Connect with us

македонија

Време е за културен Reality Check

објавено

на

На 7 април во МКЦ се случува промоцијата на вториот албум на Владимир Кесковски, под името Reality check, кој спојува пет различни уметници и ни ветува возбудлива музичка вечер. 

За името на албумот вели дека е добра порака поставена како прашање кое секогаш треба да си го повторуваме: дали ни треба проверка на реалноста?  Во петок на 7 април  ќе видиме како група различни уметници кои делат исти вредности, преку своите различни форми нудат своја перспектива како одговор.

Владимир Кескоски – Кеско

Кеско е еден од ретките уметници кои создаваат сопствена музика која е под силно влијание на некои од најреномираните имиња во електронската музичка индустрија, црпејќи инспирација од оние како The Prodigy, Chemical Brothers, Massive Attack, Orbital, Pendulum, Chase & Status и U.N.K.L.E.  Стилот на Кеско е уникатен, спој на неколку музички правци како днб, техно и транс, но резултатот креира уникатно хипнотизирачко звучно искуство. Како негови гости ќе можеме да ги слушнеме и Dj Flooder и Kronom. Во прилог е  нумерата „Спротивност“ која ќе биде презентирана на 7 април во МКЦ. 

Во приказната по настанувањето на овој албум, се поврзува и ликовната изложба изложбата на Тања Кесковска под наслов „Дали си слободен или си под контрола?„ 

“Ослободување од контрола без разлика кој или што е тоа што не контролира е примарната порака што ја носи мојата изложба. Reality check е особина која треба да се поседува за да почне тоа ослободување и токму тоа што ни треба на нас младите модерни проблеми бараат модерни решенија. Добра дружба со уметноста е секогаш ДА.” вели младата уметница Тања Кесковска. Ликовната изложба ќе биде поставена во холот на МКЦ, но една поинаква верзија на изложбата ќе се одвива на сцената, за што ќе се погрижат виџејот Мутер и артистот Artist3dx кој сцената ќе ја претвори во инсталација. 

Тања Кесковска со изложбата -“Дали си слободен или си под контрола“

На оваа група млади луѓе им се придружува урбаниот бренд Систем на Стефан и Никола, кои велат: „одбери го својот систем, не биди избор на системот„. За првпат, во чест на овој овој настан, ќе подготват колекција со уникатниот ликовен дизајн Reality Check, која првпат ќе биде пуштена во продажба на концертот.

Во целата приказна се појавуваат и младите од здружението „Извор„ од Кичево кои го поддржаа овој настан да биде подостапен и овозможија билети за стотина млади луѓе кои ќе се приклучат како гости на забавата. „Младите од Извор побараа нивната кампања Гласот на младите да се вика Reality check, им се допадна приказната, различноста на сите нас уметниците вклучени во овој проект. Ова нас ни кажа дека пораката што ние ја испративме, некој ја разбира, му значи и ќе ја развива понатаму„ вели Кесковски. 

Стефан и Никола, кои велат: „Одбери го својот систем, не биди избор на системот“

Настанот ќе се одржи во МКЦ а билети може да набавите на www.bileti.com.mkc.mk.

1.Владимир Кеско: Зошто се вика Reality check?

Сите ние живееме со нашите мисли, нашата имагинација, која ни дозволува да дојдеме до одредени цели за кои се бориме, но и често не носи на места кои и не се толку сјајни будејки во нас омраза, љубомора, ниска самодоверба која почнува да штети и на другите околу нас. Reality check е особина која сите треба да ја поседуваат и почесто да ја користат за да се искористи вистинската моќ која ја поседува нашата имагинација. 

2. Тања Кесковска: Како се спои пораката на твојата изложба со Reality check?

Мојата ликовна творба ја преставува универзалната контрола врз животот на луѓето: иако сме свесни дека секогаш постои таа некоја видлива или имагинарна контрола сепак треба да се направи избор кој ќе преставува ослободување на мислите и изразувањето. Reality check, како идеја на Владимир зреела во него долго време, додека јас сум работела на мојата изложба, и всушност ние се препознавме како уметници со слични размислувања и ставови, и решивме да ги споиме двете форми во иста порака. 

3. Стефан и Никола од Систем: Како Reality check се спои со вредностите на Систем?

„Нашата втора линија преставуваше баш еден Reality Check, и сфативме дека доколку нешто не се изработи квалитетно, подобро да не се изработи. Истите идеали ги делат Кеско и Тања. Ни се допадна целата идеја на Reality Check, се чувствува дека пораката е препознатлива, урбана а хумана, и во таква приказна лесно си го најдовме своето место„, изјави Стефан. 

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал