Connect with us

свет

Време е за купување на NUCOR!

објавено

на

Капитал во соработка со Инвест Поинт ви предлага акција на неделата, од светските берзи.

Автор:
Снежана Поповска, сертифициран технички аналитичар, Инвест Поинт

За оваа недела издвојувам една акција која би сакале да ја поседуваме во нашето портфолио. Станува збор за компанијата NUCOR, ознака NUE. Nucor Corporation е производител на челик и челични производи. Сегментите на компанијата вклучуваат челични мелници, челични производи и суровини. Ова е акциja од компанија која моментално вреди 45 милијарди долари, убедливо најголема во својата група.

Цената на акцијата се наоѓа во позитивна територија на 1ч. временска рамка кое може да се забележи од горниот графикон. Цената се наоѓа над облакот и нејзината lagging линија го потврдува истото. Тоа што можеме да очекуваме е во наредните неколку дена повисока цена. Нашиот прв таргет е $195.

На следниот графикон е прикажана цената на дневна основа која исто така се наоѓа во позитивна територија. Ако го анализираме графиконот на поголема временска рамка, тоа што може да очекуваме во наредните неколку недели е продолжување на нагорниот тренд. Се додека цената се наоѓа над $180 ние сакаме да сме долги и да ја поседуваме оваа акција. Нашиот прв таргет е $226 и втор таргет $242.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција според вашата финансиска состојба.

македонија14 часа ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија4 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија4 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки5 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија6 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци