Connect with us

економија

Вредноста на онлајн трансакциите во Македонија е повисока за 61% во првото полугодие

објавено

на

Македонските граѓани потрошиле 123 милиони евра во првите 6 месеци од оваа година кон домашни онлајн продавници што претставува 73% од вкупната вредност на направени онлајн трансакции.

Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба за период од 6 месеци заклучно до 30.06.2021 година од страна на Народната банка на Република Северна Македонија трендот на пораст како на вредноста така и на бројот на трансакциите и понатаму е значителен.

Во првото полугодие од 2021 година вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство, изнесува 168,7 милиони евра што претставува пораст од 61% во однос на истиот период минатата година. Или ако споредиме со 2019та во шест месеци оваа година се реализирале трансакции вредни речиси колку во текот на цела 2019 година т.е. за само 4,2% помалку. При тоа во првиот квартал годинава остварени се 86,6 милиони евра, а во вториот квартал 82,1 милион евра.

Физичките лица во првото полугодие  од 2021 година остваруваат 92.7% од вкупните онлајн трансакции и притоа со побрз раст од 65,6% спрема растот на правните лица од 21,7% во однос на истиот период минатата година.

Во првото полугодие од 2021 година направени се 6,45 милиони трансакции што преставува пораст од 50% во однос на бројот на направените трансакции во истиот период минатата година, што значи дека вредноста на просечната трансакција е зголемена и таа изнесува 26,2 евра спрема 24,3 евра во истиот период минатата година. При тоа ако во првото полугодие минатата година просечната трансакција на правните лица била поголема (30,7 евра) во однос на физичките лица (23,8 евра) во 2021 година е скоро изедначена помеѓу правните и физичките лица.

Македонците потрошиле 123 милиони евра во првите 6 месеци од оваа година кон домашни онлајн продавници што претставува 73% од вкупната вредност на направени онлајн трансакции.

Македонците во текот на 2021 година продолжуваат да ги ползуваат придобивките од онлајн купувањето и да купуваат од домашните е – продавници. Имено, во текот на првите шест месеци од 2021 година Македонците со домашни картички потрошиле 123 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 77,2% во однос на истиот период претходната година. По квартали во првиот квартал е остварена вредност од 65,3 милиони евра додека во вториот 57,7 милиони евра. 96,7% од вредноста ја остваруваат физичките лица и забележуваат понатамошен побрз раст од правните лица. Расте и вредноста на просечната трансакција оствaрена од Македонците кон домашните е-трговци и изнесува 26,6 евра и тоа кај физичките лица 28, а кај правните 11 евра.

 “Пандемијата значајно го поттикна растот на е-трговијата, па така забележавме троцифрен раст во вредноста на реализираните трансакции со домашни картички кон домашни е-трговци во текот на минатата година. Во услови на забрани за движење и грижа за заштита на сопственото здравје се повеќе граѓаните се свртеа кон алтернативата на традиционалното купување – односно онлајн. Сепак овие троцифрени стапки на раст беа од ниска основа, а едно од главните прашања кога станува збор понатамошниот развој на е-трговијата е дали овој раст ќе се задржи, со кое темпо ќе продолжи понатаму? Во првото полугодие од оваа година забележуваме раст од 77% во вредноста на трансакциите со домашни картички кон домашните е-трговци, споредено до 2020 година – овој раст е охрабрувачки ако се има предвид дека во споредбената основа од минатата година имаме три ковид месеци, односно вториот квартал од 2020 кога беа на сила и строги рестриктивни мерки. Сепак како што речиси секогаш посочуваме, треба да се има предвид дека во овие статистки се земени сите реализирани трансакции онлајн, вклучително и оние за плаќање сметки. Се надевам дека трендот на ваквиот раст ќе продолжи и понатаму, како што и Асоцијацијата за е-трговија ги продолжува напорите, иницијативите и активностите со цел креирање поволна клима за забрзан раст на е-трговијата во земјава.” , вели претседателката на АЕТМ, д-р. Нина Ангеловска.

Странците кон домашните е-трговци во првото полугодие од 2021 година направиле 7,6 милиони евра односно 75% од истиот период минатата година. Просечната трансакција на странците кон домашните интернет продавници изнесува 36,2 евра.

Македонците во странство направиле трансакции вредни 38 милиони евра во првите шест месеци од годинава што преставува 22,5% од вкупно остварената вредност на онлајн трансакции. Во однос на истиот период минатата година остварен е раст од 24%. Физичките лица остваруваат 78,3% од вредноста и имаат поголем остварен  раст од 26,2% спрема 15% на правните лица. Бројот на направените трансакции од Македонци во странство расте со 19% а просечната трансакција изнесува 23,5 евра, и тоа 19,5 евра од физичките лица и 88 евра од правните лица.

Во Македонија заклучно со 30.06.2021 година активни се 1.661 виртуелни или интернет продажни места.

Согласно податоците за бројот на уредите на виртуелните места на продажба (интернет продажни места), заклучно со 30.06.2021 година во Република Северна Македонија активни се 1.661 продажни места. Во вториот квартал на 2021 година  се отворени 109 нови виртуелни продавници, а заедно со отворените 93 во првиот квартал бројот на онлајн продавници во првото полугодие од 2021 година е зголемен за 202 нови во однос на декември 2020 година.

Споредбено со 30.06.2020 година кога бројот на активни е-продавници изнесувал 1.223, можеме да заклучиме дека за една година отворени се вкупно 438 нови е-продавници што претставува пораст од 36%.

економија16 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија1 ден ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал