Connect with us

економија

Гласањето за најдобрите во македонската е-трговија трае уште 1 ден

објавено

на

Прогласувањете на најдобрите македонски е-трговци за претходната, 2022 година ќе се одржи на свечена манифестација за доделување на наградите на 9-ти март 2023 година во хотел DoubleTree by Hilton Skopje.

Гласањето од јавноста за најдобрите во македонската е-трговија ќе трае до крајот на утрешниот ден, а Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM веќе ги објави членовите од жири комисијата кои ќе ги оценуваат е-трговците кои ќе бидат финалисти – со најмногу собрани поени од јавноста на претстојните Награди за е-трговија – E-commerce Awards 2022.

Оваа година, жири комисијата се состои од 13 членови кои се експерти во различни области поврзани со е-трговијата. Членовите на жири комисијатата ќе гласаат индивидуално по завршување на гласањето од јавноста, за сите категории, освен за категоријата „Најпопуларна е-продавница” за која наградата ќе се додели единствено врз основа на бројот на гласовите од јавноста.

За останатите категории, одредувањето на победници ќе биде направено врз основа на утврдена методологија за пресметка земајќи ги предвид гласовите од јавноста и жири комисијата, при што поените од публиката (јавноста) ќе бидат вреднувани со 40%, додека поените од жири комисијата со 60%. Секој финалист ќе добие вкупен број на гласови кои ќе го одредат неговото рангирање во соодветната категорија во која што е номиниран. Гласањето се прави согласно јавно објавениот Правилник кој е достапен овде, додека пак, членовите на жири комисијата можат да се погледнат на овој линк.

Инаку, до сега имаат гласано над 6500 граѓани, а гласањето е отворено до утре, 15.02. до 23:59 часот. Прогласувањете на најдобрите македонски е-трговци за претходната, 2022 година ќе се одржи на свечена манифестација за доделување на наградите на 9-ти март 2023 година во хотел DoubleTree by Hilton Skopje.

Иницијативата “E-commerce Awards” е поддржана од Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија во рамки на Германското друштво за интернационална соработка ГИЗ, по нарачка на Германската влада. Генерален партнер на иницијативата е Мастеркард, златен партнер е Комерцијална банка АД Скопје и сребрен партнер е IuteCredit Македонија.

банки8 часа ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија1 ден ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет5 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија5 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион5 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија5 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија5 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија5 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија5 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија1 недела ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

економија1 недела ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија5 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија5 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

економија5 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

регион5 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

македонија5 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

свет5 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?

банки5 дена ago

Дигитализација: До каде се македонските банки? Процесот е започнат и нема назад