Connect with us

економија

Време е за сериозни пензиски реформи

Не заборавајте дека пензискиот систем е поврзан со секој систем во општеството.

објавено

на

Не заборавајте дека пензискиот систем е поврзан со секој систем во општеството. Од неговата стабилност, од неговото функционирање, од можностите кои ги нуди, зависи и колку еден млад човек ќе биде заинтересиран да бара работа во Македонија, односно дали има интерес сам за себе или неговиот работодавач да плаќа придонеси за него. Приказната дека „ Џабе плаќам придонеси кога ништо не добивам “ мора да исчезне од нашата психолошка матрица. Време е сите да се согласиме дека вреди да се има законски заснован работен однос, за кој вреди да се плаќаат даноци. Како во секоја нормална европска држава кон што се стремиме, но и да не заборавиме, кон систем кој многу наши Македонци веќе со години го живеат ширум Европа.

Благој Митевски
адвокат и М- Р по финансово право

Новоформираната Влада уште во првиот работен ден од нејзиното функционирање, преку соопштенија до медиумите, најави и ги стави во фокус, реформите кои ги планира за во пензискиот систем. Фактот дека првото што беше најавено и објавено од страна на новоформираната Влада, е токму реформи во пензискиот систем, укажува на битноста на истите во општеството, но и на толку потребните реформи во него. Нејсе, за поздравување е, и воедно за давање на огромна поддршка е овој реформски пат кој мора да се изоди.

Паметна реформа. Законската рамка за евентуално продолжување на работниот век до 67 години, не го даде посакуваниот ефект. Вработените во приватниот сектор, наместо да се мотивираат да останат подолго на работа, бараат начини како да заминат во пензија уште пред да наполнат 64 години, мажи, и 62 години, жени. Доколку се физички и умствено способни, по земањето на пензија или некаков додаток за пензија, работат и во пензионерските денови, но на црно. Наспроти нив вработените во администрација до бескрај го користат правото на одење во пензија на 67 години. Без оглед дали можат или не, без оглед на физичкото здравје, до максимум го искористуваат правото подоцна да заминат во пензија.

Токму затоа фиксирањето на пензионирање на 64 години е паметна реформа. Не само што на тој начин ќе се намали администрацијата за преку 10.000 вработени, туку и самото ставање во закон на фиксна граница кога мора да се замине во пензија е добро осмислена реформа. На тој начин и државните институции и приватните компании, точно ќе имаат преглед кој работник кога заминува во пензија, со цел да доколку е потребно подготват и обучат нов млад кадар. И за самите вработени или работници, ставањето на точно определена граница кога мора да заминат во пензија, означува дека, без оглед на желбите, посакувањата и потребите, истите треба да ослободат место за помлади колеги. Менувањето на генерациите е природна работа, па споделувањето на искуствата и знаењата од повозрасните кон помладите, кога се знае точно кој кога ќе замине во пензија, може да биде искористено до максимум и да биде драгоцено споделено знаење кое ќе има улога во оформувањето на квалитетни кадри во иднина.

Ваквото законско решение, во момент кога се стремиме кон Европа, и се подготвуваме со сите административни сили за преговори кои ќе бидат детални, долготрајни и исцрпувачки, за на крај да дадат резултат кој од корен ќе треба да промени многу сегменти од нашето општество, е добредојдено. Во ера кога има најави, но и треба, да не речам мора, да се дигитализира администрацијата и услугите да бидат електронски, ваквото законско решение многу ќе допринесе. Имено, генерациите кои се вработиле во администрација во време на социјализмот и Југославија, полека ќе заминуваат во пензија. Тие немаат мотив да придонесат  за патот кон Европа, бидејќи секако се пред крај на својот работен век, а добар дел од нив не ја владеат дигитализацијата и програмите кои се потребни за имплементирање на истата. Секако, со чест на исклучоците. Добар дел од нив се и на раководни позиции.

 Пензионирањето на сите нив ќе отвори и ослободи простор за млади, нови кадри кои имаат мотив и желба за надградба, имаат трпение и потреба да научат нешто ново, па макар и имале желба само да се вработат во администрација, сепак подобро ќе допринесат за развој на истата. Ослободувањето на работни места, ќе отвори и простор за распределба и намалување на целокупната администрација, што е цел и задача на новата Влада. Ослободувањето на работни места во приватниот сектор следствено би требало да ги натера стопанствениците да побараат подобар, пообразован, помлад и поквалитетен кадар, за што следствено ќе треба да одвојат и повеќе пари за плата, за да истиот го мотивираат да се вработи во Македонија, наместо во странство. И тој пат, е патот до зголемување на просечната и минималната плата.

Зголемување на старосна граница за пензионирање или нејзино намалување?

Во моментот ни едното ни другото решение. Поставувањето на границата на 64 години за пензионирање на сите вработени од било кој сектор, од било која институција (со мали ограничувања за дефицитарниот здравствен и професорки кадар) во моментов изгледа како совршеното решение. Можеби не совршено, но најпаметното и најлогичното. Се’ до моментот додека ова законско решение, не се донесе, и не се примени, како што е најавата од 1 јануари 2021 година, не треба да се размислува за друго решение, кое би поставило флексибилни граници за пензионирање по избор на работникот.

