Connect with us

економија

Германска економска делегација во работна посета на „Aлкалоид“

објавено

на

Како еден од брзорастечките извозни пазари на компанијата, Германија е од особено стратешко значење и пазар каде што „Алкалоид“ во 2022 година оствари пласмани од 3.014.328 евра, при што забележа раст од 6,6 % во однос на 2021 година.

Германска економска делегација, составена од претставници на Министерството за економија на СР Германија и на германски компании, од потпретседателот на групацијата „BASF Централна и Југоисточна Европа“ и од високи претставници на Aмбасадата на СР Германија во Скопје, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје.  

На средбата претставниците на германската економска делегација, чиј домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов, проследија презентација која ги опфати остварените резултати од работењето на „Алкалоид“, како една од најуспешните фармацевтски компании во ЈИЕ, нејзините пласмани, производственото портфолио и деловните операции. За време на средбата беа претставени и големиот број инвестиции кои компанијата континуирано ги реализира низ годините, извозните активности и политиката за општествена одговорност, кои се дел од деветдеценискиот континуитет на успешната приказна за „Алкалоид“.

Во рамките на работната средба посебен акцент беше ставен врз долгогодишната успешна соработка на „Алкалоид“ со германски компании. Како еден од брзорастечките извозни пазари на компанијата, Германија е од особено стратешко значење и пазар каде што „Алкалоид“ во 2022 година оствари пласмани од 3.014.328 евра, при што забележа раст од 6,6 % во однос на 2021 година. Посебен осврт беше даден за тридецениската стратешка соработка на „Алкалоид“ со компанијата „BASF“, eвропска мултинационална хемиска компанија и најголем производител на хемикалии во светот, која важи за еден од најсигурните партнери на „Алкалоид“. Како компанија со најголема доверба во однос на квалитетот на суровините и која ги следи потребите на нашата компанија, „BASF“ е снабдувач на суровини во сегментите фармација, козметика и хемија.

При обиколката на производствените капацитети на сегментот фармација и на Институтот за истражување и развој, гостите изразија задоволство од високото ниво на подготвеност и на стручност на човечкиот капитал кој управува со процесите, како и од високото ниво на технолошка опременост на капацитетите, при што голем дел од инсталираната опрема е снабдена од германски производители.

Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, г. Живко Мукаетов, се заблагодари за честа и за можноста да ги претстави работењето и деловните операции на компанијата пред присутните, потенцирајќи го значењето на оваа средба за натамошно продлабочување на билатералната соработка.

Вршителот на должноста Aмбасадор на СР Германија, г. Ото Граф, изрази благодарност од посетата и од срдечното гостопримство, истакнувајќи дека преку оваа работна средба се уверил во големината, успешноста и во организираноста на една од компаниите столбови на македонската економија.

економија1 час ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 часа ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 часа ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 часа ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 ден ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет2 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија4 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју5 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

интервју5 дена ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

македонија1 недела ago

Избрани најдобрите е-трговци во Македонија во повеќе категории

технологии / компании1 недела ago

Ред Бул шкртачки настан во живо со Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ -патување во Амстердам и ваучери за учење дизајн за најдобрите

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју5 дена ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју5 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија5 дена ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Одговорност за одржливост

македонија5 дена ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Инженерот Маркоски од БРАКО на форум за електрификација и батерии во Дизелдорф говореше за искуството од развивањето на водороден погон кај возилата