Connect with us

свет

Вредноста на компанијата на Илон Маск сега е поголема од онаа на Тојота, Фолксваген, Дајмлер и Џенерал Моторс – заедно

Tesla станува дел од елитниот клуб S&P 500

објавено

на

Компанијата на Илон Маск ќе биде една од најголемите по пазарна капитализација меѓу членките на S&P 500. Моменталната берзанска вредност на компанијата е околу 470 милијарди долари, со којашто може да се мери со „тешкашите“ во индексот од типот на Berkshire Hathaway на Ворен Бафет, Procter & Gamble или фармацевтскиот гигант Johnson & Johnson. Колку за илустрација, во моментов Tesla е највредната компанија за производство на автомобили во светот, со повеќе од двојно поголема пазарна капитализација од јапонска Тојота (196 милијарди долари), Фолксваген (95 милијарди долари), итн.

Од 21 декември годинава производителот на електрични возила Tesla,  Inc. ќе стане составен дел од американскиот берзански индекс S&P 500. Истовремено тоа е многу значајна вест и за компанијата на Илон Маск, создадена пред 17 години, којашто е активна и во полето на соларната и чистата енергија, но и за самиот S&P 500, eден од најважните акциски индекси на планетава.

Иако според пазарната капитализација Tesla  веќе одамна можеше да стане дел од „елитниот клуб“ S&P 500 (во моментов само седум компании имаат поголема пазарна капитализација од Tesla), посебниот комитет што ја донесува одлуката за селекција на компании за S&P 500, со години се противеше на влегување на Tesla во ова друштво, поради големата непостојаност на цената на акцијата, како и поради непрофитабилноста, што би можело да му наштети на угледот на самиот индекс, кого што по правило го сочинуваат т.н. blue chip акции, односно акции на фирми што имаат добри резултати и висока ликвидност на берзите.

И претходно се шпекулираше дека Tesla би требало да влезе во состав на S&P 500, но тоа не се случуваше. Последен пат Tesla го пропушти влегувањето во S&P 500 кога се ребалансираше индексот во септември годинава. Антиципацијата за сврстување во S&P 500 еден е од импулсите што придонесе за речиси шесткратното зголемување на вредноста на акцијата на Tesla годинава. Имено, цената на акцијата на првиот трговски ден од 2020  изнесуваше 86 долари, а деновиве е околу 500 долари.

Tesla, создадена пред 17 години, освен што е производител на електрични автомобили, е активна и во полето на соларната и чистата енергија, како и батерии за електрични возила.

Рамо до рамо со тешкашите

Компанијата на Илон Маск ќе биде една од најголемите по пазарна капитализација меѓу членките на S&P 500. Моменталната берзанска вредност на компанијата е околу 470 милијарди долари, со којашто може да се мери со „тешкашите“ во индексот од типот на Berkshire Hathaway на Ворен Бафет, Procter & Gamble или фармацевтскиот гигант Johnson & Johnson.

Со други зборови, Tesla е веќе сега толку голема компанија според капитализацијата што многу веројатно дека значајно ќе влијае на самиот индекс. Колку за илустрација, во моментов Tesla е највредната компанија за производство на автомобили во светот, со повеќе од двојно поголема пазарна капитализација од јапонска Тојота (196 милијарди долари), Фолксваген (95 милијарди долари), итн. Или, вредноста на Tesla  сега е 3,7 пати поголема од вредноста на сите три американски автомобилски гиганти заедно – Форд, Крајслер и Џенерал Моторс, коишто заедно на берза вредат околу 127 милијарди долари.

Влегувањето во S&P 500 ќе биде многу значаен настан во инвестицискиот свет со многу конкретни последици. Постојат повеќе производи што ја базираат понудата на т.н. пасивно инвестирање врз индексот S&P 500. Со оглед дека тие инвестициски производи (како што се т.н. exchange trade funds – ETF, но и обичните индексни фондови) зависат од структурата на S&P индексот, тие по чист автоматизам ќе мора да купуваат акции на Tesla вредни десетици милијарди долари, додека долгорочните инвеститори многу веројатно ќе излегуваат од оваа акција, знаејќи дека индексните фондови ќе мора да ја купуваат. Заради тоа се очекува дека сврстувањето на Tesla во S&P 500 ќе предизвика многу значајна волатилност во тргувањето со акции. Треба да се нагласи и дека според фундаменталните показатели цената на акцијата на Tesla е астрономска.

Инаку, Илон Маск интензивно работи на интернационализација на продажбата на возилата на азиските и европските пазари. Неодамна компанијата отвори продажни салони во Шангај и Берлин, а завршуваат и еден и на домашниот пазар, во Тексас. Го прошируваат и спектарот на возила, а се спремаат и за лансирање на теренското возило со футуристички изглед, фамозниот Cybertruck.

Инаку, Илон Маск интензивно работи на интернационализација на продажбата на возилата на азиските и европските пазари. Неодамна компанијата отвори нови продажни салони во Шангај и Берлин, а завршуваат и еден и на домашниот пазар, во Тексас. Го прошируваат и спектарот на возила, а се спремаат и за лансирање на теренското возило со футуристички изглед, фамозниот Cybertruck.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг21 час ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг21 час ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг22 часа ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании22 часа ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија22 часа ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија22 часа ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју22 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија22 часа ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија22 часа ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет22 часа ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија3 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју22 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

start up2 дена ago

Сто илјади евра финансиска поддршка за македонскиот стартап Elevate Global од страна на Бизнис акцелераторот УКИМ