Најпрво треба да се види ефектот од вака поставената граница за пензионирање. Но не само ефектот врз буџетот на Пензискиот фонд од очигледно наглото зголемување на пензионери (околу 10.300 како што е најавено само од администрацијата), туку и ефектот врз самата администрација. Дали ќе се јави недостаток на квалификуван кадар во одредени области? Колку брзо тој кадар може да биде надоместен и обучен ? Дали на пазарот на труд има воопшто слободен кадар или тој треба да се бара од вработени во приватен сектор (со оглед на тоа дека за определени позиции се бара повисоко ниво на образование, но и години работно искуство) ? Ваквата анализа е потребно да биде подготвена уште пред пензионирањето на сите тие кадри на 1 јануари следната година, со цел да не се соочиме со блокирање на функционирање на дел од институциите.

Најавата дека е можно да се симне границата на пензионирање на 5 години до моментално единствениот законски услов за пензионирање, односно на 57 години за жени и 59 години за мажи, во моментот изгледа како избрзано решение. Но радува фактот дека за такво решение се размислува, односно тоа говори дека пензискиот систем е во подобра форма од таа на која што сме навинати да го гледаме. Сепак ваквото решение, доколку се размислува воопшто за него, треба да оди следствено од кога ќе се видат ефектите од имплементирањето на решението – задолжителна пензија на 64 години. И да се остави простор од барем година дена пред да се одлучиме за ново законско решение, кое ќе даде флексибилна рамка за пензионирање на помлади години. Пред се’ од аспект на толку потребниот кадар, имајќи предвид дека и во моментот добар дел од институциите, но и од приватните компании имаат недостаток на соодветен кадар, прашање кое пример е проблем во судството и обвинителството, проблем и кај странските инвеститори, но проблем и кај големите македонски инвеститори. Пред да се имплементира законско решение со кое ќе се оди во пензија на помлади години, мора да се мотивира младиот кадар и младите луѓе да изразат желба и подготвеност да градат кариера и да работат во Македонија.

Мотивација за вработување во Македонија = стабилен пензиски систем

Не заборавајте дека пензискиот систем е поврзан со секој систем во општеството. Од неговата стабилност, од неговото функционирање, од можностите кои ги нуди, зависи и колку еден млад човек ќе биде заинтересиран да бара работа во Македонија, односно дали има интерес сам за себе или неговиот работодавач да плаќа придонеси за него. Приказната дека „ Џабе плаќам придонеси кога ништо не добивам “ мора да исчезне од нашата психолошка матрица. Време е сите да се согласиме дека вреди да се има законски заснован работен однос, за кој вреди да се плаќаат даноци. Како во секоја нормална европска држава кон што се стремиме, но и да не заборавиме, кон систем кој многу наши Македонци веќе со години го живеат ширум Европа.

Што е она што го нуди Европа на работникот, а што ние го немаме ? Едноставно прашање кое мора темелно да се размисли. Следствено со најавата за реформи во пензискиот систем дојде и најавата за реформи во трудовото законодавство, односно во Законот за работни односи. И оваа идеја е и тоа како добредојдена и е за огромно браво. Моменталниот Закон за работни односи е добра основа и појдовна точка од која треба да се тргне кон воспоставување на што повеќе права на работниците. И сегашниот закон, доколку работодавецот постапува законски е добар. Но токму промените во ова законодавство кои би ги принудиле работодавците кои не работат согласно законот, истиот да го почитуваат, но и промени кои ќе дадат уште поголеми права на работниците, се онаа нишка која може и би требало да го мотивира младиот Македонец да остане во државава и да се вработи приватно, или пак самиот да основа своја компанија доколку има идеја.

Тоа некој во нашата Влада добро го сфатил, па во најава се уште неколку реформи кои треба да придонесат кон останување на младите во Македонија и нивна желба да работат согласно законите, односно да плаќаат даноци. Така, најавите за отворање фирма за 1 евро или најавите за намалување или целосно исчезнување на даноците за определени сектори, или пак субвенционирањето за други сектори, се онаа законска можност која треба да биде дадена со цел да младиот и нов работодавач и работник чувствува дека државата е на негова страна и прави се’ за тој да успее. Тоа е она европско чувство, толку нам потребно да го почувствуваме.

Но, со понудата на вакви можности, не само што се отвара патот кон подршка на млади претпиемачи, особено во неколку области, не само што се поттикнуваат вработувања на млади кадри, туку на долг рок се нуди стабилност на пензискиот систем. Всушност, доколку се поттикнат младите да се вработуваат, да останат во Македонија и да допринесуваат во општеството со редовно плаќање на даноци, на долг рок, токму тоа е рецептот да нема криза во пензискиот систем и тој да остане стабилен. Ценам дека, и покрај кризата која е моментална, но може да биде и долготрајна, ваквите чекори на властите и можностите кои се нудат, отваарат пат кон тоа да сепак нашата држава биде примамливо место за водење бизнис и за вработување за младите кои ни се разбегани ширум светот. Сега е моментот да секој наш граѓанин кој има проблем со своето вработување во странство, биде привлечен и поттикнат да се врати во Македонија, да се вработи или да инвестира овде.

Комбинацијата од стабилно поставена граница за пензионирање на 64 години, нудењето на повеќе различни можности за вработување на млади кадри, и унапредувањето на правата на работниците преку законски измени, е онаа која треба и може да донесе стабилност во повеќе сегменти. Останува ветеното полека да почне да биде реализирано, преку законски измени. Но потребно е да се промени матрицата на размислување кај младите, и истите да видат можност за убаво живеење во сопствената држава.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал