Connect with us

свет

Германски компании размислуваат за селење на производството во странство

Цените на енергија жестоко удираат и по најмоќните економии

објавено

на

Високите трошоци за работна сила, скапата енергија и другите покачени трошоци во Германија принудуваат многу компании да преселуваат делови или комплетниот бизнис на поевтини локации во европските економии во развој и други делови од светот или барем да ја разгледаат таа можност.

Германските мерки за помош околу високите трошоци за енергија ќе донесат само ограничено олеснување и веројатно нема да ги одвратат компаниите кои веќе одлучија да го преселат производството на поевтини локации во странство, смета дел од германските бизнисмени.

Германската влада минатиот месец предложи пакет мерки за олеснување, вклучително ограничување на цената на гасот и пониски акцизи, за да им помогне на домаќинствата и малите и средни бизниси погодени од големиот скок на цените.

„Предложениот пакет енергетски поволности што во моментов е на дневен ред нема да промени ништо. Мора да продолжиме да бараме алтернативи“, вели за Ројтерс Мадс Рајдер, извршен директор на баварскиот производител на порцелан „Розентал“.

Компанијата, основана во Германија пред 143 години, размислува да премести делови од своето производство во странство за да ги намали трошоците, а Рајдер смета  дека планот за ограничување на цените на бензинот е сè уште премногу нејасен за „Розентал“  да ги преиспита своите планови.

Цените на енергијата нема никогаш да се вратат на нивото од пред војната во Украина

Високите трошоци за работна сила и други трошоци во Германија принудуваат многу компании да преселуваат делови или комплетниот бизнис на поевтини локации во европските економии во развој и други делови од светот или барем да ја разгледаат таа можност.

Ларс Фелд, економски советник на германскиот министер за финансии, изјави дека енергетската криза и скокот на цените на гасот по намалените испораки од Русија го забрзале тој процес.

„Индустриските компании кои размислуваат за преселба ќе сакаат да проверат како функционира ограничувањето на цената на енергијата. Тоа е важен психолошки стимул. Сепак, нема да можеме да се вратиме на цените на енергенсите како што беа пред  војната во Украина“, рече Фелд.

Германската индустрија плаќа и до 10 пати повисоки цени на енергијата од пред две години, а дури една петтина од инженерските компании предупредуваат дека би можеле да преселат барем дел од своето работење во странство, покажува минатомесечното истражување на синдикатот IG Metall.

Германската индустрија плаќа и до 10 пати повисоки цени на енергијата од пред две години, а дури една петтина од инженерските компании предупредуваат дека би можеле да преселат барем дел од своето работење во странство, покажува минатомесечното истражување на синдикатот IG Metall.

Деиндустријализација?

Индустриските асоцијации првично изразија задоволство од презентираниот пакет енергетски олеснувања, кој вклучува привремено ограничување на цените на струјата со цел субвенционирање на основната потрошувачка за граѓаните, малите и средните претпријатија, а дел од компаниите се оптимисти.

Производителот на текстил Wuelfing изјави дека ќе се откаже од плановите да го префрли производството во Португалија или Пакистан, доколку владата ги ограничи цените на енергијата на ниво двојно повисоко од она во 2020 година.

„Ќе помогне, но се’ уште не знаеме точно што да очекуваме“, изјави Јоханес Дове, извршен директор на Wuelfing.

Германското здружение на мали и средни претпријатија (DMB) соопшти дека не гледа конкретни индиции за зголемено преместување на производството во странство, бидејќи кризата со цените на енергијата ги погодува сите европски земји.

„Друга работа е кога зборуваме за плановите за проширување на производството кои во моментов се испитуваат“, изјави Марк Тенбиг, извршен директор на DMB.

Во студијата на Дојче банк се проценува дека поради поскапувањето на енергенсите, производството во Германија ќе се намали за 2,5 отсто оваа година и за пет отсто во 2023 година.

„Кога ќе погледнеме наназад на денешната енергетска криза за приближно 10 години, овој период можеби ќе го означиме како почетна точка на забрзаната деиндустријализација на Германија“, сметаат аналитичарите на Дојче банк.

Големите германски индустриски компании може да го преселат производството во странство, во зависност од трошоците и клиентите, но кризата потешко ќе ги погоди малите и средните компании, столбот на германската индустрија.

„За германските мали и средни претпријатија, адаптацијата кон новиот енергетски свет ќе биде голем предизвик што некои нема да го надминат“,  се додава во студијата.

Производителот на автоделови Boegra го намали производството во септември поради високите цени на енергијата. Boegra веќе префрли дел од своето производство во Чешка и сега размислува за следниот чекор.

„Следната недела патувам во Чешка за да ги испитам можностите за проширување на нашиот бизнис“, изјави во петокот за Ројтерс извршниот директор на Boegra, Тобијас Линсер.

банки21 час ago

Комерцијална одржа акционерско собрание, утврдена дивиденда од 500 денари по акција

македонија1 ден ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија2 дена ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки2 дена ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија3 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија3 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија5 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки6 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија6 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија7 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија7 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија6 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија1 недела ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

банки1 недела ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија1 недела ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

економија7 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

македонија3 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје