Connect with us

економија

Глигорова, Народна банка: Лажните вести немаа ефект врз банкарскиот систем – тој е стабилен

објавено

на

Банкарскиот систем е стабилен. Ставот дека и покрај здравствената криза, тој е во солидна кондиција, се темели токму на конкретни и меѓународно споредливи и прифатени показатели, рече генералната директорка на Секторот за супервизија на Народната банка, Викторија Глигорова, во синоќешното издание на емисијата „Економски магазин“ на телевизијата Алсат-М.

Неточните информации и шпекулациите за одделни банки и за банкарскиот сектор во целина, коишто во изминатите недели се појавија во јавноста, немаа материјални ефекти врз банкарскиот систем. Ова е видливо и преку податоците за депозитната база коишто покажуваат постојан позитивен тренд.

Ова го истакна генералната директорка на Секторот за супервизија на Народната банка, Викторија Глигорова, во синоќешното издание на емисијата „Економски магазин“ на телевизијата Алсат-М.

„Мислам дека заклучоците и одлуките треба да ги темелиме на официјални, конкретни показатели. Банкарскиот систем е стабилен. Ставот дека и покрај здравствената криза, тој е во солидна кондиција, се темели токму на конкретни и меѓународно споредливи и прифатени показатели. Основно, тоа се неговата капитална позиција и стабилната и солидна ликвидност. Капиталната позиција на банкарскиот систем согледана преку стапката на адекватност на капиталот изнесува 16,7%, што е повеќе од двојно повисоко ниво од законскиот минимум од 8%. Ликвидните средства се околу една третина од вкупните средства на банките и покриваат близу две третини од вкупните депозити на населението кај банките.“ – кажа Глигорова.

Глигорова појасни и зошто е толку важна капиталната позиција на банкарскиот сектор, нагласувајќи дека капиталот е примарниот механизам за покривање на евентуални негативни ефекти од работењето на банките и одржување на нивната стабилност. Повисокиот капитал, односно подобрената капитална позиција, како што кажа, подразбира и подобрен капацитет на банкарскиот систем за покривање неочекувани загуби.

Генералната директорка на Секторот за супервизија се осврна и на начинот на којшто се спроведува супервизијата, којшто обезбедува високо ниво на ефикасност и квалитет на активностите.

„Активностите се остваруваат согласно со пишани супервизорски процедури и практики, коишто се усогласени со најдобрите меѓународни стандарди, со што Народната банка при вршењето на супервизорската функција применува конзистентен пристап којшто е еднаков кон сите банки. Ниту една активност не може и не се спроведува од страна на еден човек. Напротив, супервизијата подразбира тимска работа. Тоа овозможува високо ниво на експертиза од различни области, но и контрола во однос на оправданоста, издржаноста и соодветноста на супервизорските одлуки. Сите одлуки минуваат низ неколку нивоа на анализа, контрола и одлучување, почнувајќи од тимовите во стручните служби, преку менаџментот во соодветните дирекции, стручното супервизорско тело – Комитетот за супервизија, помошното тело составено од вицегувернерите на Народната банка, па сѐ до гувернерот.“ – појасни Глигорова.

Таа истакна и дека банкарската регулатива и начинот на вршењето на супервизијата кај нас беа предмет на детална проверка од страна на ММФ и Светската банка.

„Проверката вклучуваше не само анализа на супервизорските процедури на хартија, туку и проверка и оценување на нивното спроведување во практиката. Од ММФ и Светската банка детално се истражи начинот на постапување на супервизијата, преку анализа на конкретни супервизорски активности и одлуки. Со задоволство можам да истакнам дека како резултат на проверката, од ММФ и Светската банка беше потврдена високата оценка за банкарската регулатива и за ефикасноста на банкарската супервизија и за нејзината значителна усогласеност со Базелските принципи за ефикасна банкарска супервизија, како меѓународен стандард во оваа област.“ – кажа Глигорова.

Во емисијата се говореше и за процесот на одобрување кредити од страна на банките и за обезбедувањето, односно популарно речено – колатералот за кредитите. Притоа, беше посочено дека никаде во светот не е забрането одобрување кредити со послабо обезбедување, но самото по себе тоа носи поголем ризик и бара поголем капитал, којшто го обезбедуваат акционерите.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија2 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија2 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија3 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки4 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија4 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија5 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија1 недела ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Одговорност за одржливост