Connect with us

економија

Втора регионална конференција за техничка анализа, во Љубљана, на 6 и 7 јуни

објавено

на

Како што велат од СЕЕМТ, организатор на настанот, и овој пат е одбрана исклучителна постава на клучни говорници кои се реномирани експерти во областа на техничката анализа, финансиите и инвестициите.

Здружението на финансиски техничари на југоисточна Европа – СЕЕМТ(South and Eastern Europe Market Technicians) ја организира втората Регионална конференција за техничка анализа, во Љубљана, на 6 и 7 јуни.

Како што велат од СЕЕМТ, и овој пат е одбрана исклучителна постава на клучни говорници кои се реномирани експерти во областа на техничката анализа, финансиите и инвестициите.

„Оваа година одлучивме да ставиме посебен фокус на систематското тргување и инвестициските системи, па ќе дискутираме за техниките за одредување идни ценовни таргети;  смарт трејдерски системи; психологијата што стои во позадина на успешното тргување; динамичка алокација на средства базирана на вештачка интелигенција во услови на нестабилни пазари и уште многу интересни теми“, вели Снежана Поповска, претседателка на СЕЕМТ и сертифициран технички аналитичар.

Детали за Конференцијата, со агендата и говорниците, може да најдете на следниов линк: https://seemt.org/seemt-2024/

Здружението СЕЕМТ – South and Eastern Europe Market Technicians формирано минатата година,  е непрофитна организација која е посветена на промоција и разбирање на техничката анализа како исклучително важна инвестициска алатка. Првата Регионална конференција за техничка анализа се одржа на 18 септември, 2023 година во Скопје.

Целта на Здружението е да го унапреди проучувањето и практичната примена на техничка анализа и да го поддржи професионалниот развој на нашите членови во регионот преку обезбедување на многу уникатни содржини во добро организирана структура.

СЕЕМТ е членка на  Меѓународната федерација на технички аналитичари (IFTA). Меѓународната федерација на технички аналитичари е основана во 1986 година и е глобална организација на здруженија за техничка анализа на финансиските пазари.  

економија6 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress