нивните акции на берзите“, вели Андреевски.

Колку за илустрација, во портфолиото на ВФП Премиум инвест топ 10 позиции според изложеноста кон нивните акции го држат европските и американски гиганти како SAP, Nestle, LVMH, Apple, Roche, Uilever, Novo Nordisk, Allianz, итн., од што се забележува разновидност во индустриските сектори, како здравство, финансии, преработувачка индустрија, ИТ…

Кај македонските фондови генерално се забележува ниската променливост на структурата на вложувања по дејности во текот на годината. Средствата вложени во секторот финансиски услуги во извештајниот период се задржаа на исто ниво како и во првиот квартал 2020 година, додека во компании од здравството и од нециклична потрошувачка се забележува намалување од еден, односно два процентни поени соодветно. Од друга страна, вложувањата во секторот информатичка технологија во четвртиот квартал во споредба со првиот квартал бележат раст од 2% процентни поени. 

Преку 70% од вложувањата на инвестициските фондови се во Македонија

Од аспект на географската структура на средствата на инвестициските фондови во континуитет доминираат вложувањата во Македонија за на 31.12.2020 да изнесуваат 6.41 милијарди денари, што се потврдува и со нивното големо процентуално учество од над 70% во секој квартал од 2020 година. Во земјите членки на Европската Унија, сите инвестициски фондови на крајот на декември вложиле околу 12% од вкупно собраните средства. Помал дел од вложувањата го насочуваат во САД (7% во Q4 2020 година), додека средствата вложени во Русија имаат незначително учество во структурата на вложувањата на инвестициските фондови. Релативно ниската променливост на географската структура е одраз на вложувањата на фондовите во депозити кои согласно законот може да бидат само депозити во македонски банки, објаснуваат во извештајот на КХВ.

Во текот на 2020 година, во инвестициските фондови се уплатени вкупно 18,2 милијарди денари, а се одлеани 17,9 милијарди денари, креирајќи позитивна нето разлика од 283,3 милиони денари, односно околу 4,6  милиони евра. На годишна основа, позитивната нето разлика во целост произлегува од вториот квартал, додека придонесот на останатите три квартали е негативен. Значително подобрената нето разлика помеѓу приливите и одливите на средствата во вториот квартал е доволно голема да ги неутрализира негативните нето приливи од останатите три квартали и да креира позитивни нето приливи, како на ниво на првите шест и девет месеци, така и на ниво на цела 2020 година. На месечно ниво пак, видливи се изразени разлики помеѓу месеците. Така, нето приливите за јануари, април, мај, јуни, јули и во октомври биле позитивни, додека истите за останатите месеци биле негативни.

Најголем процент од приливите во првите три квартали се од домашните банки, на кои отпаѓа 38%, 43% и 52% за прв, втор и трет квартал респективно, додека во четвртиот квартал најголемо учество во приливите имаат домашните нефинансиски правни лица со 31%, по што следуваат други домашни финансиски институции со 29% и домашни банки со 26%.

Најголем процент на повлечени средства од инвестициските фондови во првите три квартали има повторно  од страна на домашните банки, на кои отпаѓа 35%, 59% и 50% во првиот, вториот и во третиот квартал респективно, додека во четвртиот квартал најголемо учество во одливите на средства имаат други домашни финансиски институции со 39%, а потоа следуваат домашни нефинансиски правни лица со 31% и домашни банки со 21%.


Најавени промени во регулативата за инвестициските фондови

Со предложените решенија ќе се воведат два нови типа на инвестициски фондови, главни фондови и т.н. фондови напојувачи (feeder funds), a ќе се овозможи и меѓусебно припојување на   отворените фондови во државава, како и спојување на два или повеќе отворени фондови во нов отворен инвестициски фонд. 

Владата ги поддржа предлог-измените на Законот за инвестициски фондови, кои создаваат можност за зголемена либерализација и продлабочувње на пазарот на капитал, известуваат од Министерството за финансии.

Преку можноста за формирање нови видови инвестициски фондови се поддржува поголема конкуренција, забрзана консолидација и поефикасно управување со средствата на инвеститорите. Со законот се поддржува и поголема транспарентност, преку информирање на потенцијалните инвеститори на јасен, недвосмислен и разбирлив начин со цел навремено да ги проценат ризиците и потенцијалните трошоци поврзани со инвестициите.

Измените на законот се составен на дел на пошироката реформа на пазарот на капитал, која е насочена кон натамошна хармонизација со европските директиви. 

Со предложените решенија ќе се воведат два нови типа на инвестициски фондови, главни фондови и т.н. фондови напојувачи (feeder funds), a ќе се овозможи и меѓусебно припојување на   отворените фондови во Република Северна Македонија, како и спојување на два или повеќе отворени фондови во нов отворен инвестициски фонд. 

Ова практично ќе значи дека ќе може да се отвораат т.н. фондови напојувачи. Под фонд напојувач се подразбира отворен инвестициски фонд кој најмалку 85% од своите средства ги има вложено во удели на друг инвестициски фонд, таканаречен главен инвестициски фонд, кој ќе управува со доверените средства. Во постојниот закон, фондовите можат да доверат најмногу до 10% од своите средства да ги управува друг фонд. На овој начин ќе се овозможи поголема либерализација на пазарот на капитал и можност за окрупнување на средствата од повеќе инвестициски фондови во еден фонд, што за инвеститорите ќе значи помали трошоци за управување и користење на експертизата на професионалните менаџери во главните фондови, а со крајна цел подобро управување со средствата.

Со предлог-измените во Законот се уредува и постапката за отворање филијала на странско друштво за управување на територијата на државата, како и можност друштвото за управување од нашата држава да може да врши работи на управување со инвестициски фондови преку стекнување на квалификувано учество во странско друштво или преку отворање подружница односно филијала во странство.  

Со предложените измени, воедно, се брише обврската отворениот инвестициски фонд да прибере парични средства од најмалку 300.000 евра во денарска противвредност за да може да се основа, обврската да ја одржува нивната висина, како и обврската на друштвата за управување со инвестициски фондови да доставуваат до Комисијата за хартии од вредност, ревидирани полугодишни извештаи за друштвото и за инвестициските фондови со коишто тоа управува. Предложените измени се во насока на олеснување на работењето на друштвата за управување со инвестициски фондови и во насока на усогласување со европските регулативи. 

интервју4 дена ago

Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации

технологии / компании6 дена ago

Ѓорги Самарџиев: Создадовме иновативно решение за многу поедноставна конструкција на кровни градини

економија4 дена ago

Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега

интервју4 дена ago

Џулијан Васало: Одблизу ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

економија5 дена ago

Се менува регулативата: полесен пристап до државна помош за нови инвестиции

економија7 дена ago

Излегоа финансиските биланси: хотелските компании со приходи помали и за 90% лани

start up4 дена ago

Милан Димитриевски: Ја почнавме новата инвестициска програма

lifestyle4 дена ago

Стив Кејс: Упорноста не е гаранција дека ќе успеете во нешто, но без неа, сигурно нема да успеете.

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Не поставуваат прашања само оние што интервјуираат. Еве што можете и вие да го прашате вашиот потенцијален работодавец

економија4 дена ago

Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020